Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи. Манастирот е изграден во периодот од 1860 до 1866 та година. На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишано 1860/1866 година но истотака стои и дека храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи е изграден со помош на жителите од градот Неготино и Тодор, Тоше и Коце. Градител на овој манастир бил Андон Китанов од селотот Тресонче-Мала река, Дебарско. Манастирот е типична градба од преродбенскиот период кога се граделе соборни цркви во цела Македонија со големи димензии. Има архитектонски облик на трокорабна црква со три куполи поделена на три травеа, а кон јужната и западната страна со широки тремови. Главни иконописци биле Штипјани а зографи Крушевчани кои ги насликале Македонските пустиножители Св. Гаврило Лесновски, Св. Отец Прохор Пчински, Св, Јоаким Осоговски, како и ликовите на сесловенските учители и просветители браќата Кирил и Методиј. Иконата на патронот на црквата Св. Ѓорѓи е дело на Велешкиот зограф и иконописец Хаџи Константин (Хаџи Косте Крстев). Зографисувањето на манастирската црква го извршиле браќата зографи: Вангел, Никола и Коста Атанасовци од Крушево. За време на Втората светска војна, во манастирот имало заробено 20 партизани кои извесна баба Митра која живеела таму ги ослободила. Кога гермаците виделе дека партизаните се ослободени, го запалиле манастирот а бабата жива изгорела во него. Во манастирот до неодамна постоеле стари манастирски конаци од 19 век а денес има реконструиран конак кој може да прими 150 луѓе. Во склоп на манастирот постои винарија, во која неготинските винари имаат свој изложбен дел. Камбанаријата на манастирот е изградена во 2006 година. Најголема посетеност на овој манастир има за време на празникот Ѓурѓовден, за манастирската вечер на 21 ви септември и на зимен Свети Ѓорѓи на 9 ти декември. Во манастирот постојат фрески насликани во 2008 година и голем позлатен крст со Исус Христос а на почетокот на 2009 та истите се осветени.
|