|
||||
Библијата како средство за ублажување на духовна болка |
Мојата цел со овој напис не е да ја промовираме Библијата како средство за ублажување на духовна болка! Напротив - како животворен еликсир на животот. И не само метафорички и фигуративно,туку практично и функционално. Промовирањето на Библијата е релативно ново кај нас. И покрај распространетиот впечаток , дека ни е познато за што се работи , сепак присутна е една искривена слика низ призмата на интелектуалниот естаблишмент, кој впрочем е креатор на јавното мнение , но и самиот тој естаблишмент е креиран во комунизам - што ќе рече во атеизам. Тука пред се мислам на представата за Библијата како за апстактно застарено четиво, наспроти конкретните соц-реалистички достигања во бетон и челик. И што ни се случи - пад на комунизмот , а со тоа и пад на целокупниот дотогашен вредносен систем. Влез во ново време и нов општествен систем со стар тип на лидери, воспитани во друго време и во друг дух. Последиците од управувањето на тој застарен тип на интелектуалци ги гледаме во изминативе 18 години. Поради сево ова, чувствувам дека е време за создавање на нов тип на интелектуалци, кои нема да бидат само парцијално изградени со стручни познавања од својата област, туку комплетни луѓе со здрав морален систем во кој највисока вредност ќе биде Господ Бог. Точно така! Господ Бог како највисока морална вредност , како што е впрочем во сите развиени западни демократии. А ако некој мисли дека претерувам во тоа што велам дека Господ Бог е највисока вредност во Европа, нека ги погледне добро знамињата на државите пред зградта на ЕУ: На најголем број од нив има крстови. И не само како симболизам, туку еве и еден конкретен пример: Ирско економско чудо: Проучувано и копирано (неуспешно) во многу земји но само од економски аспект со занемарување на еден многу битен момент - Ирската црква и менталниот склоп ма ирскиот човек како продукт на истата таа црква и нејзината доктрина. Токму менталните и морални карактеристики на Ирецот, кои што се развивани во рамките на ирското конзервативно семејство, изградено во духот на најдобрите христијански традиции, се клучните фактори кои довеле до она што се нарекува Ирско економско чудо. Тоа се факторите кои од малата и сиромашна островска земја, која со векови била под Англиска окупација, направија економски тигар! Во минатото чести биле вицовите и невкусните шеги, на сметка на ирската традиционална приврзаност кон библиските принципи, нивната длабика побожност и многудетните семејства. Денес кога е јасно дека токму тие се принципите на кои се базира нивната економска моќ, никој не се осмелува да се потсмева на нивните традиционални христијански вредности. И сега некој ќе праша: Па што , зарем некој таму во некоја далечна земја верува повеќе во Бога или подобро го познава? Не знам. Но еден христијански светител рекол: “Кој не го познава словото (Библијата) тој не го познава Бога! “ И колку од Вас ја прочитале Библијата и уште повеќе ја проучиле?! Во колку македонски семејства Библијата завзема централно место во воспитувањето на децата? Имам некое горчливо чувство дека на Библијата сеуште се гледа со сомнение за нејзината веродостојност, како на нешто изживеано, победено со дарвиновските докази на соц-реализмот. Или да симплифицирам: Библија читаат и ја сметаат за релевантна само неуки “сељаци” наспроти културно-политичкиот џет-сет (од комунистичка провиниенција-разбира се) кој што, се видел, се прошетал и се знае! Колку е сеуште присутен одвратниот здив на комунизмот во нашите домови! Да - ние сме христијански народ и славиме многу светители на православни домашни слави од кои си одиме прејадени и најчесто пијани без да знаеме кого славиме. Токму за тоа е овој текст -за Библијата и за пораките кои таа ги носи. За упатствата содржани во неа како да си помогнеме на индивидуален, но и на колективен-национален план. Затоа што индивидуалната вера во Бог мора да има поширока рефлексија на општественото живеење и дејствување на поединецот! Во времето во кое живееме неизбежно се наметнува општоприфатената теза: Живееме во турбулентни времиња. Но турбулентни биле времињата за Македонецот одсекогаш. И никогаш не очајувал, никогаш не се откажал. Секогаш со верба во Бога, во војна И во мир, во добро И во зло. Не случајно најсветлите ликови од нашето колективно сеќавање -личностите од Илинденскиот период, заклетвата за верност кон Македонија ја полагале со целивање на кама И револвер, положени на Библија, како симболично сведоштво за присуството на Божјиот збор во нивните идеали. И иако денес се нови времиња, одговорите на актуелните прашања повторно се во книгата, врз која се колнеле нашите дедовци. Кои се тие прашања? Доволно е да се отвори само еден дневен весник и да се најдеме сред куп навидум нерешливи енигми. Ке прочитате: Неисплатени плати во индустријата... Апостолот Павле, во своите посланија, вели: “Не врзувај ја устата на вол што врши, работникот ја заслужува својата плата! Не по милост, ами по долг”! Или во законите на пророкот Мојсеј: “Наемнината на работникот не смее да преноќи кај тебе! Дај му го она што го заработил до крајот на денот”. Или затајување на данок... На искушувањата од фарисеите, дали да се плаќа данок, Исус одговара: “Дајте го на царот (државата) она што е негово, а на Бога дајте го она што е божјо”. Околу последниве две сериозно нека се замислат дебеловратите македонски квази-бизнисмени, кои лицемерно клечат по црквите, а целата нивна финансиска моќ е заснована на неисплаќање плати и затајување на даноци. Неквалификувана и необразована работна сила... Напишано е во Библијата: “Покажувајте ревност кон нови знаења, а јас ке ви показам уште подобар пат до нив”! Мрзливост... Напишано е: “Кој не работи, тој нема ни да јаде”! Педофилија... На едно место во Библијата Исус седнува мегу една група деца и им порачува на присутните: “Гледајте колку се чисти и невини! И кој ке повреди само едно од нив, тој се дигнал протв мене”! Ова се само неки од принципите од кои треба да се водиме во секојдневното живеење. Тоа треба да се основите на нашиот морален кодекс. Демократијата значи слобода на дејствување. Но тоа дејствување, покрај тоа што треба да е во склад со законите на дрзавата, треба да е и во склад со законите на Бог, вградени во нашиот морален кодекс, закон на нашите срца -за да се оствари она што е напишано: Ке им испратам закон не запишан на камени плочи, туку закон запишан во нивните срца! Оливер Димитриевски |