|
||||
Дилан Богдановски ја прими картатa за Македонија |
Претседателката на Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс, Жаклина Михајлова, на брановите на Радио Програмата “Глас од Македонија“свечено ја врачи наградата – Карта за патување до Македонија , на Дилан Богдановски. Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс, секоја година доделува Награда- Карта за Македонија, на ученик кој најмалку пет години , во средното училиште го изучува македонскиот јазик. Дилан Богдановски беше најсреќен матурант кога на Матурската вечер, минатата година , беше извлечено неговото име како добитник на наградата. Дилан неделава замина во Македонија. Примајќи ја Наградата, тој се заблагодари на Македонскиот Просветно Училишен Одбор, а на слушателите им порача дека е многу корисно да ги носат децата на македонски јазик. Спред неговото искуство, поените добиени по македонски јазик значително му го покачија просекот и му овозможија да се запише на саканиот факултет за учители, а најважната придобивка од посетувањето на наставата по македонски јазик му се другарите и другарките од македонско потекло, кои што ги стекна во училиштето. Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ и годинава ќе додели карта за Македонија, на еден матурант кој што го изучува македонскиот јазик. Сите овие активности Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс, ги организира со цел да го зголеми бројот на учениците кои што го изучуваат македонскиот јазик. За повеќе информации околу изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс погледнете ја нашата Веб-страница: www.masedonianschoolcouncil.org.au или нашата фејсбук страница: masedonianschoolcouncilofnsw |