Среда, 22 Октомври 2014    PDF Печати Е-пошта
Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион (1 дел)

dico-zograf-1

На полето на уметничките создавања во бурниот XIX век, време кога се раѓаат силни противречности и судири помеѓу старите и новите поимања за црковната уметност, на македонската сцена како централна фигура со својот импозантен опус и талент се издигнува врвниот иконописец Дичо Крстевич - Зограф. Делото на овој мајстор кој во својот работен век од триесеттина години изработил над 2000 икони, го следиме насекаде низ Македонија, но и во соседните Србија, Бугарија и Албанија…

Зачетоците од богатиот творечки пат на Дичо Зограф, во периодот од 1840 - 1844 г. (работата во црквите на егејското крајбрежје, зографскиот ангажман во црквата Св. Георгија во Лазарополе и идентификацијата со зографот Дичо Перкоски чиј потпис се наоѓа на две места во овој храм) се уште остануваат неразрешена енигма на која идните проучувачи ќе треба сериозно да се посветат. Се до денес, за најрано досега познато Дичово дело се прифаќа иконата Богородица Пантохора од црквата Св. Јован Канео во Охрид, а која ја потпишал и датирал во 1844 година.

Во истата и следната, 1845 година, Дичо работи иконописни нарачки за црквите во својот крај, во село Росоки, за црквата Воведение на Богородица и во родното село Тресонче, за црквата Св. апостоли Петар и Павле каде се навраќа неколку пати, се` до 1854 г., кога ги презел последните зафати. Истата, 1845 година, со нови траги од Дичовата рака се среќаваме и во струшкиот крај, каде го оставил својот потпис на иконата Воведение на Богородица, од истоимената црква во село Јабланица.

dico-zograf-2Во следните две години Дичовото дело го следиме во црквите од скопскиот регион. Првата нарачка во овој регион, според досегашните сознанија, ја добива за црквата Св. Богородица (Св. Спас) во село Кучевиште. Во 1845 г., Дичо заедно со своите соработници работи на обновување на иконите за иконостасот, но по пожарот од 1983 г., кога изгорел поголем дел од иконите, останала сочувана олтарната врата од протезисот на која Дичо го насликал Архангел Михаил како ја одзема душата на богатиот (кат. 1) и ја потпишал: ■(■ ^грдфт» сллг|ренѓ| дѓ|чо (5 деворт* I, а под потписот ја навел годината 1845, месец ноември, ден 30 и уште три помали празнични икони кои не се потпишани: Раѓање Христово (кат. 2), Крштевање Христово (кат. 3), Влегување во Ерусалим (кат.4) и иконата со претставата на св. Петар (кат. 5) од иконите со апостолите, а за кои без сомнение може да се тврди дека се дела на Дичо Зограф. Тие денес се чуваат во протезисот на олтарниот простор од црквата.

При крајот на истата, 1845 г. и следната 1846 г., продолжува со работа во скопскиот регион каде добива голема нарачка за црквата Св. Георгија во село Бањани, за што дознаваме од ктиторскиот натпис над западната врата која води од припратата во наосот, каде е наведено дека со сликање во овој храм Дичо завршил на 5 декември 1846 г.: мцд декеллври 5: д^мѕ, а не 1847 г. како што досега беше евидентирано во литературата. За овој храм ги работи иконите за целиот иконостас и го живописува целиот источен ѕид на припратата. За иконостасот ги насликал четирите престолни икони: Исус Христос Седржител (кат. 6), Богородица со Христос (кат. 7), потпишана и датирана: ^шгрдф-и смг|ренѓ| дгро 6) кд^д деворт, 1845, св. Јован Претеча (кат. 8) и Архангел Михаил (кат. 9), а ги декорира и парапетните плочи со флорални елементи, царските двери, 15 - те икони со апостолите и деисисот, 15 - те празнични икони и крстот над иконостасот. Од ѕидното сликарство создадено од Дичовата рака во припратата сочувани се петте фреско - икони: св. Георгија, Богородица со Христос, Исус Христос Седржител, св. Јован Претеча и св. Димитрија пов-кди ^в-крл, а под нив имитации на парапетни плочи на кои се насликани кантароси со цвеќе и комплексната композиција на Страшниот суд, за која во досегашната литература постоеја различни мислења дали оваа композиција е Дичово дело. Сепак, според стилските карактеристики и иконографското решение на композицијата со сигурност може да се тврди дека е дело на Дичо Зограф, а воедно е и единствениот досега откриен примерок во ваква форма во ѕидното сликарство насликан од овој зограф.

dico-zograf-3

Следните Дичови чекори во 1846 г. ги следиме во манастирската црква Св. Илија Горни, над селото Бањани. За обновувањето на иконостасот од страна на Дичо дознаваме од записот на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона Исус Христос Седржител, а која во долниот дел е потпишана и датирана: ^грдфт* сллирени димитрТд СОдеБорт* СЗсело, тресднче 1846 л\д?15. На неговиот опус со сигурност припаѓаат и осумте икони со апостолите од овој иконостас.
При крајот на 1846 г. и почетокот на 1847 г. продолжува да работи на иконите за целиот иконостас и ѕидното сликарство во куполата на наосот во манастирската црква Св. Никита кај село Горњани. За иконостасот ги изработил престолните икони: Исус Христос Седржител, Богородица со Христос и двете потпишани и датирани на 20 декември 1846 г.; св. Јован Претеча, каде во долниот дел на иконата е испишан цитат од тропарот за св. Јован Претеча, глас втори: плм_т_прлведндг©...; св. великомаченик Никита, потпишана и датирана: ^шгрдф_ смиренш дг|мѓјтрТд со де_ор*_ 1847 г. месец февруари 15 ден; Архангел Михаил, која не ја потпишал, но ги навел имињата на приложниците и ја датирал со годината 1847; Крунисување на Богородица, исто така не е потпишана, но е очигледен потегот на Дичовата рака. Иконата со претставите на св. Георгија и св. Димитрија, потпишана и датирана: и^_ р$ки дичд ^грдфд. 1856 мц_ дприл :13:, која денес се чува во оваа црква и стои потпрена на долниот дел од иконостасот се претпоставува дека припаѓала на иконостасот од црквата Св. Троица во село Чучер. Дичо во овој храм ги работи и царските двери, иконите со апостолите, како на пример иконата со претставата на апостол Јаков (кат. 10), празничните икони, на кои припаѓа и иконата со приказот на Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител (кат. 11), крстот над иконостасот и малата икона Богородица со Христос и светители (кат. 12). Но, Дичо не се ограничил со сликање само на иконостасот, туку ја пресликал и Божествената литургија со Исус Седржител во темето на куполата на наосот, запазувајќи го инкарнатот и линијата на формите изведени од постарите мајстори. Иако во литературата оваа композиција не е претходно анализирана, сепак, според стилските карактеристики и компарациите направени со останатите примероци на Божествената литургија, насликани од Дичо Зограф за други цркви, со сигурност може и овој примерок да се атрибуира како негово дело. Во нишата на јужната фасада, лево од влезот на црквата, сочувани се оштетени делови од живопис, каде Дичо го насликал патронот на храмот, Св. Никита, на коњ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.