Среда, 16 Јули 2014    PDF Печати Е-пошта
Театарот во Скупи собирал повеќе народ од арената „БорисТрајковски“

teatar-skupi

Kамени блокови – седишта од гледалиштето открија археолозите на античкиот театар во Скупи. Станува збор за најголемиот објект кој во првите неколку века по Христа бил изграден на територија на денешна Македонија. Театарот бил огромен по површина. Зафаќал 22.500 квадратниметри и во него можеле да се сместат меѓу 8 и 10 илјади гледачи (повеќе отколку што денес собира скопската арена „БорисТрајковски“).

Пред речиси 2.000 години луѓето во ова поднебје имале ваков театар. Kолку жители требало да има Скупи и околината за да изградат граѓаните ваков монументален објкет? И како живееле тие пред два милениума?

Раководител на ископувањата е д-р Антонио Јакимовски од катедрата за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Заменик-раководител е д-р Ленче Јованова од Музејот на град Скопје, која со години го истражува Скупи. Kоординатор на тимот е Љубица Kондијанова, директорка на градскиот музеј.

Изграден во чест на Хадријан

- Театарот бил поголем и од театрите во Стоби, Охрид и во Битола. Се претпоставува дека површината на Скупи била огромна, околу 44 хектари. Местото кое го ископуваме нема ниту 10 отсто од вкупната локација. Навистина е голем просторот кој допрва треба да се истражува. Скупи имал статус на колонија воРимската Империја – вели Јакимовски.

Има податоци дека во тоа време во Скупи живееле околу 50.000 жители, но според Јакимовски, тие не се потврдени.

- Во секој случај, театарот не им служел само на жителите на Скупи, туку бил за целата околина – вели Јакимовски.

Најстарите материјални докази за живеењето на Скупи датираат од железното време, во 8 век пред новата ера. Истражувајќи го театарот археолозите во ѕидовите на објектот пронајдоа пајонски гроб од тоа време. Животот продолжил во римско време, во доцната антика, се` до средниот век. Тоа го потврдуваат гробовите од 11 до 13 век, богати со прстени, обетки, ѓердани. Под нив деновиве излезе и средновековна населба.

Театарот бил изграден околу 125 година и функционирал најдоцна до 330 година. Според археолозите, изградбата на објектот се поврзува со поминувањето на римскиот император Хадријан на овие простори. Бил изграден за да му се направи чест и да се покаже дека и тука има римска култура.

- Ги откопавме коридорите. Тие биле целите засведени, а врз нив биле поставени седиштата. Пошироките лакови служат да се распоредат луѓето, како денес во партерите. Пронајдовме само две седишта и уште една половина, на која има и натпис, но се` уште не е прочитан. Овие блокови се многу важни, бидејќи според нив ќе се прави целата реконструкција и конзервација. Сценската зграда е истражена. Дел од неа е под денешните гробишта. Одлучено е тој дел да не се работи. Се` уште немаме потврда дали се одржувале гладијаторски борби во театарот, но најверојатно се користел, исто како и другите антички театри – вели Јакимовски.

Големите промени се случиле по 313 година, не само во овој регион, туку во целиот свет – императорот Kонстантин Велики го прогласил христијанството за официјална религија.

- Претходно христијаните ги фрлале на животни, ги убивале спектакуларно во театрите. Потоа тие биле прогласени за маченици. Луѓето ги разградувале театрите, а камените блокови ги користеле како свет материјал и го вградувале во црквите. Речиси цел материјал од театарот е изнесен, освен тие два и пол блока засега – вели Јакимовски.

Домашните археолози долги години сметаа дека седиштата и другиот градежен материјал од театарот бил вграден во скопското Kале. Според Јакимовски, сеуште е рано тоа да се потврди.

- Треба да се направи и анализа на каменот, дали е од Бразда, Матка или од друго место. Треба истиот да се користи и за изработка на реконструираните седишта – вели тој.

Империјалниотпериод е слабоистражен

Археологот Иван Станчевски се приближува со ново откриени предмети.

- Ете врв од стрела. Овие предмети се од доцно антички период. Во тоа време театарот веќе не постоел – врз него биле изградени куќи. Тоа е населба која егзистирала од 330 година до околу 550 година. Има најмалку два културни слоја. Третиот е многу плиток и тешко можеме да го „фатиме“. Имало лозје, било орано до 70 центиметри во длабочина – објаснува Станчевски.

Според Ленче Јованова, во различни временски периоди, Скупи различно живее – поинакви објекти се во функција, се менува лицето, димензиите, урбанистичките решенија на градот. Во времето кога бил користен театарот урбаниот живот во градот е на највисоко ниво.

- Тогаш се најголемите урбанистички и градежнички дострели. Тоа не значи дека во подоцнежниот период не се повториле овие фази – вели Јованова.

Скупи прераснал во колонија во времето на Домицијан, во 80 години од првиот век. Тогаш била поставена урбаниситичката мрежа на градот, со две вкрстени главни улици (кардо и декуманус) и низа паралелни улици во чии пресеци се наоѓаат градските квартови.

- За жал, од тој период и од времето на Хадријан нема многу објекти, освен театарот, делови од уличната мрежа, остатоци од една градска вила – домус за живеење и мали сегменти од други станбени објекти во централното подрачје. Има индиции дека од вториот век е големиот термален објект каде што пред неколку години беше пронајдена скулптурата на Венера Пудика. За останатите градби од тој период сеуште немаме сознанија. Тие сигурно постојат, но повеќе сме го истражувале доцноантичкиот период – вели Јованова.

Археолозите се сигурни дека имало најмалку две фази на обѕидување на Скупи. Во империјалниот период градот бил многу поголем, а се стеснил во доцната антика.

Ќебидереконструирандо 2017 година

Македонските археолози веќе две години го истражуваат театарот. До 2017 година објектот треба да биде сосема истражен, конзервиран, реконструиран и предаден во употреба како летна отворена сцена на која ќе се одржуваат многу културни настани. Околу 200 луѓе се ангажирани на ископувањата. Од нив 35 се стручна екипа. Во моментот ова е еден од најголемите археолошки проекти што се работат во Македонија. Финансиран е со 49 милиони денари, како капитален проект на Владата.

Весна И. Илиевска

http://dnevnik.mk/?ItemID=86F13708C1E74144BB6657C80C465717

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.