Среда, 15 Јануари 2014    PDF Печати Е-пошта
Ренесансата на Ѕвегорската сурова за бериќет и напредок

 

Еден од најстарите народни обичаи во Пијанечкиот крај (денешна Општина Делчево) е обичајот со маски, познат под името Сурова. Овој обичај е невообичаена процесија на културното наследство, со кое се гордеат жителите на Ѕвегор.

zvegorska-surva

Покрај Илинден, соборниот ден на Ѕвегор, Св. Василиј Велики - Стара Нова година е вториот голем празничен ден на секое семејство во селото. Пијанечкиот обичај во ова погранично село важи за еден од најстарите обичаи и се пречекува со голема радост и задоволство.

Се’ до 1950 година обичајот се изведувал во сите пијанечки населби, а по шеесетите години некако како да замрел. Само до пред десет години овој обичај се изведувал сосема срамежливо, но денес веќе доживува целосна ренесанса, со исклучок на селото Разловци. Во целиот Пијанец обичајот се изведува дење. Почнува на 13 јануари со гонење на кучињата, потоа момчињата со себе носат уште една посебно направена удиралка наре чена суроваска, со која се „удираат“ девојките, а завршува со голем карневал и заедничка гозба. Традиционално обичајот Сурова се изведува на 14 јануари (на Св. Василиј Велики), Нова година по Јулијанскиот календар. По традиција сите учесници се машки, а всушност тие со своите маски прикажуваат една свадба. Секако тука е присутна „невестата“, која е облечена во невестинска облека и прекриена со бел дуфак. Покрај „невестата“ е и „младоженецот“, а нив ги следат тројца белаци, кои се облечени во бела облека и носат голем дрвен нож (сабја) познат како кал'чка. Неизбежен е „попот“, кој вообичаено е облечен како свештеник, во рацете носи дрвен крст и кадилница. Следуваат „мечката“, која задолжителноима ѕвонец и „мечкарот“ кој ја води со јаже. Учесници се и „мајмунката“ и нејзиниот „мајмунџија“, „данокчијата“, „шеикот“, „циганите“ и „циганките“ облечени во црна облека...

Сите учесници во карневалот се познати под името суроваскари, кои заедно со нивниот одговорен белак водат посебна грижа ниедно семејство да не биде прескокнато. Се мисли дека тие носат среќа, радост, бериќет и напредок на секое домаќинство.

Како дел од народната традиција која се негува во селото Ѕвегор на празникот Свети Василиј секој жител станува рано и в раце зема метални пари и ги растресува за да се слушне нивното ѕвонење, со цел Новата година да биде богата. Потоа се изведуваат уште неколку обичаи карактеристични за овој голем ден, проследени со желба ѕвегорчани да бидат среќни, радосни и бериќетни.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.