|
||||
Приказна за Јустинијан од Скопје |
„Јас царот Јустинијан, освоив многу градови, а уште повеќе изградив, но мојот роден град е мојата најголема љубов“ Римското царство кон крајот на четвртиот век се поделило на Западно и Источно. Западното царство во вештачки граници, со вештачки јазик, вештачка конгломерат култура и градбите какви што ги граделе покорувани племињата од Рим, пропаднале под налетот на Готи, Авари, Хуни, Вандали и кој не други. Источното царство се одржало на македонската територија продолжувајќи ја македонската култура, јазик, црковно писмо, уметност, градби, обичаи. Дадено и е ново име, Византија, иако народот си е ист – Македонци. Можеби затоа што со новото име се надминати етничките граници на Македонија иако на власт биле македонски владетели. Во крајот на петтиот и шесттиот век во Таор и околните царски палати оградени со тврдини до Бадер и Скопје живеела династијата на Јустинијанови. Јустин Први чичко на Правдин преименуван во Јустинијан го повикал во Цариград да се школува за подоцна да го преземе владеењето врз целото Источно царство или поранешната Римска империја. Јустинијан уште повеќе го проширил и го обновил царството од Константин и Александар, во исти битки и на исти места го обединувал светот. Така скопската царска династија оставила траги по сите градови во Македонија. Прокопие, Јустинијановиот советник и секретар, оставил пишувани документи за сите активности на Царот, посебно за градот Јустинијана. Градот бил украсен со големи тврдини и кули, убави згради, цркви со мозаици, водоводи, базилики помеѓу реки и ридови, од Таор до Бадер и Скопје. Камениот мост под тврдините на Скопје, тука е водоводот-вијадукт и други градби насекаде, како и бројни наоди од пари со ликот на царот. Овие археолошки наоди ги присвојувале сите туѓинци што поминале низ Македонија, а тие си останале тоа што биле секогаш, само македонски и не само во Скопје како роден град на императорот туку насекаде каде што се простирало Македонското владеење. Наследството во Цариград се гледа и не застарува. Тоа е црквата Св. Софија што ја изградил Јустинијан пред 1500 години и тврдините околу градот, со триесет километри долги двојни ѕидини и уште многу сè уште видни знаменитости. Низ цела Македонија изградил уште 600 нови тврдини на градовите. На Дунав оставил други 80 тврдини со одбранбени ѕидови. Изградил епископии во сите поголеми градови како во Солун, Стоби, Еге, Пела, Стибера, Хераклеја, Бер, Ниш (Наис), Сердика, Сирмиум, Охрид. Со царицата Теодора живеел раскошен царски живот и ја одржувал царската традиција како што е прикажано на фреските во Равена со сите древномакедонски царски симболи на облека и градби украсени со сонца. Сето тоа Јустинијан го ставил во кодекс на македонското право, низ параграфи го овековечил државното, фамилијарното, приватното и православно живеење во Македонија. Со право името на најугледниот правен факултет во Македонија на скопскиот Универзитет се вика “Јустинијан Први”. Ангелина Маркус |