|
||||
Исхрана на древните Mакедонци – Свечености и свадби со богата трпеза |
Ангелина Маркус Ако не постоел матријархатот во Македонија осведоцен со култ на Големата Мајка и Артемида божица на плодноста сигурно преживувањето на луѓето би било загрозено од недостаток на храна. Крвната врска овозможува рамноправна поделба до последниот залак. Ако нема за сите, нема за никого. Мајката станала главна личност во фамилијата и родот кога го пронашла житото, го правела лебот, припитомувала животни и ја спуштала кожата како затворена врата на колибата пред мажот кој не уловил ништо. Неспособниот татко го бркале и децата. Роднини биле само по линија на мајка. Таа одговарала за децата, за храната, за огништето. И денеска е така. На тоа се должи нетрпеливоста на свекрвата и снаата. Ниедна жена не го препушта местото во кујната. Генерациските судири имаат древни корени. Младите биле непослушни, не почитувале традиција и нападно се облекувале и јаделе. Требаше да поминат 1000 години за Јустинијан да го зацврсти татковското право како глава на фамилија (paters familias). Како да се обработува земјата, како да се обележат границите, како да се собира плодородието, како да се прави зимница, со сето тоа раководи таткото на фамилијата. Таткото ја одредува храната според сезоната и резервите како и сега кога домаќин раководи со економијата во куќата. – Што ќе им правите на лубенициве, прашувам, ништо ми велат, им помина сезоната, сега се јаде грозје. Јустинијановиот законик предвидел се` за регулирање на односите меѓу луѓето од Скопје, Македонија од каде што потекнува, иако го викаат римски или европски тој пред се` бара решенија на се` она што се случувало на наше подрачје и се` уште е актуелно во земјоделието. Ако израсне дрво на меѓа како самотник никој не смее да го гиба. Ако фрла сенка на нивата на соседот тој има право да ги собира плодовите од гранките на неговата страна. Не смее да сече гранки без одобрение. Се бара согласност за пат на соседот, за отворање прозор, за стреа (капајца). Ако кошијата позајмил крава и таа се отелила, дали ќе го врати телето со кравата итн. „Не е важен бикот, телето е секогаш наше“, рече Блаже Конески еднаш во однос на сопственоста на наследност на имоти. Имотот на жената или на мажот, наследност на децата познати се од најстари времиња во Македонија. Се` почнува со свадбата. Уште во „Илијада“ и во обичајното право се` е опширно појаснето. Девојката се одвојува од фамилијата и оди да живее во друга фамилија. Таму се други луѓе, други карактери, друг ред, друга трпеза. Потоа ќе се роди дете и повеќе обврски. Така се` почнува одново до идната свадба на идната генерација. Меѓувреме родителите се подготвуваат на секоја етапа од животот за детето со разни прослави. Свадбата ги засенува сите прослави со најбогата трпеза. За девојката работи цела фамилија, другарките, родителите, постарите жени да го подготвуваат чеизот. Се ткае, се везе, се украсува секоја облека, а посебно невестинската руба и таа за зетот, бовчалоци за свекрвата и свекорот, за деверите и золвите. Младоженците треба да блеснат со убавина и веселост пред свадбарска трпеза се највкусни јадења со кои се покажуваат Македонците. Кога Филип II се женеше и Клеопатра ќерка му се мажеше во Еге по седум дена беше поставена трпеза. По сите царски и народни обичаи, да се пее, да се свири и да се игра македонско оро како што е обичај на свадбите кај нас. Трпезата се полни со разни меса, манџи, погачи, вино, овошје за сите да има, јадење и пиење кој како што сака да касне. Такви гозби зачестени се уште од првата средба на видување, па свршувачката, честитањата, веќе трпезата не се празни. Древните Македонци со своето богатство и богатите реколти можеле да си дозволат такви гозби како симбол за среќен живот на младоженците. Што ќе им биле толку глинени садови, амфори, каци, чаши, котли, црпалки, ако не да се послужат гостите. Сите се облекле во ново да се покажат и да ги видат даровите. Агамемнон му даваше голем мираз на Ахил за да се ожени со ќерка му и тоа 9 троножни стола, 20 котли сребрени, 12 тркачки коњи, 10 златни таланти (300 кг злато), седум населени градови и многу други работи во облека, оружје и храна. Од даровите се гледа колку илјади гости требало да нахрани во 20 големи котли, Ахил, колку овошје разно да изнесе, колку мешини и ќупови вино да се испие. Хомер пак, за свадбите ни пишува: „Вино медено слатко, снага да окрепи од умор на човек, зошто од виното најдобро се опоравува“. Македонската трпеза за жетва, за гроздобер, за свадби и разни славења од искона исто се подготвува. Како што редот носи за свадби и наздравувања се барало долго подготвување. Кога ќе се роди машко дете, од првата берба грозје, во длабок песок вујкото закопува вино да стои до свадба. За свадбата се правеле долги подготовки, свадбарски песни, свадбарска трпеза со сите свадбарски обичаи преживеани до денеска. Веселбата за свадба започнува кај момчето кога се пречекуваат другарите и роднините и одат по невестата и сите заедно славеле во театрите, во палатите, во дворовите како што сега се оди во ресторани. Знаеме колку народ собирале театрите, колку народ седнувал на трпеза. За децата се служеле млечни производи и слатки, за постарите варени манџи со многу месо и зеленчук, за младите се служело најјакото месо со многу зачини и рузмарин, ловор, клека, диво нане. Со вино и пиво, медовина и сочно овошје се полеваат со денови. Веселби, музика, обреди. Каква што е Галичката свадба, такви се свадбите во Македонија од секогаш. Канонот во црквите под поглед на иконостасите, резбите, фреските, го прави величествен и свет бракот како и во древноста кога свадбите ги придружувале богати форми од сите уметности на македонско творештво, со мозаици во базиликите и салите на палатите, колонади по патеките, статуи насекаде. Сето тоа надополнето со богата трпеза ја исполнува душата со возвишено чувство на припадност на народ кој што умее убаво и богато да живее и да го пренесува примерот низ генерации за да се сочува традицијата на свадби и славење. Спомнавме што се` Агамемнон даваше за мажење на својата ќерка. На Ахил не му беше до тоа туку до Брисеида. Љубовта е услов за сета таа благосостојба што се манифестира на секој начин и во сите слоеви кај народот од Македонија. Сегашниот збор за свадба како гламур ја наградува светоста. Веридбата како верба во иднината, веселбата, покажување на имотот, трпезата, се` е вткаено во желбата да се запаметат убавините и да се пренесат низ генерациите. Описот на пренесување на чеизот на Олимпија сосема е сличен и денеска кај девојките од Македонија, особено во рурални средини. Тоа изгледа вака: Се` што сработила девојката го изложува низ куќата и дворот, да го видат сите и да го следат примерот во секоја пригода. Колите се покриваат со клими и други волнени и ленени, ткаени и везени прекривки. Ѕевгарот волови во спрега исто така, се покрива со килими и се кити со цвеќе и колани со мониста. Сите сватови се китат, но китењето на зетот и китењето на коњот подеднакво се скапи, да се види и завиди. Невестата секој сака да ја види и запамети. Таа ги исполнила каселите со дарови, облека и се` што ќе и треба за в куќи. Другарките ги полнат колите со чеизот, го редат, го украсуваат и најубавите работи на раце ги пренесуваат, нареди едно до друго околу невестинската кола. Народ по улици и седнат пред порти го испраќа одењето од дома... „Череша се од корен корнеше, мома се од мајка делеше“... се пее свадбарската песна. Ората, трпезата, игрите и се` што се прави ми личи на храбрење на мајката да не плаче кога и` се корнат децата од дома, исто како за синот кога оди во војска. Во таа централна свеченост почнуваат да се раѓаат децата, така треба да им одговориме на прашањата на четиригодишните деца. Тука се создава ново огниште, нова трпеза, ново генерациско, биолошко и културно наследство. Јакне инстинктот за опстојување. Македонци.
За потребите во исхраната ни сведочат архаични садови што на себе носат печат на уметничко творештво и култура на живеење кај сите Македонци. Ако знаеме со што се служеле, што јаделе и што пиеле Македонците, ќе знаеме и како живееле.
Сега можеме да видиме што имале во посед за да знаеме како се хранеле и како се служеле со сите садови, алати, орудија. Толку ситни и големи грнци, амфори, ќупови од керамика, од бронза, сребро и злато, украсени со писмо, знаци, цртежи, ни ја кажуваат моќта на Македонците. Добро и здраво се хранеле, умни, добри, борбени и способни да го организираат живеењето и работењето со големо обезбедување и заштита по здравјето и среќата на секој човек, на фамилијата и народот. Знаеле што да изнесат на македонската трпеза. |