|
||||
Исхрана на древните Mакедонци – Храната во древна Македонија (2 дел) |
Древните Македонци биле крупни, плави, здрави луѓе со голема уметничка и воена дарба. И како да не биле толку способни кога се хранеле со чиста протеинска храна од разновиден дивеч. Еленот, зајакот, козите, волот и птиците овековечени се во мозаици по сите градови низ Македонија. Во Стоби, Хераклеа, Лихнида, Пела, Дион, Ефес... Опис за тоа како ловеле и што јаделе Македонците во Библијата, во Илијада, во записите на Александровите генерали кај Неарх, Птоломеј, Евмен. Од нив најдобро дознаваме како јадела и како пиела македонската војска на банкетите по битките. На сите статуи Артемида е во придружба на еленот, во сите светилишта кога се славела плодноста. Жртвеното јаре познато ни е од митологијата и гозбите со жртви од 100 животни што требало да се изедат за среќа и успех на секој празник. Се знае со толку месо колку вино ќе се испие, колку леб ќе се изеде, колку салати и овошје ќе се послужи. Ахил сам го подготвувал месото. Откако ќе се помолеле со жртви на Боговите почнувало јадење, пиење, пеење и натпревари со денови. Така митологијата, историјата и храната се наоѓале на иста маса. Такви народни веселби и денес се прават за свадби и црковни празници. Погача, вино и богат ручек за секој патрон се обезбедува во манастирските конаци. Така братот Злате од Ржановце кај Куманово за денот Свети Јован секоја година нахранува и по две илјади гости. Литургија, причест, благослов и веселба цел ден меѓу народните носии изложени како и тие да играат оро народно. Сите тие прослави како да ја обновуваат енергијата за цела година. Народот знае што да зготви за посни денови и како понекогаш се послужува цел вол на манастирската трпеза. На Св. Богородица во Берово во 100 казани се готви храна за народот. И во многу опожарени места сега народот се враќа, барем еднаш годишно, за празник на црквата за да прости за растурањето на огништата и на трпезата да им простат на терористите, помилуваните за нивното дивеење низ селата во Македонија. Ритуалот на масовно прославување се одржал повеќе илјади години во меморијата на македонските луѓе. Тие слават било каде и да се во светот. Ни војни, ни грабежи, ништо нема да ги спречи да си ги слават празниците со најубави моменти на живеење. Најтесно поврзана со тие гозби е трпезата. На богата трпеза Архелај во Пела го собирал целиот уметнички свет. Заедно ловеле диви свињи и заедно седнувале едн до друг кој од кој пославни луѓе како Тукидид, Еврипид, Агатон, Ѓорѓија и многу принцеви од македонската царска куќа. Во таков лов Одисеј се здобил со лузна на ногата. Во таков лов се собирала царева храна за воините и народот. Шумите биле преполни со дивеч и сите ја сакале здравата храна и лековитото овошје и билки. Знаеле Македонците за калорични јадења, контролирана издржливост и расположение кај војската како услов за добра борба и успех. Дивечот по македонските шуми бил неброен. Дивата свиња, еленот, зајакот, ежот, желката, поЛжавот и денес се специјалитети, а домашните животни секојдневна исхрана. Дивите гуски и пајки, мисирките, препелиците, најмногу си го нашле местото во мозаици и цртежи по чиниите и другите садови. Рибите ги ловеле и ги подготвувале на разни начини и ги имало преку цела година. Многу рибари по светот не знаат каде е Македонија, а знаат како Македонците прв пат измислиле вештачки мамец. Водата била чиста за пастрмките од Бистрица како и од Охридското Езеро каде што се собрале толку ендемити што ги нема никаде во светот (јагулата и охридската пастрмка). Река што тече низ град се смета за света. Сите реки во Македонија се такви. Таков е Аксиј, нашиот Вардар што носи име на вечен Бог, за разлика од Посејдон-Бог на морињата. Аксиј има и свое црковно име поврзано со крштевањето. Го нарекуваат втор Јордан наместо прв, затоа што е многу постар, посвет и прочуен. Црквата го дала името за Аксиј како река Достојна и Добрина, за крштевање и покрстување. Животните, рибите и протеините се главните протеини, варени со многу зеленчук и мирудии, млекото и овошјето ги давале калоричните вредности во храната на Македонците. Тоа е храна соодветна на напорите и издржливоста што ги прави Македонците толку познати и славни во светската историја. Жртвеното јаре, причеста, постот со риба го давале ритуалниот тон на снагата на луѓето од Македонија. Луѓето борци од бујниот Аксиј црвенокоси, лични, добро вооружени, како што ги опишува Хомер, тоа се Македонците од сите племиња дојдени во Илиј десет години да го бранат од наемните војски. Некогаш тие племиња преминале кон истото крајбрежје под други имиња како Бриги, Лидијци, Пафлагонци, Каријци, Етрурци слични на Македонците по култура, писмо, богатства во храна и оружје. По Тројанската војна тие се враќаат дома, околу Јадранските води, за подоцна тој силен ген во времето на Александар, да доминира низ целиот тогашен познат свет, икумен. Елејскиот филозоф Ксенофон во еден фрагмент ги опишува тие луѓе: „Русите со сини очи и долги руси коси имаат богови слични на нив, кај Етиопјаните и боговите се црни, со тапи носеви и гругурави коси. Кога и воловите би имале богови и тие би биле волови“. Забележани се кај Индијанците и Африканците бели богови, светли, албини, како кај Македонците што се ангелите, бели и моќни свети воини. Бикот во Крит, Египет, Вавилон се боготвори и се јаде. Тоа е верба кај многу народи да каснат од нафората и од жртвата за да зајакнат. Бикот статуа, стража на градовите. Македонската фаланга поминала во ритуална процесија низ портите на Вавилон помеѓу редови споменици и крилести бикови. Тоа биле култови измешани со Митологија и храна. Така Македонците се движеле низ светот оставајќи насекаде храна, обичаи, култура. Се` што има во Македонија и што донела фалангата ја направиле Македонија угледна ботаничка градина, рајската градина од Библијата. Нема храна што не успева во Македонија. Еве сега голем наплив на плодородие од киви и јапонско јаболко. Сепак, најдобро е сите да се хранат со тоа што вирее во сопствената средина заради наследната адаптивност и имунитет. Ангелина Маркус |