Среда, 20 Август 2014    PDF Печати Е-пошта
За писменоста, јазикот и културата на древните Македонци

drevni-makedonciЛокалитетите близу до селото Осинчани, на околу 13,0 км воздушна линија јужно од центарот на Скопје, изобилуваат со исклучително специфична материјална култура, која сведочи за долг континуитет на живеење на овие МАКЕДОНСКИ ПРОСТОРИ. На локалитетот “Дабје” е регистрирана веројатно надгробна плоча (1,20 х 0,60х 0,10) со барелјефна композиција во вид на стилизирана еленска глава со нагласени очи и нос (Сл. 1) што по својот општ ликовен третман асоцира на мотивите од скулптурите на лепенсковирската уметност. На самиот врв на планината Црна Лома или Илина Гора, веднаш над селото Осинчани, се зачувани мегалитски структури во вид на ДОЛМЕНИ,кои формираат светилиште, т.е. првобитен организиран затворен простор, заграден од трите страни со карпи и покриен со поголема масивна карпа. Кон светилиштето води “патека” обложена со поголеми необработени камени блокови. drevni-makedonci-2Во непосредна близина на светилиштето се регистрирани повеќе натписи на карпи и камења со асоцирање на симболичка претстава на соѕвездијата “Скорпија”, “Вага”, “Змееносец”, “Овен”, “Риба”, “Крст” итн., а на поголема карпа со димензии 3,80 х 2,85 м има и изгравиран круг со дијаметар  1,35 м и екцентрично издлабена дупка со дијаметар околу 8 см во површината на кругот кои фактички заеднички формираат ПЛАНЕТАРЕН ЗНАК НА СОНЦЕТО. На јужната страна на Црна Лома или Илина Гора, на локалитетот “Присој”,се регистрирани уште две светилишта во вид на ДОЛМЕНИ, од кои едното со својата просторна организација го симболизира соѕвездието “Стрелец” и има елементи на нагласена КОСМОГРАФИЈА, т.е. просторна организација во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со ЦЕНТРАЛЕН КРУГ со дијаметар околу 3,50 м Во близина на СРЕДНОТО СВЕТИЛИШТЕ постои натрупан крш од црни карпи поради што и планината го добила името ЦРНА ЛОМА. Во непосредна близина на трите  светилишта (Горно, Средно и Долно) се регистрирани најмалку 27 надгробни камења и карпи со СОЛАРНА, АСТРОЛОШКА или КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА и со НАТПИСИ напишани со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Нивната содржина е разновидна, ПИСМОТО е релативно ДИСЦИПЛИНИРАНО, а ТЕКСТОВИТЕ се напишани главно ОДДЕСНО НАЛЕВО, ОДГОРЕ НАДОЛУ или КОМБИНИРАНО. Имајќи предвид дека ДОЛМЕНИТЕ во ЗАПАДНА ЕВРОПА се подигале меѓу III и II илјадолетие п. н. е., а првите МЕГАЛИТСКИ СПОМЕНИЦИ во Бугарија, т.е. оние во планината САКАР и Источните Родопи, бугарските научници ги поврзуваат со појавувањето на ТРАКИЈЦИТЕ (1.900 - 900 г. п. н. е.), та знаејќи дека таканаречената мезолитска и ранонеолитска култура на Лепенски Вир се датира со 7.000 - 5.500 г. п. н. е., тогаш добиваме една можна апсолутна хронологија за НАТПИСИТЕ од ОСИНЧАНИ од 7.000 до 1.000 г. п. н. е. Секое подетално датирање на натписите од Осинчани и на други елементи од материјалната култура ќе треба да резултира од соодветни научноиспитувачки работи, а тоа одделно се однесува за индикациите за постоење на предкерамички населби. Меѓутоа, со оглед на фактот што на локалитетот “Церје” близу до соседното село Говрлево се пронајдени НАТПИСИ и КОСМОГРАФИЈА НА КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТ од 6.000 г. п. н. е. и на БРОНЗЕН ПЕЧАТ од 1.500 г. п. н. е. , тогаш се наметнува сознанието дека еден дел од натписите и космографијата од Осинчани потекнуваат од крајот на мезолитот и раниот неолит (7.000 - 6.000 г. п. н. е.) и тоа оние од помонументалните карпи и одделни споменици, додека надгробните споменици и одделните летописи каде што се споменуваат ТРАКИЈЦИТЕ, вклучувајќи и некои од МЕГАЛИТСКИТЕ СТРУКТУРИ, веројатно потекнуваат од 1.900 до 900 г. п. н. е., доколку неопходните испитувања со С 14 не покажат некои поинакви резултати.

Меѓу постарите натписи од Осинчани спаѓа и ПРЕДВЕДСКИОТ НАДГРОБЕН СПОМЕНИК (Сл. 4) изведен од камен со неправилна форма и приближен габарит 2,0 х 1,20 м, со одделно денивелирани површини и јасна КОСМОГОНСКА, КОСМОНОМСКА и МИТОЛОШКА СЕМАНТИКА со ПРЕДВЕТСКА ПРЕТСТАВА на тројството на нивоата на ВЕДСКИОТ ПАНТЕОН (Небески, Земски и Подземни богови), каде што на одделно оформена партерна композиција и добро изделкана коса површина е издлабен следниов паисториски МАКЕДОНСКИ ТЕКСТ:

drevni-makedonci-3

кој, декодиран оддесно налево и соодветно транскрибиран со писмени знаци на современата македонска азбука, гласи “КРЕШТ СЕ СИ У ЛТ СЛ С ИЉУ”, а во превод на современ македонски јазик ќе рече “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САЛ СО ИЉУ”, односно “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО” што секако ги има и следниве можни конотации: “КРЕСКАЈ СЕ! СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО” и “КРЕСКАЈ СЕ, СИ ВОЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО!.

Како аргументи во прилог на нашето тврдење дека постоела праисториска популација на Балканот и Подунавските земји, која денес може да се идентификува со современиот поим “ПРАСЛОВЕНСКА”, треба да се земат предвид и таканаречените ПРАИСТОРИСКИ ПЕЧАТИ. Досега од страна на унгарскиот академик Јанос Макај се прибрани, систематизирани и објавени 311 праисториски КЕРАМИЧКИ И ГЛИНЕНИ ПЕЧАТИ од Алпите до Урал и од Унгарија доПелопонез на кои главно е регистрирана СИМБОЛИКА СО ВЕДСКА МИТОЛОГИЈА и која одговара на КУЛТУРАТА на КУЛТОТ НА СОНЦЕТО и КОСМОСОТ, на некои печати има лигатури на “АУМ” или натписи со знаци на таканаречено ТАЈНО МАКЕДОСКО ПИСМО, а некои КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТИ имаат ПРАИСТОРИСКИ ТЕКСТОВИ напишани со ДРЕВНА МАКЕДОНСКА АЗБУКА и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

ВАСИЛ ИЉОВ
Археолошки локалитети блиску до селото Осинчани-Скопје

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.