Среда, 12 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Oбичајот „Четрсе“ ставен на репрезентативната листа на УНЕСКО

Националната комисија на УНЕСКО на 2-7 декември 2013го одбележа воведувањето на првото добро од Македонија на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО – ритуалот „Четрсе“.

chetrse-unesco-lista

Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Св. 40 Маченици на 22 март, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар, попат се поздравуваат со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник.

Генералниот секретар на Националната комисија на УНЕСКО Лидија Топузовска истакна дека Македонија има бројни нематеријални културни добра и очекува дека „Четрсе“ ќе го отвори патот и за другите две апликации поднесени во 2011 година – машкото соборско оро „Копачка“ од делчевско Драмче кое, исто така, е во трка за влез на репрезентативната листа, и долнополошкото двогласно машко пеење „Гласоечко“ кое аплицира за актуелната листа – за ургентна помош на добра кои се во опасност од згаснување.

- Нематеријалното културното наследство во Македонија се негува со векови и се пренесува со генерации. Таа претставува милје на богат извор на најразлични форми на изразување и практикување на нематеријалното културно наследство. Ова е голема чест, привилегија, но и обврска за нас, да се најдеме на листата на УНЕСКО како ремек-дело и универзална вредност што сега, по впишувањето, официјално станува дел од светското нематеријално културно наследство, рече Топузовска.

Апликацијата била подготвена во соработка со Општина Штип и со помош на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, чиј директор, етнологот Зоранчо Малинов, истакна дека е горд зашто е штипјанец кој и самиот го практикувл обичајот и зашто првото добро од Македонија е заштитено во неговиот директорски мандат.

Ивона Опетчевска-Татарчевска и Велика Стојкова-Серафимовска ги пренесоа впечатоците од прогласувањето во Баку, информираа за сложениот процес на аплицирање, кој подразбира архивирање и научно документирање, пополнување специфични формулари со стриктни прашања, како и критериумите кои секоја година се заоструваат.

- Значењето на овие добра е големо, иако не можат да се видат. Тие траат од времето кога почнува создавањето на културните идентитети. Впишувањето на „Четрсе“ е историски чин со кој УНЕСКО ја признава македонската култура и идентитет, што е особено значајно во овие времиња. Ова донесува многу бенефити и е можност за Штип да се брендира, истакна Стојкова-Серафимовска, истражувач во Институтот за фолклор.

Таа апелираше до носителите на духовни добра (како занаети, карневали…) да поднесат иницијатива до Националната комисија на УНЕСКО и кај другите надлежни институции за да се впишат повеќе добра од Македонија на светската листа.

Најмногу (десетина) нематеријални добра има заштитено Хрватска, од која Македонија добила помош за своите апликации, а Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се уште немаат добра на репрезентативната листа, на која од цел свет се заштитени 281 добро. Покрај самостојно, Македонија е вклучена и во заедничка апликација – за празнувањето на Ѓурѓовден, а ќе учествува уште во две мултинационални апликации – „Мартинки“ и „Анегдотите на Настрадин-оџа“.

cOoLTuRa
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.