Среда, 11 Јуни 2014    PDF Печати Е-пошта
Исхрана на древните Mакедонци - Теракотни и керамички садови (2 дел)

Ангелина Маркус

Огништата, грнците, чиниите, чашите носат македонски белег на себе. Грне со една и две рачки направено во вид на афион (мак), на печурка, животински глави, на тело или амфора во вид на жена или женски гради. Каква имагинација: да пие вода од сад во форма на гради и да го замислува мајчиното млеко. Да пие вино од чаша со графеми на писмо или македонски штит со стилизирани сонца. Не се знае кој бил поголем уметник, тој што го создавал или тој што го користел предметот кога се јаде или пие.

sadovi-glavi
Садови во вид на глави од животни

Околу огништето култ на предмети. Предмети за украс и за храна. Самото огниште оградувано со камен, ем украс, ем фунцкција. Попрскани со вода топлите камења ја загреваат неолитската куќа како со парно греење и тоа е видено во Македонија.

Времето на керамиката ни го претставува творечиот ум во вид на геометриски шари, цртежи од животот на земјоделието, ловот, божествата и космографијата. Имаме садови во форма на птици или цртежи на птици, билки и други животни. Знаците, симболите, пораките ги поврзувале луѓето во една македонска надареност со иста кујна што го изразува целото живеење. Се` било обмислено, синхроно да делува како календар за полски работи, празнување и наздравување. Обичаите создавани со милениуми се присутни насекаде.

sadovi-muzej
Дел од поставката на Музејот на Македонија

По археололошките ископувања изобилство од керамика и по некое грне со парички. Во едни исти депоа исти пари, исто оружје: меч, копје, штит, шлем на македонски воин, исти садови за иста намена, иста грнчарија од рацете на истите Македонци. Голема е возбудата за сознанието на тоа што е архо, археолошко, античко наследство на древните Македонци. Голема е возбудата со очи да ги видиш, со раце да ги допреш предметите на нашите луѓе што ги правеле и употребувале низ долгиот период на историјата.

pecka
Древно огниште и печка со садови

Некои такви предмети исти се со днешните и на ист начин се употребуваат во секоја македонска куќа. Не треба да ги бараме во музеите, се` е врежано во нашето исконско сеќавање и денешното живеење. Многу древни рецепти низ генераации стигнале до нас, не` допреле и не` освоиле. Синџирот се должи и обновува секои 200 години. Тоа што сум го слушнала од дедо ми Веле за татко му Ристо и дедо му Димко им го раскажувам на моите деца и внуци. Тоа е знаење пренесувано од 7-8 генерации, тоа се имиња генерациски повторувани од Библијата во секоја фамилија.

Баба ми Митра киселеше млеко во грне и без да ја измие мајата утредента сипаше ново млеко и така вкусот си остануваше секој ден ист. Ги паметам рецептите од баба ми и верувам дека тие по пат на сеќавање допреле од давнина. Знам да ја направам чорбата со коприви. Тој рецепт ми е од детството:

Рано напролет одевме да собираме полжави дури се запечатени да не се лигават. Потоа секое дете ја дополнуваше торбата со врвови од млада коприва. Во котле на пирустија тивко се варат исчистените полжави. Се додава малку ориз и млеко, а на крај се додава копривата. Се прелива со изматени јајца во кисело млеко и се остава да остини. Од црепна се вади погача и се руча со тоа што дал Господ. Домаќинката е тој господ во куќата.

Наследено е и знаењето како да се хранат здрави генерации. И сеуште се готви во глинени садови. Понекогаш од лозница ќе скинам ластер, ќе го излупам и ќе го изедам. Тоа ми остана од детството, кога не` носеа на лозје. Седнати на чергиче, децата мали за работа, ги лупевме и ги јадевме ластерите со леб и пресно сирење. Поткршувањето на лозјата се прави за да заврзи родот, да не бега силата. Ајде јадете, ни велеа, ќе растете како лоза и не одете во долот во кој пливнала змиска трева, да не се расонило некое живинче (змија). Сите спомени од детството ми се свежи, затоа сега можам да споредувам за принципот во исхраната на Македонците дека била иста, свежа и готвена и послужувана во слични садови. Се` било во основа на варење во грнци и друга керамика, како и сега кога се подготвува тавче гравче или селско месо.

Свежото овошје како и сега се јадело како: грозје со леб, домат со леб, лубеница со леб, диња со леб, сливи со леб за да не боли стомак. Смоквите и маслинките се јаделе така, без ништо, ни варени, ни печени, ни сторени.

Многу слики, мозаици, цртежи, садови и орудија ни раскажуваат за тоа која традиција била исхраната. На едно место се откопува камена секира, теракота и керамика, бронзени и сребрени котлиња, тепсии, комплетни есцајзи, златни чинии, чаши и бокали што ги употребувале Македонците и другите надори што биле во атарот на Македонија. Аукциските куќи тргуваат по светот со македонски артефакти. Секој предмет пријавен од непознат локалитет вреска: „Од Македонија сум од центарот на светската култура“. Статуи, стакла, монети, накит, икони, керамика, си ги знаеме наши се, ги притајувале за шиткање, можеби еден ден се` ќе се обелодени. Доволно е да се признае.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.