Среда, 01 Октомври 2014    PDF Печати Е-пошта
Вардарски чифлик - вистински приказни од Тиквешијата

(пишува: Александар Башмаков – 1899 година.)

staro-kavadarci...Поминавме по мостот на реката Вардар и продолживме по степата. Планините започнуваат понатаму.

- Челеби, да појдеме на чифлихот за да преноќиме, бидејќи ноќва нема ништо да направиме – рече Хасан.

- Што е тоа чифлик (фарма)?

- Тука живее челебијата од Алеманија, со својата сопруга. Одамна го има купено овој чифлик и живее мирно (го купил 1890 год.)

Се приближивме до чифликот, каде што трепереше светлина. Се слушна гневно лаење на кучињата. Кон нас се приближуваше еден вооружен човек, ама го препозна Хасан со кого започна срдечен разговор. Слегоа од седлата, и кон мене дојде самиот домаќин. Се преставив.

- Извинете – ми рече тој на француски – што ве примам без потребните удобности, јас само што се вратив од пат, а горе, жена ми се готви да отпатува во Европа.

Се утврдува дека „Челебијата од Алеманија“ е англиски рударски инженер, роден во Смирна, кој го купил „Вардарскиот чифлик“ со привилегирани поволности пред девет години. Освен земјоделието и сточарската фарма, тој под коцесија ги презел и рудниците на жива и антимон кој се наоѓале на најнепристапните делови од Мариовските Планини, на  границата од Тиквешијата. Тие рудници се експлоатираат со средствата на солунскиот еврејски трговец со презиме Алатини, а со помош на Лендербанка.

„Вие не можете да си претставите колку е богата таа земја- ми рече сопственикот на имотот г. Шарл Хаткинсон, кога седнавме во пријатната трпезарија, а неговата сопруга почна да не служи со чај, на традиционален англиски начион: во сребрен прибор и со големи чаши. Во аголот од собата лежеа коњите; на  ѕидовите висеа англиски слики; во соседната соба гувернантка – Англичанка, ги подготвуваше за спиење малите нагелчиња, чистокрвни „англисх бабѕ“.

- Овие стени, покажа со раката домаќинот -  се високи 800 метри, и се издигаат над живописна клисура. Насекаде има вода, а на врвот и снег во најтоплите денови од годината. Насекаде непреодна и со векови густа шума, која не е својствена за овој дел од Македонија каде што се е изгорено и пусто. Има дивеч во изобилство, прекрасни пастрмки во реките и многу диви ѕверови – мечки, волци. Во февруари осум Албанци биле изедени од волците. Тие биле нападнати од глутница, од околу 200 волци. Долго време се бореле и успеале да убијат околу 30 волци, но сепак биле распарчени. Волците им ја изеле облеката, обувките, кундаците од пушките, се. Останале само металните делови од пушките.

- Кажи ни, госпоѓо – прашав јас, - се случило ли некогаш престрелка во близина на вашиот имот?

- Не, ние овде живееме доста мирно, меѓутоа секогаш сме вооружани.

Притоа госпоѓата толку многу знаеше за репетиционите системи на пушките „винчестер“, „маузер“, „манлихер“ што веднаш разбрав до каков степен се на светот е релативно, па дури и идејата за мир.

Во собата влезе јунак, Албанец, со импресивна анатомска градба и опашан со реденик од стотина куршуми, со ременот стегнати низ целото тело. Тој со видлива „овчешка“ покорност дојде по наредбата од својот господар – внимателно го ислуша и излезе.

- Обратете внимание на нашиот слуга, - рече домаќинот. – Тој е тука наш главен војник, соборувајќи го рекордот и во натпреварување на сите атлети од Тиквешијата. Еве погледнете ја оваа фотографија, направена од празнувањата во Кавадарци.

Домаќинката ми ја подаде фотографијата на која се гледа дека се собрале многу гледачи околу арената, околу борците кои импресиорнираа со својата големина и сила, а имаше и многу муслиманки со „украсни камења“.

- Зарем жените кај вас учествуваат на ваков собир? – прашав јас. – Пред неколку дена на именденот на султанот во Битола гледав големо народно празнување, имаше повеќе илјади луѓе, ама ниту една турска жена.

- Не овде важат други правила – одговори госпоѓата Хаткинсон.

- Сакате да ви покажам портрет на муслиманизирана Словенка, сликана од мене за време на посетата на една свеченост во Кавадарци. И ми подаде едно плико.

Пред мене имав фотографија на карактеристична словенска убавина, која полна со самоувереност смело гледаше напред, без да има на себе некаков накит и скапоцени камења.

- Треба да знаете дека овде вистински Турци нема. Има само муслимански Словени (помаци).

(...)

Г-ѓа Хаткинсон се вмеша во разговорот. – Јас  пак од истите жени муслиманки дознав многу интересни работи, и од посетите на харемите каде разговарав со тамошните станари. Вие и не можете да сватите колку ум се крие зад тие решетки, колку талент, колку длабоко размислување за животот. Во прангите на турскиот харем, моќна и полна со талент го живее својот живот помуслиманетата Македонка.

- Кажете, го сметате ли муслиманството длабоко засеано во словенската почва? – прашав јас.

- Подобар одговор за тоа може да биде тоа, што тие самите мене ми го кажале, - ми рече на тоа господинот Хаткинсон.

Дискусијата премина во друга насока, т.е. што ќе биде во случај ако во Македонија биде воведен христијански поредок.

Го запрашав дали имаат намера да се иселат во Азија и да го напуштат својот имот. Тој ми одговори: „За ништо на светот не би го направиле тоа. Како ќе ги оставиме своите ниви? Ние подобро да останеме и брзо да го примиме дури и христијанството. Па, ние веќе еднаш сме ја смениле верата. Ако треба уште еднаш ќе ја смениме. А да заминеме одовде немаме намера“.

- Верувате ли во можноста за востание, - прашав јас.

- Мене не ми се верува. Ќе умре премногу раја. Тие дури не умеат да се служат ни со оружје. Но ако има востание, тогаш Турците ќе дадат се од себе. Тогаш може да се случи да бидат убиени многу христијани.“ Тогаш домаќинот ја дополни својата мисла изложувајќи го општоевропскиот поглед кон Турција, осудувајќи ја нејзината моралност, неспособност и фактичките противречја на стварноста.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945.)“ од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци  2010.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.