Среда, 12 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Од минатото на Струга

stara-strugaКулата и саатот

Во Струга имаше кула. Таа се наоѓаше кај сегашниот безистен. Беше во скромни димензии: 4 х 4 м. висока (со чатија) 6 м. Од четирите страни имаше полукружни прозори. И влезната врата беше полукружна. Ќошовите на ѕидовите беа од делкан бигор.

Саат – кулата беше зад сегашната општинска зграда. Тука беше и пазарот за жито, млечни производи и зеленчук, а малку понастрана и Мас-пазар.

Двете кули (кулата и саатот) се урнаа во зимата на 1944/45 година.

Трошарини

Трошарина (дулија) беше капија (царинарница, наплатна станица) на која се наплаќаше одредена такса за се што се носеше за продажба во Струга. Во Струга имаше три трошарини, т.е. на трите главни влеза во градот. Тие беа направени на тесни места низ кои единствено можеше да се помине за влез зашто настрана имаше вода и големи ендеци.

Една трошарина имаше кај Мала Мера (кај сегашните христијански гробишта), втора при влезот откај Охрид (кај сегашните муслимански гробишта) и трета кај Сточен пазар (Св. Петка, Мал Дрим, кај Далјан Маала).

Трошарината се плаќаше според вредноста на токата што се носи на продавање. За платеното се добиваше билет за да може слободно да се продава. При контрола, се покажуваше тој билет.

Трошарината ја откупуваа поединци од Општината за време од една година.

Имаше негодување против трошарината, па пред парламентарните избори во 1938 година кандидатите ветуваа нејзино укинување. И навистина по изборите давачката трошарина се укина.

Градот Струга светна во 1950 година

Целиот град Струга со електрична енергија светна во 1950 година. Тогаш се воспостави електрична мрежа. Дотогаш во Струга осветлувањето беше со газиени ламби, се што се работеше беше рачна изработка.

Прв обид за електрично осветлување се направи меѓу двете светски војни. Се донесе електромотор. За негово движење, се прегради Дрим за вода од него да оди на источната страна од чаршискиот мост. Со него можеа да се полнат само акумулаторите на неколкуте такси – возила и трите мали камиончиња колку што ги имаше во Струга до крајот на 1940 година.

Во 1942 година Италијанците донесоа нов агрегат. Се постави во близина на црквата Св. Ѓорѓија за потребите на тогашното кино кое беше сместено во старото училиште. Додека работеше киното, односно додека се прикажуваше филмот, во близината на црквата светеа двете поставени сијалични места. Со агрегатот раководеше Русинот Макаров, а му помагаа двајца стружани. Вака беше до 1948 година.

Поголем агрегат се донесе во 1948 година. Се постави во новоизградената хала наспроти црквата Св. Димитрија. Тоа го викавме електрична централа. Од таа централа беа осветлени општината, чаршијата и неколку државни дуќани и тоа повремено. Така беше до 1950 година кога светна цел град.

Кога ќе се има во вид дека се до 1950 година што го правеа сите занаетчии (кујунџии, чевлари и др.) и везачките е правено на рака, само на дневна светлина и на светлина од свеќа, од газиена ламба, дури и на светлината од огништето и од борина, може да се долови под какви услови се создадени извонредните остварувања што биле ценети на европските пазари. На газиени ламби и младите стружани учеа, организираа седенки, игранки и сл., но по своето културно однесување беа на завидно ниво.

Струшките Шкодранци

Интересот на стружани за населување на градот Шкодра (Скадар) бил голем и дамнешен поради морето и патиштата што од таму воделе кон Струга и натаму. Сите стоки и од и до пристаништето со каравани ги пренесувале стружани поради нивната способност и чесност.

Струшката колонија во Шкодра била голема и добро организирана. Нивното здружение организирано го помагало родниот град Струга. Посебно ја помагале струшката црква и струшките сиромашни фамилии.

Шкодранското струшко здружение во Струга купило 8000 метри квадратни земја. Неа и ја подарило на струшката црква Свети Ѓорѓија. Таа површина се викаше Шкодрански Бавчи. Црквата тие бавчи ги даваше бесплатно да ги обработуваат сиромашните луѓе од Струга. Така беше до 1946 година, кога тогашната власт го одзеде тоа земјиште. Сега таму има игралиште и населба.

Струшките трговци од Струга и од Шкодра на својот пат имаа прифатилишта/анови во Тирана, а поголем ан во Елбасан. Овој пат продолжи да работи и од 1941 до 1944 година. Превозот тогаш беше со камиони. Превозник беше стружанецот Ристо Шлеро на релацијата Шкодра – Струга и обратно. Од Струга стоката го продолжуваше својот пат до соодветната дестинација со малиот воз.

Сообраќајната врска Струга – Шкодра прекина по воспоставувањето на комунистичкиот режим во двете држави, а со тоа прекина и врската меѓу струшките фамилии од Струга и од Шкодра. Посебна штета беше што во тој период не постоеше ни здружението на шкодранските стружани.

Во периодот 1991-1993 година петпати бев во Елбасан. Настојував да ја откријам локацијата на која бил големиот струшки ан. Тогаш постоеше интерес од елбасанска страна за содржајна соработка со Струга, но за тоа не покажаа таква желба струшките моќници.

Незаборавна ми е средбата со една стружанка во Елбасан во 1993 година кога бев со ќерката Блага. Старата стружанка од радост плачеше зашто од 1948 година првпат гледа стружанец. Тогаш претседателот на Елбасан Аргир не прошета до Шкодра. Таму најдовме стружани од струшката колонија. Трогателна беше средбата и разделбата и со нив.

Според книгата „Записи за минатото на Струга, Второ (дополнето) изданние, од Јоне Кленко, Струга 2008.

Марко Китевски
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.