Пештерите во Македонија преставуваат едни од многуте природни скриени богатства во кои се крие голем туристички потенцијал. Во Македонија има 346 пештери, од кои стотина се јами или таканаречени пропасти. Останатите се хоризонтални објекти. За најдлабок објект се смета Солунска Глава со длабочина од 450 метри. Овој објект е и најголем на Балканот.Има извонредни украси од зелен мраз и сталагнити високи до 2 метра. Посебна е пештерата Змејовец за која според легендата на Марко Цепенков, во оваа пештера доаѓале луѓе од секаде, поради лековитата вода што се наоѓала во пештерата.
Угледниот американски весник „Њујорк тајмс“ пишува дека Пештерата Пешна кај Македонски Брод е идентична со измислените волшебни пештери кои биле специјално направени за снимањето на најпопуларниот филм на магијата и волшебството - Господарот на прстените. Сепак најпозната и најдлабока пештера во Македонија е Врело.
Пештерата Убавица се наоѓа на планината Буковиќ, над самиот стар пат Гостивар - Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица. Изградена е вдолж раседна линија, во правец север-југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. Покрај многубројните и разновидни пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10 х 13 м), во кое се наоѓа подземен водопад висок 5-6 м. Во пештерата Убавица истражувана е и рецентната пештерска фауна, при што е регистриран ендемскиот претставник на родот Ceutnophies, наречен Ceutnophies bukoviki. Пештерата Слатински Извор се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска (Порече). Изградена е во доломитски мермери со проблематична старост. Вкупната истражена должина на пештерата изнесува 800 м, од кои, 705 припаѓаат на главниот пештерски канал. На поедини места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, a во најголемата пештерска сала (20x15 м) изградени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува подземна река во должина од 557 м, a исто така во неа се изградени и помали травертински езерца во кои е констатирана присутност на пештерски ракчиња. Според должината, разновидната внатрешност и локацијата на којa ce наоѓа, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена Пештерата Бела Вода се наоѓа во Демиркаписката клисура, од десната страна на реката Вардар. Изградена е во варовници со јурска старост. Пештерата се состои од два канали (долен и горен). Должината на долниот канал изнесува 722 м, a на горниот - 233 м, односно вкупната должина на оваа пештера достигнува 955 м. Co оваа своја должина, Бела Вода е најголема од досега истражените пештери во Македонија. Во неа, мошне ретко се сретнуваат пештерски украси. На крајот од долниот канал, под отсек висок 6 м, се наоѓа подземно езеро. Всушност, тоа е сифон исполнет со вода. Во пештерата Бела Вода истражувана е и рецентната пештерска фауна. Пештерата Алилица се наоѓа на планината Бистра, во горниот дел од десната долинска страна на Тресонечка Река (1.510 м.н.в.). Пештерата се состои од два дела Долна и Горна Алилица, кои меѓусебно се поврзани со вертикален и кос канал. Должината на каналот во Долна Алилица низ кој протекува постојан подземен водотек, изнесува 464 метри, додека вкупната должина на сите канали во пештерскиот систем Алилица достигнува 590 м. Во пештерата Алилица истражувана е и пештерската фауна.
Пештерата Дона Дука се наоѓа на источните падини на планината Жеден (450 м.н.в.), во близина на селото Рашче. Изградена е во мермеризирани варовници со тријаска старост. За првпат е истражувана на должина од 200 м, додека при следните истражувања вкупната должина на пештерските канали е зголемена на 650 м. Ha некои делови од пештерските канали застапени се и пештерски украси. Во хидрографски поглед, пештерата Дона Дука претставува сува пештера, со незначителна појава на повремени, главно сифонски езерца настанати од водата капница. Особена карактеристика на оваа пештерата е сложениот сплет на пештерски канали, изградени на неколку нивоа. Во пештерата Дона Дука истражувана е и рецентната пештерска фауна. Пештерата Макаровец се наоѓа во клисурата Пешти, од десната долинска страна на реката Бабуна. Изградена е од сплет на повеќе канали, со вкупна должина од 310 м. Пештерата е сиромашна со пештерски украси, a во нејзиниот краен североисточен дел, под отсек висок 8 м, се наоѓа пештерско езеро. Пештерата Макаровец особено е значајна по богатото наоѓалиште на фосилна фауна.
Пештерата Над Врело се наоѓа на десната страна во кањонскиот дел на реката Треска (Матка). Се состои од два доминантни канали, со вкупна должина од 150 м. Во однос на останатите десетина пештери кои се застапени во кањонот Матка, па и пошироко, иако со скромни димензии, тоа е една од најбогатите со украси пештери. Од тие причини пештерата Над Врело има можности и за туристичка намена. Пештерата Јаорец се наоѓа во котлината Дебарца, североисточно од селото Велмеј. Вкупната должина на пештерата изнесува 76 м. Таа е речиси без пештерски украси, a во хидрографски поглед потполно сува пештера. Во пештерата Јаорец вршени се систематски палеонтолошки истражувања, при што во нејзините плеистоцени (Wurm) пластови се пронајдени остатоци од пештерска мечка. Пештерата „Калина Дупка" се наоѓа на планината Бистра, во близина на селото Лазарополе. Се состои од еден меандерски канал со должина од околу 300 м. Во нејзиниот почетен дел истражувана е рецентната пештерска фауна, при што е пронајден ендемски претставник Troglophilus Lazaropolensis. Драчевската пештера се наоѓа на северните падини на планината Китка (1.569 м). Во нејзиниот средишен дел изградена е пештерска сала (54 м2), ср височина на таваницата до 5 м. Вкупната должина на пештерата достигнува 130 м. Во Драчевската пештера, во нејзиниот почетен дел, регистрирана е рецентна пештерска фауна. Арамиската пештера се наоѓа од левата долинска страна на реката Каменица, десна притока на Црна Река (Кавадарци). Се состои од десцедентен канал и неколку споредни канали. Во крајниот јужен, долен дел на пештерата, егзистира пештерско езеро со должина од 12 м. и просечна широчина од 2 м. Измерената длабочина во езерото достигнува до 5 м. Пештерата е релативно богата со украси (саливи, сталактити и сталагмити). Вкупната должина на Арамиската пештера изнесува 251 м.
Пештерата Симка се наоѓа на југ од вливот на Хаџина Река во реката Радика. Влезот на пештерата се наоѓа во кањонскиот дел познат под името Торбешки Мост, на надморска височина 1.340 м. Оваа пештера се состои од два доминантни канали (горен - северен и источен канал). Вкупната должина на сите канали во пештерата достигнува 500 м. Пештерата Самоска Дупка се наоѓа од десната страна на скарстената долина Студино, на планината Галичица, на надморска височина од 1.430 м. Истата се состои од еден доминантен меандерски канал со должина од 279 м. Вкупната должина на пештерата достигнува 301 м. Во некои делови од главниот пештерски канал забележителна е појавата на пештерски украси, претставени со саливи и сталактити. Христијановата пештера се наоѓа на околу 1 км источно од селото Јаболце (Скопско), од десната долинска страна на Сува Река, на надморска височина од 600 м. Вкупната должина на пештерата, заедно со сите пештерски канал и и проширувања изнесува 84 м. Истата, денес претставува фосилнапонорска пештера со значителна појава на пештерски украси. Пештерата Вевчански Извори се наоѓа во непосредна близина на селото Вевчани. Всушност, истата е претставена со пештерски канал истражуван во должина од околу 50 м. Низ пештерскиот канал протекува постојан водотек, кој е дел од познатите Вевчански Извори. Co понатамошни истражувања може да се очекува значително поголема должина на пештерскиот канал, a co тоа и туристичките потенцијали на пештерата би се зголемиле, со оглед на атрактивноста на локалитетот во кој се наоѓа. Пештерата Пешна се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска, во Поречкиот басен. Иако има мошне мала должина, од само 50 м, нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8 х 52,4 м. Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, но кој во сушните годишни периоди потполно пресушува. Пештерата Врело се наоѓа во кањонот Матка, во непосредна близина на изворот Коритиште. Вкупната должина на пештерата, која се состои од две поголеми сали, изнесува 176 м. Во јужниот дел на пештерата се наоѓа езеро со должина од околу 30 м. и широчина од 2 до 4 м. Пештерата Крштална се наоѓа на околу 30 м. над вештачкото езеро Матка, од неговата десна страна. Во крајниот дел на пештерата присутно е езеро со должина од 16 и широчина од 8 м. Должината на пештерата изнесува 76 м. За неа е карактеристична појавата на сталактитни форми изградени во спротивност од Земјината тежа. Слатинската пештера I, ce наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, под истоименото село во Порече. Пештерата главно се состои од еден долг пештерски канал, од кој на сите страни се разгрануваат подолги и пократки краци. Должината на пештерата изнесува преку 400 м. Истата е богата со пештерски украси, кои, за жал доста се и уништени. Пештерата Орле се наоѓа во близина на селото Горна Белица во Порече. Должината на пештерата изнесува 88 м, a вкупната должина, заедно со сите споредни канали, достигнува 107,8 м.По целата нејзина должина и по страничните канали присутни се пештерски украси, претставени со: сталактити, сталагмити, драперии, травертински басенчиња исполнети со вода и др. Пештерата Горен Змеовец се наоѓа во близина на Демиркаписката клисура, под врвот Краставец, на надморска височина од 630 м. Истата се состои од еден влезен канал, долг 24 м, поголемо проширување (пештерска сала) со широчина од 55 м и еден внатрешен канал со должина од 26 м. Пештерата Коњска Дупка се наоѓа во непосредна близина на селото Град - Делчевско, од левата страна на потокот Врчин Дол, на надморска височина од 800 м. Вкупната должина на пештерата, заедно со сите споредни канали, достигнува 70 м. Во пештерата не се забележуваат украси, a во хидрографски поглед претставува сува пештера. Истата е интересна за археолошки и палеонтолошки истражувања. Пештерата Алена се наоѓа во карстното поле Шилегарник, на надморска височина од 2.114 м. Истата се наоѓа на најголема иадморска височина од досега истражените пештери во Македонија. Зафаќа површина од 64 м2 и вкупната должина на сите пештерски канали изнесува 67 м. И покрај големата надморска височина на која се наоѓа, во пештерата се изградени сталактитни форми со незначителни димензии. Лесковечката пештера се наоѓа на источните падини на планината Галичица, Во непосредна близина на селото Лесковец (Преспанско). Пештерскиот влез се наоѓа на надморска височина од 1.090 м. Во пештерата, чија вкупна должина изнесува47 м, изградени се три поголеми проширувања (пештерски сали). Во одредени делови од пештерата се сретнуваат пештерски украси претставени со сталактити и саливи. Во неа живееи поголема колонија на лилјаци. Пештерата Дамјаница ce наоѓа во изворишниот дел на реката Бабуна, на надморска височина од 1.580 м. Се состои од еден доминантен канал изграден вдолж дијаклаза, со должина од 88 м, кој на крајот завршува со долгнавеста галерија. Во пештерата, особено во нејзиниот краен дел се забележуваат сталактити и саливи.
Превземено од: Клали Марко |