Среда, 09 Јули 2014    PDF Печати Е-пошта
Исхрана на древните Mакедонци – Храната во древна Македонија (1 дел)

Ангелина Маркус

Ако сакаме да зборуваме за здрава храна што дава енергија за децата во растење, за воинот и народот треба да идентификуваме што имало тогаш за јадење од древнина до сега. Што исчезнало, што преживеало, што се изменило. Основа на се` во исхраната било и е лебот и виното, тоа што од Македонија отишло како причест во христијанскиот свет. Тоа значи житата и овошјето. Да не ја заборавиме и рибата во Тајната вечера на апостолите. Тоа значи јаглехидрати, витамини, минерали и протеини, каков што е составот и на денешните јадења.

Во многу неолитски наоѓалишта крај огништата во садови се наоѓа жито. Во многу градови, исто така, житото е присутно како храна за на оној свет. Треба да се разјаснат и многуте вотивни садови присутни во гробницата на Филип II. Некогаш гробовите раскажуваат за професијата на луѓето, за болестите, за храната, за религијата.

Во гробовите на воините има оружје, кај лекарите инструменти, кај децата играчки и кај сите траги од храна што вирее на тие простори. На надгробните споменици покрај ликовите на цели фамилии се гледаат садови за напивка, по некое дрво, цветови и релјефот на коњот, кучето и змијата. Лицата се од белата раса, од Македонците што живееле на трите континенти. Вирееле сите житарки: пченицата, оризот, овесот, `ржта, сојата и разни други зрнести билки од кои се правеле брашна за каши и леб и додаток во манџи.

prigotvuvanje-na-leb-1
Приготвување на лебот

Интересен е податокот дека пченицата била храна за робовите и слугите, а со овес се хранело племството и царските фамилии. Зоб од сите жита била храна за коњите. Кучињата и мачките грицкале коски околу трпезата и често се гоштевале и со понекоја уловена птица. Најбогати описи за храната и најдобри докази ни дава Хомер. Како се ора земјата за посев, како се жнее житото, како се меле или толчи зрното, како се пече лебот и во кошница се носи кај аргатите во поле. И со археологијата дознаваме многу за исхраната. Описот на билките и овошјето се чест мотив во мозаиците, на венците и постаментот на скулптурите и во разни артефакти каде што ловорот, лозата и цветовите се често присутни. Тоа ни кажува за местото и улогата на лозата, како пијалок, за ловорот и како зачин, а цветовите како лек и напивка. Мозаикот со Флора е предаден со најголем сјај на бои и цветови под влијание на македонските музи во Помпеја. Под пепелот на Везув во палатата на Паунот сочуван е мозаикот на Александар со фалангата во бобрба со Дарие, единствен портрет како ѕидна фреска, преживеан од тоа време.

tava-za-przenje
Тава за пржење јајца 2000 години во употреба

Во првите години по Христа сите римски градови се исти како македонските. Тие презеле се` од Македонија па кога зборуваме за Помпеја се` што е конзервирано и сочувано ги потврдува македонските карактеристики на живеење. Исти се палатите, парковите, кујните, садовите, мозаиците, билките, животните. Кога Косидовски ја опишува Помпеја како да се шетал по македонските престолнини од Пела до Александрија.

Описите на рајската градина и ковчегот на Ное во Библијата како да прават попис за се` што виреело, растело и се хранело по потекло од Македонија. Луѓето, нивниот изглед, царевите и воините најдобро низ тоа се гледа како се хранеле и како работеле и на што мислеле Македонците со сите свои изуми за подобар живот на луѓето. Аристотел таткото на сите науки и на биологијата прв ја регистрирал исхраната на Македонците.

Напишаниот збор и опис останати во големата и прва таква систематизација на науките од Аристотел во делото „Физика“ или за природата ни дава право да согледаме што сме имале од тогаш досега за јадење.

Теофраст ученикот наследник на Аристотеловата научна мисла ја продолжил работата на попис на сите животни и били од Македонија. Лековитите билки посебно биле третирани како и кај Хипократ. Така сега сите енциклопедии, прирачници за медицина и разни списанија можат да се служат со македонските извори за рецепти за медицина и исхрана, пијалоци. Европската наука по биологија и ботаника ќе беше многу посиромашна без Аристотеловите истражувања. Први описи на разноврсниот животински и ботанички свет направен е на македонско поднебје и првите рецепти се правени за македонскиот народ, а потоа се проширувала нивната примена. Храната била и останала како лек, превентива и имунитет и затоа, ретко што е изоставено во употреба. Уште повеќе се проширувале со Александровите патувања низ светот и со тоа се збогатувале Аристотеловите лаборатории во лицеумите низ Македонија. Така се стекнувале нови врски на поквалитетни јадења на што работела цела фаланга, носејќи новини и тами и ваму. Од таму македонската кујна е многу слична со кујните на многу народи до Индија. Не се правеле хибриди како сега, сите примероци се задржале во оригинал. Оригинални биле семињата што ги разнесувала војската. Долга е листата на размена и опстанок на билките, животните, житата, овошјето, зачинте, зеленчукот, заедно со рецептите на јадење. Нема што нема во Македонија. Биволи, стока, билбили, планински коњи, истото што го има и во Индија.

Македонија како земја со многу сончеви денови, изобилство на вода од реките и езерата е погодна почва за виреење на разновиди растенија. Лукот, кромидот, морковот, зелката, разни салати, овошје ја врзувале едната со другата сезона. Низ шумите растела леска, бадем, орев, костен како резервоар за минерали.

Јаболкото, дуњата, грозјето, разни напивки служеле за храна и соковна напивка. Покрај виното се користело и пиво и минерална вода во многубројните светилишта со по неколку бањи. Во енциклопедија пишува дека афионот (макот) од Македонија со виолеова боја бил најквалитетен во светот. Од него со слаба доза се правеле напивки за намалување на болка, забоболка, болки при породување, хируршки интервенции. Алкохолот служел за дезинфекција на грлото, раните и рацете, како превенција од инфекции, исто како и денес. Грижата за лековитост на храната се должела на високиот степен на развиток на науките во Македонија. Предност во исхраната била најкалоричната храна за да ја одржува енергијата и здравјето.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.