Среда, 26 Февруари 2014    PDF Печати Е-пошта
Наум Миладинов (Миладин)

Наум Миладинов (Миладин) (1817-1895) бил брат на Димитар и Константин Миладинов.

naum-miladinovРоден е во Струга во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга. Со Димитрија тој скоро две години поминал на печалба во Дурус (Драч) во Албанија. Бидејќи имал големи склоности кон музиката, таму научил да свири на виолина. Потоа, заедно со Димитрија, ја завршил јанинската гимназија и извесно време работел како негов помошник учител.

Наумовите афинитети и дарба кон музиката ги забележале и неговите професори, па со нивна препорака заминал за Цариград. Во времето од 1841 до 1844 година студирал на Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград, каде и дипломирал на отсекот музика и граматика.

Во 1843 година тој го напишал и првиот учебник по музика кај нас, а подготвил и една грчка граматика. По враќањето во татковината Наум се вклучил во преродбенските активности на неговите браќа. Неговата собирачка дејност, е карактеристична по тоа што народните песни тој ги нотирал односно ги запишувал со нотни записи, па така станал прв македонски мелограф.

Според огласот за претплата на Зборникот, објавен во повеќе весници и списанија, во него требало да бидат напечатени и единаесет ороводни песни со ноти, кои, за жал, не се објавени во конечната верзија на Зборникот. Причините за тоа сè уште не се целосно и докрај разјаснети.

Покрај работата како учител, Наум Миладинов работел и како музички педагог. Во текот на таа работа оспособил повеќе генерации кои ќе станат наши вредни музички дејци, а најпознати меѓу нив се Ѓорѓи Икономов и Калистрат (Крстан) Санџакоски.

Неговата активност на полето на музикологијата ќе резултира со една вистински богата оставнина од музички композиции од областа на црковното пеење. Така со неговата дејност Наум Младинов ги поставува темелите на македонската музикологија.

По Берлинскиот конгрес до неговата смрт во 1895 година, заедно со семејството, како пензионер тој живее во Бугарија.

Пред крајот на животот Наум ја напишал и неговата "Автобиографија". Делови од неа се објавени по неговата смрт. Но, нејзиниот целосен оригинален ракопис, за жал, сe` уште не е достапен за нашата научна јавност.

Во 1895 година умира во Софија.

"Струга и Струшко" - 1970, Струга, д-р Душко Константинов
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.