|
||||
Кукуш |
Кукуш е град во Егејска Македонија. Во 2001 година имал 16.000 жители. Тој е исто така именуван за главен град на префектурата Кукуш и главен град на една од двете локални провинции на неговата периферија. Кукуш се наоѓа 35 километри северно од Солун. Тој е расположен на една ридеста месност, која на североисток се слева со Круша Планина (Карадаг) и е сред една од најбогатите рамнини во Македонија. Го опфаќа пространството во југозападниот правец на Долновардарската низина, во подножјето на не толку високиот рид Свети Ѓорѓија, заштитник на Кукуш.
Кукуш Во последната деценија на 19 век, градот имал 12 000 жители, односно 2000 македонски куќи и 200 турски. Градот бил основан како вакафско село, меѓутоа постепено ја менувал својата народносна структура и станал типична македонска средина, во која се создале услови за развој на македонската просвета и култура. Градот одиграл голема улога во текот на македонското преродбеничко движење во средината на 19 век. Во Кукуш излезот за македонската национална самобитност бил побаран преку Унија со римокатоличката црква. Во него работеле истакнати македонски преродбеници: Димитрија Миладинов, Рајко Жинзифов, Партенија Зографски и Кузман Шапкарев. Поради својата пробуденост Кукуш бил наречен политичко гнездо, а градот бил овековечен во песната Т'га за југ од Константин Миладинов. Културно-политичката атмосфера која била создадена во родното место на Гоце Делчев, благотворно повлијаела врз изградувањето на идниот организатор на македонското национално-ослободително движење. Во Втората Балканска војна, Кукуш бил изгорен од грчката војска, и неговото население (меѓу кое е и семејството на Гоце Делчев), пребегнува во Бугарија. Денешниот Кукуш се наоѓа во близина на урнатините на стариот град. Извор: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003. Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и не |