Среда, 08 Октомври 2014    PDF Печати Е-пошта
В’мбелскиот извор

Преданија и легенди

vmbel

Пред многу години, под ридот Нарид меѓу селските гробишта и Марковиот бунар извирала голема вода наречена Изворо. Водата се движела по трапот надолу, покрај бунарот на Марковци, потоа меѓу куќите на Ставровци и Љоровци (на Циљо), под куќите на Сомовци, по силиштата на Тимјовци, Стајовци, пред Рошовото маало излегувала на Подсел, каде што во трапот биле зачувани, до наше време, урнатини од некогашните валавици и воденици. Неколку десетици години по основањето на селото, на изворот дошле да перат влаинки од бачилата во планината. Тие переле волна и се испокарале за тос која да пере со почиста вода до самото врело на изворот. Во лутината започнале да фрлаат руна од волната во самото врело на изворот. Волната, накисната, натежнала и започнала да се таложи во дупката, а Влаинките ја газеле за да се испере почисто. Тогаш се случило чудо! Истиот ден, во соседното село Лобаница, оддалечено 6-7 километри од В’мбел, се појавил извор, кој постои до ден денешен.

Дали има вистина во преданиево кое живее до денешни дни и продолжува да се раскажува? Дали сето тоа се случило така или не, не е многу важно. Меѓутоа фактите одат во прилог на преданието дека селото некогаш имало свој извор. Имено, на Нарид уште постоеше дупка од кладе што извирала вода на изворот. Од поколение на поколение, дупката била посочувана како место од каде извираше водата на изворот. Патот што го опишавме по кој поминувала изворската вода постои, а и урнатините лоцирани во самиот дел во Потсел, можат да послужат како доказ дека навистина тука некогаш имало изградени објекти за чија функција се зборувало дека биле валавици и воденици. Ако, од голема желба да се има вода, преданиево го измислил некој селски шегобиец, немаше да се задржи толку долго. Ова предание во целост го имаат потврдено Атанас Фушкин (жител на Пловдив (Бугарија) и Васил Таревски, жител на Костур (Грција) и двајцата на возраст од  92 години. На разговорите што ги водевме во  првата половина на 2001 година и двајцата потврдија дека истото предание го имаат слушнато од своите дедовци.

Предание за селото Витолишта

Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро, се распрострело мариовското централно село Витолишча.

На исток планинскиот гребен: Перун – Трибор – Српјанец – Козјак – Зелка го пара небото и прави ѕид меѓу Прилепско и Тиквешко; од запад: Голата Скрка – Шипка -  Ќимкова Скрка; од север Рожден, Становица – Коленеш, и од југ: Панделе и Полчишкото Поле држат завет од необузданите ветришта: северот, Југот, Мегленецот и Дерикоза. Така заштитено, селото живее и се множи. Некогаш дваесет-триесет куќи, денеска брои двесте без некоја.

Како настанало ова село? Како и сите други наши села.

Легендата кажува дека многу одамна, а кога – не се знае, живееле долу крај реката Црна во селиштето Разлог тројца браќа: Раде, Гале и Вите. Се разбира тие тогаш се занимавале со сточарство, лов, пчеларство и помалку земјоделие. Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси  секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат попогодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност. На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева. Прибирајќи ги есено време коњите, вите видел убави ораници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец – колипка – во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата. Така Вите се заселил во оваа котловинка и ги удрил темелите на сегашното Витолишча; по неговото име го добила името и самата населба.

Гале и Раде исто така го напуштиле своето живеалиште и прешле преку Црна, та едниот ги удрил темелите  на сегашното село Галишча, а другиот – на Радобил, кои ете биле крстени на нивните имиња.

Оваа легенда старите ја поткрепуваат со заедничкиот селски панаѓур (сведен) Свети Атанасија- зимни, кој го служат сите три села, како некогаш што го служеле сите тројца браќа Раде, Гале и Вите.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.