Среда, 15 Октомври 2014    PDF Печати Е-пошта
Наречници

narecnici

Меѓу многуте верувања на човекот во постоење на разни натприродни суштества спаѓа и верувањето во наречниците. Имено народот верува дека на третата вечер од раѓањето на детето доаѓаат наречниците и му ја одредуваат судбината. Според верувањето наречниците се секогаш три жени или девојки и доаѓаат точно на полноќ, како што се вели во глуво доба. Во некои краишта се врувало дека тие се жени, во други дека се девојки, во охридско уште дека се облечени во бела селска облека. Она што ќе го каже третата, последната, во некои верувања најстарата, во други најмладата се смета за конечно и другите две се согласуваат со тоа. Во некои верувања најстарата обично барала смрт, средната некакви телесни недостатоци, додека најмладата по чии желби обично се постапувало била најмилостива и таа зборувала колку детето ќе живее, кога ќе се ожени (омажи) каква среќа ќе има во животот и се друго што ќе му се случи. Според верувањето наречниците нареченото го пишувале во тефтери (книги), а според верувањето што го забележал Цепенков на коскста од главата. И во зборнкот на браќата Миладиновци среќаваме запис за наречниците: „Кога детето се рожат, таја вечер идат три жени, кои нар'чват колку и како ќе живјат роденото, и што ќе нар'чат това ќе бидит. Тије три жени се викајат нар'чници“.

Се верува дека наречниците не може да ги види никој освен во ретки случаи мајката на новороденото дете или некој просјак или патник кој тука случајно ќе се најде.

Народот верувал дека тоа што е наречено од наречниците не може да се менува, а ако некој се обиди тоа да го направи ќе биде казнет. Сепак во народот постојат некои обичаи што имаат цел да ја придобијат наклонетоста на наречниците или нив да ги избегнат. Во Дебарца (Охридско) забележавме еден обичај што има цел да го заштити детето од лоштото наречување на наречниците. Имено на третата вечер од раѓањето, значи кога се очекува доаѓањето на наречниците, една постара жена, обично бабата на детето, зема пепел и растура од печката или од огништето до вратата. Потоа го зема детето и со стапалото прави трага во пепелта кон вратата велејќи: „Биро, ко ќе дојдат да ми те барет наречниците, еве го патов ти си ми појдено на кошара, таму да те барет, овде да не идат“.

Верувањето во наречниците нашло одраз во целото македонско народно творештво. Пословиците најчесто го содржат верувањето дека тоа што е наречено не може да се менува: „Така му било речено“ или,: „Така му било писано“, или: „Што му е наречено од наречниците не може да куртулиса макар во волов рог да се пикни“, или: „Што му е пишано на третата вечер на глаата од чоека, сето ќе му врви преку глаа“.

Во другите народни умотворби, приказните и песните, овој мотив е проширен со многу поединости што е резултат не само на широките можности за уметничко обликување на фантазијата на луѓето, на оние природно потенцирани многубројни чувства и очекувања, желби и надежи, неизвесности и неспокојства што новороденото дете секогаш ги предизвикува кај неговите најблиски, туку и на контаминирањата на овој мотив со други фантастични мотиви, како и на позајмувањата на елементи, епизоди и цели творби со оваа тематика од други народи особено од турскиот народ.

Овој мотив, наречувањето на наречниците го среќаваме и во една позната песна за раѓањето на Марко Крале. Бидејќи со овој голем јунак се поврзани низа фантастични елементи и митолошки суштества на народниот творец не му било тешко да го поврзе и со наречниците.

Трудна била млада Евросима, трудна била, дете си родила.
Волкашин се многу израдува, дека му се машко дете роди,
си го прати на крштење в црква, да го крстат уште недојано
на детето името му дале, чесно име Марко Кралевиќе.
Волкашин ми гости поканило, повојница на дете да сторат,
треќа вечер со слатка вечера.
Гости дошле и си вечерале, по вечера што си полегнале,
полегнале и сите заспале, Волкашин ми саде не спиело.
Време било токмо на полноќе, на полноќе, време глуа доба,
што му дошле до три наречници, на детето кжсмет да наречат.
Двете кжсмет на Марка нарекле, треќа рекла - Марко да е јунак,
кога момче оно да порасти, на татка си коски да му скрши...

(Фрагмент од народна песна – Подготви: Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.