Среда, 02 Април 2014    PDF Печати Е-пошта
Петте средновековни цркви во Кичево

crkva-kicevo

Малку позната, но доста интересна е историјата на нашиот град. Многу малку се знае за староградските обележја од кои денес повеќето не постојат. Малку кичевчани знаат за некогашните цркви кои постоеле во Кичево. Сите се урнати во турболентните времиња по доаѓањето на османлиските Турци на овие простори (1385 година) кои донеле различна култура, нови обичаи и различна вера. Такво било времето. Пишаните документи регистрираат најмалку 5 цркви кои се наоѓале во самиот град Кичево.

Црква Свети Димитрија Се наоѓала во близина на Калето и била гробна црква. Денес не постои. Последниот пишан запис за постоењето на оваа црква е од 1706 година. За ова, Илија Велев забележува:

(Црква Свети Димитрие) Кај Кичево. Во 1706 година Димитрие Петров од Кичево отишол во Русија да бара помош за доградување на црквата.

Ова зборува за лошата состојба во која се наоѓала. Веројатно потоа е урната, а на нејзино место се изградиле други објекти и црквата паѓа во заборав. Претпоставувам дека ова е еден од најстарите христијански храмови во Кичево кој датира од поодамна, со оглед на староста на Кнежинскиот манастир и појавата на христијанството на овој простор. На просторот на кој била изградена претходно постоеле пагански гробишта. Со прифаќањето на христијанството  тука е изграден храм, а на гробниот простор почнале да се погребуваат и покојници – христијани. Не е познат нејзиниот изглед, дали била еднокорабна или трокорабна базилика. Не се познати периодите на обновувања, кои сигурно ги имало со оглед на временскиот распон. Не е познато дали пред неа на истото место постоел пагански храм кој потоа бил урнат и на истото место била изградена црквата. Науката треба допрва да ја лоцира и да го тргне превезот на мистеријата околу постоењето на оваа градска црква која исчезнала во XVIII век.

Црква Свети Апостоли Петар и Павле Денешната црква е изградена врз темели на постара црква чие име не е познато. Во олтарниот дел на денешната црква откриени се темели на постар објект. Во околината на оваа црква имало гробишта. Плочата која е поставена пред влезната врата на денешната црква е всушност надгробна плоча. За жал не е читлива, барем не од страната која се гледа. Не е познато кога е изградена, но урната е веројатно во периодот по доаѓањето на Османлиите на овие простори (Турците го заземаат Кичево во 1385 година.). Денешната црква Свети Апостоли Петар и Павле е изградена во 1907 година. При реконструкцијата на улица во чаршијата беа пронајдени остатоци од скелет како и еден стар бунар во нејзина близина.

Црква Свети Ѓорѓија Во книгата на Др. Илија Велев „Средновековни цркви и манастири во Македонија“ наведено е нејзиното постоење и се наведува дека е во непосредна близина на градот. Оваа црква не е иста со Кнежинскиот манастир, туку е посебна. Црквата е богато дарувана од српскиот средновековен владетел, Милутин, кој на ваков начин се обидел да ја добие наклоноста на локалното население по завземањето на Кичево од страна на Србите во периодот 1282-1295 година. Не е познато времето на градба на оваа црква. Урната е веројатно во османлискиот период.

Црква Света Петка За оваа црква се знае нешто повеќе, а се шират и многу легенди. Црквата опстојувала на просторот на денешната Џамија Султан Бајазид (позната и како Џума џамија), во истоименото Џума маало. Не се знае точниот периот на изградба на овој храм. Црквата Св. Петка, како и црквата која се наоѓала на местото на денешната Св. Апостоли Петар и Павле се наоѓаат на прастариот пат кој водел од Скопје и полозите, преку Буковиќ, низ Кичево, кон Прилеп на исток и Битола и Охрид на југ. Постоењето на оваа црква е зачувано во меморијата на локалното население, како и потврдено со археолошки сондирања на теренот на денешната џамија, при што во делот на тулбето се откриени темелите на стара црква. Сондирањата се изведени од кичевскиот музрј. Самата џамија, т.е. џамискиот објект не лежи врз темелите на црквата, како што се претпоставувало, туку изграден е во близина на рушевините на старата црква, при што постои веројатност да е користен истиот градежен материјал. Црквата е урната во периодот помеѓу 1385 и 1402 година, но најверојатно помеѓу 1395 и 1402 година. Ова го давам како претпоставка бидејќи овие краишта потпаднале под турска власт во 1385 година, за време на владеењето на Крали Марко, но бидејќи Крали Марко бил вазал на Турците, неговата држава, а со тоа и верските слободи и храмови, биле поштедени од директно турско влијание. Крали Марко загинал во 1395 година во битката кај Ровине каде се борел заедно со османлислката војска на султанот Бајазит Илдирим (Молња). По неговата смрт, неговата држава целосно потпаѓа под власта на османлиските Турци, а со тоа и на нивната волја. Султанот Бајазид, пак, бил заробен во 1402 година во Ангорската битка и дотогаш и владее со царството. Ако се земе предвид дека џамијата го носи неговото име (Султан Бајазид), тогаш уривањето на црквата Св. Петка треба да се лоцира во периодот по загинувањето на Крали Марко (1395) и заробувањето на Бајазид Илдирим во ангорската битка (1402). Не е познат нејзиниот изглед.

Црква Свети Атанас

Се споменува во книгата на Др. Илија Велев кој користи постари извори. Раскажува:

(Свети Атанас) Црква село К’рчово, по горното течение на демирхисарската река Белица, североисточно од Демир Хисар. Постои напис каде што пишува дека „Дука Врана“ ја изградил крепоста по настојувањето на Цар Калојан. Црквата била во урнатини, но месното население одело таму на денот на Св. Атанас, на тој начин запазувајќи го култот на овој црковен споменик. Црквата ја посетил и Стефан Верковиќ.

Царот Калојан Асен (1197—1207) бил бугарски цар кој по ослабнувањето и првиот пад на Византија загосподарил со овие краеви. Тоа било пре 900 години што значи оваа црква со сигурност може да се каже дека пишано е најстара за која се знае во Кичево, по манастирот Свети Ѓорѓија (IV век). Од написот се гледа дека Кичево во тоа време било мало место, кое веројатно страдало во војните кои биле чести 200 години пред тоа, па и тврдината/крепоста (Китино Кале) била во лоша состојба па се налагало нејзино обновување. Најинтересен е фактот за постоењето на црвка Свети Атанас. Нејзината локација, според постариот запис била во Кичево, што значи во близина на калето, бидејќи и градот бил под него. Можеби и на самото кале. Како црква во урнатини постоела и пред околу 150 години кога фолклористот Стефан Вељковиќ го посетил ова место. Оттогаш црквата не се споменува.

Покрај овие 5 цркви, можно е постоењето на најмалку уште една и тоа сместена на Китиното кале, доколку последната не е идентична со таа на калето. Одлика на поголемите средновековни тврдини (кастрони) во кои спаѓа и Кичево (Китино кале) е постоењето на цркви во рамките на бедемите и тоа прилично богати. Поради тоа што не се извршени никакви ископувања на калето, постоењето на црква е само претпоставка. Дали градот имал повеќе од овие 4 цркви? Досега историската документација не дала одговор. Секако, постојат легенди кои кружат помеѓу народот. Градот Кичево во средновековието броел околу 4000 жители, а во времето на првите турски пописи (околу 1420) населението броело околу 2000 христијани и 480 муслимани, додека во селата во целиот кичевски регион вкупното население изнесувало околу 19 000, сите од православна христијанска вероисповед. Исламизацијата на населението во овие краишта се случува помасовно од 1520 година, со прогласувањето на султанот Селим II за врховен Калиф во Каиро.

Користени се податоците дадени во книгата на Д-р Илија Велев, „Средновековни цркви и манастири во Македонија“ и книгата на Тома Смиљаниќ – Брадина
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.