Среда, 04 Јуни 2014    PDF Печати Е-пошта
Ренесансата почнала од Македонија

“Ренесансата во Европа започнува со фреската на Богородица во црквата Перивлепта, Охрид“.

vasilka

Поглед на живописната Фиренца од Piazzale Michelangelo. Во позадината се гледаат катедралата Santa Maria del Fiore чија купола ја направил Брунолески, како и камбанаријата веднаш до неа дизајнирана и изградена од Ѓото

Ренесанса – препород на уметноста и науката. Сите знаеме од каде почнал во раниот 15 век еден од најбогатите периоди во историјата на уметноста, кога земја како Италија се ослободила од феудалните окови, а збогатувањето на градовите Фиренца, Сиена, Венеција и Џенова овозможило брз развој на сите облици на културата која за разлика од порано почнала да станува сопственост на се` пошироките кругови. Во историјата на уметноста како предвесник на ренесансата се смета Ѓото (Giotto 1266-1337), уметникот кој успеал да ги надминевлијанијата на вкочанетата византиска иконографија толку присутна кај сликарите од 13 век и на човечкиот лик да му внесе живост и продуховеност.

Доста често во книгите кои го покриваат овој период кој кај нас се поклопува со византиската уметност, се споменува и фреската “Оплакување на Христос” од црквата Св. Пантелејмон во Нерези (1164) како концепциско решение кое претходи на ренесансата, пред се` заради внесувањето на емоции кај личностите во сцената, нешто што се коси со каноните на византиската иконографија. Споредбата на генијалните но непознати нерешки мајстори со Ѓото, само по себе го наметнува прашањето на ренесансните елементи во ова сликарство.

mediterane

Пред извесно време едни мои пријатели кои имаат можност малку повеќе да престојуваат во Франција, ми ја покажаа “L’art de la Méditerranée – Renaissances en Orient et en Occident, 1250-1490“, книгата на Тања Велманс (Tania Velmans) специјалист по византиска уметност и директор на истоимениот оддел во рамките на CNRS (Centre National de la Recherche Scientifique). Оваа книга е прилично популарна и се продава во сите музеи и книжарници низ Франција, вклучувајќи го и Лувр. И немаше никогаш да го напишам овој пост доколку листајќи ја, на самиот почеток не ја забележав на цела страна фотографијата на “Успение на Богородица” од црквата “Св. Богородица Перивлепта” (1295). Под неа го пишуваше следниот текст – “Ренесансата во Европа започнува со фреската на Богородица во црквата Перивлепта, Охрид“.

Би било пренагласено доколку кажам дека сум изненадена како до сега овој факт не сум го сретнала кај византиските историчари на уметноста, посебно домашните, во пишана форма, ниту пак сум слушнала или прочитала било каква релација на фреските од оваа наша позната црква со правец каков што е ренесансата јасно и гласно во јавноста. Според зборовите на мојот професор кој ми предаваше Византиска уметност на факултет и кој е одличен познавач на византиската уметност, академикот Цветан Грозданов, она што е карактеристично за фреско сликарство во Перивлепта е динамиката во композицијата, драматиката и реализмот. Фрескоживописот го извеле познатите зографи Михаил и Ефтихиј кои напуштајќи ги нормите на фреско сликарството дотогаш присутно во Византија почнале да творат на начин кој на фреските им оставиле свој карактеристичен печат. Но дали е тоа така?

art

Неверојатно е колку малку се познаваме. Tреба да вложиме напор и да почнеме да го вреднуваме она што го имаме како аманет од генерациите кои живееле и твореле на ова тло, бидејќи во меѓувреме поради спороста во конзервацијата и заштитата на иконите, дозволивме на Первивлепта да и се закани трајно уништување. За среќа, светот знае да го почитува и популаризира заедничкото културно наследство, а тоа вели дека: фреската “Успение на Пресвета Богородица” од црквата Пресвета Богородица Перивлепта (Охрид) е зачеток на еден правец кој во Европа ќе се вообличи дури после 2 века. Патувањето од истокот кон западот било споро. Да не дозволиме со исто темпо да се движи и нашата перцепција кон минатото!

Објавено на 16 февруари 2010/ автор Археоблог

Припремил: Димитровска Василка,

магистер по археологија и основач на ХАЕМУС

www.arheo.com.mk

Твитер профил: @Arheoblog

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.