Среда, 17 Септември 2014    PDF Печати Е-пошта
Исхрана на древните Mакедонци – Приоритети (2 дел)

Ангелина Маркус

Природата, храната и човекот го ускладиле и условиле своето постоење. Здрава природа, здрава храна, здрав човек. Циклусот на исхрана кај Македонците ротира во природни услови. Може да се набројат продукти останати исти од дамнина и покрај загадување на водата, воздухот и земјата. Растенијата и луѓето имаат некој свој одбранбен систем изграден низ времето. Синџирот на поврзување може да изаби некоја алка и на местото да букнат епидемии и да се лечат со лековити спасоносни билки. Секој човек има своја билка, свое дрво, своја храна. Не може ни да се избројат, ни да се класифицираат сите примероци и затоа ќе наброиме некои приоритети.

ishranata-na-drevnite-makedonci-2-1Имаме примери според употреба на садовите, според описи во литературата, искуството, цртежите на карпите, керамиката, фреските, фризовите на градбите, огништата и личните согледувања по пат на анализи и интуиција. Така имаме храна од месо и млеко, храна од овошје, храна од зеленчук и билки, храна од жита и семки со комбинација напиток што останале непроменети од најдревни времиња.

Ловот на дивите свињи, зајаци, ситни птици, еребици, патки и јата гуски што го спасиле Рим и што биле сите на мени на македонската трпеза во типичните македонски куќи со живи огништа каде што живееле и сеуште живеат Македонци по светот и се` уште ги готват истите јадења од јариња, јагниња, прасиња и многу риба, декорирани со јајца, сирење и зеленчук.

Рецепт за правење сирење: Наесен кога се повлекуваат овците од планина жолчката од јагне измешана со млеко во земјен сад се закопува во земја да презими. На пролет со тоа се поткиселува, сурутката се цеди во платна и до цвиката се вари урда. Видов слика како тоа се работело пред неколку илјади години, истото го знаат и денес го прават по бачилата низ Македонија.

На сличен начин се прави и потквас за лебот кога од тестото се остава маја за наредното месење. Кај некои народи се употребуваат бесквасните лебови. Македонците од секогаш работеле на принцип на збуфнување, потквасување, поткиселување, ферментирање, како што правеле боза, пиво, алкохоли, зелка со лути корени. Така било олеснето варењето на храната во желудник.

Ренот се ренда на ситно. Се става во тегличка со кисело млеко и стои со месеци. Се додава на печено месо, на манџи и супи сосема малку. Го заменува лукот и лутиот пипер. Намачкан на залак лепче удира на нос до болка и лечи настинка. Ги чисти дишните органи од вируси.

ishranata-na-drevnite-makedonci-2-2

За да може подолго да стои храната од сите видови се потсушувала и димела над огништата. Основа на готвењето било киснење и варење, а поретко печење. Месото, рибите, овошјето и зеленчукот најдолго траеле сушени како резерви на храна за војската, народот и масовните прослави иако можеле да се најдат свежи во секое време. Од зеленчукот позната била зелката, морковот, аспарагусот, доматот и пиперката, коприва, разни видови диво зелје, како мечкина шепа, киселец, лук, рен и други лути вкусови што ги лутеле и кислеле луѓето и го јаделе за здравје. Дивиот лук на Кожув го има како листови со уште посилен мирис и лут вкус. Тука се и други мирудии и билки за секоја манџа или листови за украсување на масата. Голема била употребата на ловорот, рузмаринот, магдоносот, жалфијата, лист и цвет од диво нане, боливачот како гранчиња за надополнување на вкусот или сушени перца и листови од сите лековити билки опишани кај Хипократ.

ishranata-na-drevnite-makedonci-2-3Со познатите рачни мелници од тоа време се мелеле семиња од мак, сусам, бибер и други семиња што се додавале во каши, чорби, чаеви. Сите овошја што зреат под македонско сонце се употребувале од сезона до сезона. Дињата, лубеницата, тиквата, нарот, дуњата, сами траеле до доцна есен. Јаболката, сливите, кајсиите, грозјето, се сушеле за зимница каде што стоеле заедно со маслинките, смоквите, оревите, лешникот и житата. Понекогаш магацините биле поголеми од куќите. Медот бил за сите сезони и сите возрасти, како енергетска храна и лек.

Рецепт: Сварена смоква во млеко уште врела се става на апцс, чир, отечен заб за брзо созревање и рушење на гнојни места. Ранички се премачкувале со мед при испукани усни.

Да го спомнеме и македонското слатко дрвце, има и латинско име што го користела фалангата во пустините и не биле жедни и по осум дена патување. Се` било економично, рационално за одржување на кондицијата и имунитетот. Не се исцрпени набројувањата на продуктите за храна на древните Македонци. Индиректните индиции на садовите кријат уште многу тајни; за што служеле, како се употребувале и колку долго траеле без измена да стигнат до нас. Проучувањата на пеплиштата на Везув и Етна скамениле се` што тогаш живо и мртво се наоѓало во Помпеја, се` тоа има македонски корени со населување на Јадранот по Тројанската војна и ширење на Римјаните со војска под команда на Македонци генерали и императори.

Наноси на реките, пештерите, откопувањето на гробовите и градовите ни го дава вистинскиот доказ. Зачудувачки се рецептите за јадења и лекување од кој знае и од кога до сега. Секоја генерација ги сакала јадењата на баба и така сме ги наследиле од пред неколку илјади години, не во сличност, туку во истоветност.

Македонската салата, ајварот, тавите со јадења, сирењата од Македонија ги патентираат други. Што да им правиме кога толку ги окупирал македонскиот дух, нека не` слават, нека не` сакаат, не само јадењата, туку целиот фолклор, музиката, облеката, натоварена невеста ќе ги пречека ќе ги пречека крај полна трпеза. Нека повелат, нека и` бакнат рака на невестата, нека пробаат сол и леб и потоа се` што е изложено на трпезата што јаделе древните Македонци тогаш и Македонците денес.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.