|
||||
Обид за создавање на еднинствен црковно - просветен центар за Македонија |
Обидот за создавање на еднинствен црковно - просветен центар за Македонија бил направен од страна на Солунското граѓанство со цел зеднички да настапат пред Бугарската егзархија и да ги претстват своите потреби и проблеми но и да се спротистават на се` поголемото бугарско влијание во Македонија. Бугарската егзархија по нејзиното основање црковно - училишните општини во Македонија ги потчинила на својот устав, назначувајќи претседатели од својот клер и почнала со воведување на бугарскиот јазик во образованието. Меѓутоа еден дел од македонското граѓанство, посебно она кое било во егзархиската средина, се спротивставило на таквото делување. Меѓутоа граѓанството во Македонија немало свој центар кој би ги координирал барањата и би раководел со едно евентуално движење. Во 1882 година се датира еден обид за создавање на црковно - просветен центар за Македонија. Солунското граѓанство се обратило кон останатите македонските општини, советувајќи ги во иднина да не кореспондираат директно со Егзархијата, туку преку Солунската црковно - училишна општина, а со тоа требало да се создаде едниствен центар кој би требало сите македонски општини да ги претставува пред Егзархијата. Ова обраќање било поттикнато до рускиот генерален конзул Јакобсон. Тој им сугерирал на солунските првенци: ... да се обратат до макеоднските општини во внатрешноста и да ги повикаат да се обраќаат до солунската општина со што црковното прашање за Македонците може непосредно да се решава меѓу македонското населене и Цариградската патријаршија Јакобсон ги советувал солунчани да постават пред егзархот Јосиф прашањето за едностраничното назначување на претседатели на општините, директорите и инспекторите во егзархиските училишта. Егзархијата од своја страна пак истакнала дека таа се раководи со уставот од 1871 година, потенцирајќи дека и Патријаршијата раководи со општините на ист начин. Во меѓувреме биле спроведени избори за црковно - училишната општина во Солун и новото раководство побарало да се измени уставот од 1871 година и да се донесе нов во кој би требало да се гарантира општинската самоуправа. Самата солунска општина пристапила кон изработка на еден заеднички устав за сите црковно - училишни општини во Македонија. Овој нов устав би требало: да создаде ред во управувањето со општините и секој да си го најде своето место. На ваквиот проект се спротивставиле егзархиските чиновници кој биле назначени од Егзархијата и тие, според Јакобсон: исклучиво водат сметка за интересите на Егзархијата и со тоа им даваат повод на турските власти на нив да гледаат непријатели на државата Егзархот Јосиф сакал да им ја одземе самостојноста на општините и затоа не дозволувал да се донесе единствен устав за општините во Македонија. Затоа Јакобсон му препорачал на својот пратеник во Цариград да му се пренесе на егзархот Јосиф да го потврди донесениот општински устав на Солунската општина и да не го попречува самостојниот развој на општините во Македонија, бидејќи само на тој начи може да се реши црковниот спор со патријархот. Според Јакобсон: ... преземањето на општинската сасмостојност од страна на Егзархијатра може да го очае народот, и тој, немајќи друг излез од својата тешка положба, да тргне во вооружен протест против Отоманската империја, што ќе доведе до крвави репресалии над населението. Обидот за создавање на единствен црковно - просветен центар за Македонија преку уставот за македонските општини останал нереализиран но ваквиот настап на солунското граѓанство било само претеча на антиегзархиското движење кое во почетокот на 90 - те години на 19 век ќе ја зафати Македонија. Извори Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980 |