Среда, 05 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Патување низ Овче Поле (19 век)

ovce-poleОд Штип за Велес се оди по два пата. Едниот слегува по Брегалница до Вардар при станицата Градско и од таму се излегува на Велес. Другиот пат минува преку Овче Поле. Тој постои од старо време и јас го избрав него.

На височината наречена Ежово има остатоци од древни градби. Во околината постои предание дека Ежово бил стариот град Штип. За час и половина излеговма на врвот, каде што има кула со неколку заптии кои што го пазат друмот.

Од кулата се гледа на север и северозапад широка рамнина, опкружена со мали ридови. Тоа е плодното рамно Овче Поле. Покрај ридовите се наредени села, околу кои што се гледаат лозја и ретко понекаде мали шумички. Сè останато е голо. Полето е обработено највнимателно, главно со пченица и р’ж.

Од кулата патот се дели. Едниот оди право кон север за Скопје и Куманово, а другиот прави блага кривина кон запад за Велес и постепено се спушта, до средината на полето, каде што патот минува една мала рекичка, наречена Азмак или Орла. Таа се собира во височините на север од Овче Поле во земјиштето на големото село Свети Николе (Клишели во австриската карта). Преку полето тече многу бавно од североисток кон југозапад и за време на дождови околу неа се образува блато. Кај селото Х. Беклија се впушта кон југ меѓу ридовите и се влива во Брегалница.

Половина час откако ја минавме реката, дојдовме до село Сарамсаклии. Таму сретнавме трговци кои имаа собрано околу 1000 брави, овци и кози за да ги носат во Грција. Сточарството во Овче Поле е многу добро поставено, тука и Tурците и домашните имаат добри стада.

На запад почнуваат мали возвишенија и месноста станува брановидна. Ридовите на југ од полето се многу убави. Особено впечатлива е долината по која што реката се спушта кон Брегалница.

Патот бавно се качува по полегнатите ридови и криви се повеќе кон југозапад. Го минавме селото Урфалие, прегазивме мала притока на реката Орла (Орелска река) и дојдовме до селото Туртолие. Мина едвај четврт час од тоа последно село на Овче Поле, и почнаа да се гледаат Велешките лозја. Најпосле бевме над раскошната Вардарска долина…

Васил Кънчов  (Избрани произведения. Том I. Издателство “Наука и изкуство”, София 1970)

Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница (1894-1896)
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.