Среда, 22 Јануари 2014    PDF Печати Е-пошта
Дафино, вино црвено...

dafino-vino-crvenoДафино, вино црвено, момчето ти е заспало на Каракамен планина, на сува рида без вода.

Ми поминале ајдути, гунчето му го украле, во меана му го продале за бела лута ракија и рујно вино црвено.

Ако му го зеле гунчето нека ми е живо момчето.

Каракамен-планина во медитеранското поднебје со непредвидливи временски услови. По сончевите блесоци на врвот на Дурла што доминира над Негушкото и Воденското Поле и се отсјајува во Островското Езеро, може еднаш да потемни од судирот на облаците со континенталната клима и надморските струења на Егејот. Да стане црна во бел ден, да зататнат громовите во планината, темните облаци да го истурат тешкиот товар, а пороите да го пронајдат својот пат до Бистрица и Арапица. Овие реки се познати, првата како меѓник на македонскиот говор, а втората по легендата, во која и денес се верува дека извира од Охридското Езеро.

Каракамен не станувала црна само од временските услови. Додека со векови им давала закрила на слободољубивите жители од овој крај, таа во темнина ги обвивала оние што поробувале, што посегале по човековото достоинство и по нивните добра. Во таа дива негостопримлива планина за туѓинецот, се пронесувала песната на комитите, шупелката на овчарите, ѕвонците на говедата. Луѓето, храбрите комити, жителите од селата сраснувале заедно со планината. Во нејзините дабови сенки, потоа под многубројните јавори кај „Свети Никола“ во Негуш, Катраница и другите рустични места, тие ја опејувале саканата планина, настаните од минатото и подоцна.

Се кажувале и се пренесуваат приказните за големото Негушко востание во 1822 година, за ослободена територија од Османлиите, за легендарните водачи, за предавството и за безочниот аскер, Негуш бил неосвоива тврдина. Бранет со успех. Но и овде се нашол предавникот. Ја прокажал тајната врата на градот. Така на 22 април 1822 година влегле Турците и го почнале невидениот колеж.

Сите бранители и машки деца ги убивале, сечејќи им ги главите. Жените со доенчињата и малите деца в раце собрани на чистинката кај водопадот на Арапица го посматрале крајот на востанието, загинувањето на своите најблиски. Аскерот се приближувал кон нив. Паѓале и последните борци.

Тогаш, една од храбрите жени извикала да го заиграат своето оро – Негушкото. Се фатиле рака за ака. Запеале. Го заиграле карактеристичниот такт на орото и придружната изведба на фигурите. Нивното „Иху“ одекнувало на крвавото боиште. Орото се извивало во круг како почит кон загинатите. Потоа се исправило се упатило кон Арапица, кон бездната, длабока педесетина метри. Се фрлале жените во понорот сами или со децата на гради. Стивнала песната го снемало орото на смртта. Останал само шумот на водопадот Арапица. Неговиот татнеж и денеска потсетува на огромната храброст, на негушанките за кои смртта претставуваше слобода, достоинство, неразделност со најблиските.

Во пазувите на Каракамен се прикажувало и се пеело не само за храброста. Присутно било секојдневието, љубовта.  А токму тука, на Каракамен е испеана една од најубавите македонски лирски песни.

Песната за Дафина, за момчето што го љубела, за својот саканик. За тој свој строен момчак што го замислувала во неговото бело гунче. За тоа што им завидувала на овците што биле со него, а таа долу во селото очекувајќи го нестрпливо да слезе со стадото, да разменат погледи и по кусите украдени средби пак да бидат раздвоени.

Моминското срце за секој миг на саканиот, за секој збор за него се растреперувало, разнежувало. И веста дека гунчето му било украдено од ајдутите ја растревожила, но набргу ја премавнала. Нека е жив тој и нека пијат ајдутите ракија и вино. И таа заедно со него и со сватовите ќе ја пие лутата бела ракија со многу анасон, што има посебен вкус. Ќе го пие и тоа вино „бруско“, киселкасто со своевидна црвена боја, која по квалитет го нема и во подалечната околина.

Песната за Дафина ја шумолат дабовите и јаворите на Каракамен. Секојдневно се пее и на свадбените и на домашните свечености и се емитува преку радиостаниците.

Од книгата „Песната и коренот“ од Никифор Смилевски, Велес 1992.

Марко Китевски
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.