|
||||
Усните преданија и народното творештво |
ФОЛКЛОРНИТЕ ОБИЧАИ, УСНИТЕ ПРЕДАНИЈА И НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО ПРИДОНЕЛЕ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија. Низ вековите таа етнички била угнетувана. Традицијата била таа која како народ не одржувала и кој токму преку нејзе сме се осознавале. Можеби македонците во голем процент не биле формално образовани но, во нив македонскиот код бил постојано активен и пренесувам од колено на колено за потеклото и својот идентитет. Затоа можеме да потенцираме дека за Македонија е значајно усното творештво. Собирањето народни умотворби, а посебно усните преданија биле битен елемент кој сериозно се спротивставувал на изучувањето кое било прокламирано од страна на пропагандното образование. Особено значајно во XIX век им се спротиставувало на власта на царигратската патријаршија и на употребата на грчкиот јазик во училиштата и црквите. Всушност овие дејствија го будат националното движење во овој период. Усната традиција прави сублимат на многу настани поврзани од античкиот период односно, тргнувајќи од митолошката претстава за Филип II и Александар III преку тоа како овој период го осознаваат словените. Традицијата ни ги нуди елементите каде што јасно е изразено будењето на македонската нацонална мисла. Поп Димитрија од кривопаланечкиот период, во 1848 запишува: за моето назначување, се заложи најмногу господин Михаиљ Македонски, затоа што сум роден Македонец и службата ја терам на Македонски. Од бога било пишано моето отчество Македонија да страда од Грците, па тие и денеска не им даваат мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното Кралство. Постојат многу сведоштва од кои може да се забележи дека традицијата поврзана со македонското античко потекло не згаснала ниту во периодите кога биле најтешки за македонскиот народ. Античките симболи се забележуваат и во македонските востанија, како на пример цвеното знаме укажува на античкомакедонски обичај како и огнениот и некрунисан лав. На крај може да се заклучи дека Фолклорните обичаи, усните преданија и народното творештво се најверодостоен документ кој е пренесуван и одржуван низ вековите. Орото тешкото е сведок за голготата на Макдонците, реалистичен фолклорен приказ кој го отсликува животниот пат на Македонците низ времето. Одржувањето на традицијата е одржување на националното сведоштво за иднината. Ние имаме богата историска традиција, свои обичаи, култура и јазик. Кои се наши. Кои се негуваат низ вековите. Нив ЕУ неможе да ги условува ниту НАТО да им стави вето. Тоа е нашата македонска традиција која нас ни раскажува за минатото, а на нашите деца ќе им говори во иднина. Весна Маневска |