|
||||
Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион (2 дел) |
После неколкуте години творење во скопскиот регион, веќе следната 1848 г., Дичо со зографски зафати се префрла во црквите во реканскиот и гостиварскиот крај. За манастирската црква во Бигорскиот манастир го слика кивотот за мошти; во црквата Архангел Михаил во село Битуше ги слика престолните икони за иконостасот и неколку медалјони со светители на долниот дел од сводот на наосот; во црквата Св. Георгија Победоносец во село Рајчица работи на живописот; во црквата Св. Богородица во село Вапа слика икони за иконостасот; повторно во храмот Св. апостоли Петар и Павле работи живопис во нишата над влезната врата; пак се враќа и во Бигорскиот манастир, каде во машката трпезарија го слика портретот на митрополит Мелетија; во црквата Св. Никола во село Киченица работи на иконите за иконостасот; во храмот Св. Ахил Лариски во село Требиште работи на живописот и иконостасот кој ќе биде завршен дури во 1861 г. и повторно се враќа во село Росоки, во храмот Воведение на Богородица каде работи на иконостасот и живописот во лунетата над влезната врата, а за овој храм добива нарачки се` до 1854 година. Во периодот меѓу 1849 и 1853 г., работи и во струшкиот крај каде на повеќе наврати ги спика иконите за иконостасот во црквата Св. Атанасија во село Селци, Малесија, потоа иконата со Богородица во црквата Св. Никола во село Вевчани, потпишана од Дичо Зограф и датирана 1849 г. и од 1850 г. иконата Раѓање на Богородица за црквата Св. Богородица во село Дренок. Во пределите на Западна Македонија континуирано твори се` до 1851 г. кога повторно се враќа да работи во регионот на Скопје, во месноста Горни Забел, над с. Горњани. За потребите на новата мала црква Св. Благовештение, изградена врз темелите на постара манастирска црква со иста дедикација, Св. Благовештение, ги насликал престолните икони, царските двери, празничните икони и крстот над иконостасот. По завршувањето на работата во овој храм, слика неколку помали икони за скопските цркви, како на пример, иконата за црквата Св. Спас, со претставата на апостол Тома, потпишана од Дичо и датирана 20 декември 1851 година, а истата година, но неколку месеци порано, на 5 март 1851 г. е потпишана и датирана иконата Богородица со Христос и други светители, од црквата Успение на Богородица во охридската месност Каменско, која заедно со иконата Богородица Пантохора се смета за едно од најраните охридски дела на Дичо Зограф. Веќе наредната, 1852 г., Дичо го среќаваме како работи на иконостасот во Св. Димитрија во село Волковија, гостиварски регион и го завршува фрескоживописот и дел од иконите за иконостасот во храмот Благовештение на Богородица во манастирот Богородица Пречиста, во близина на Кичево. Следниот ангажман на Дичо, во 1853 г. во литературата е наведен како работа на престолните икони за храмот Св. Никола во скопското село Љубанци, но при скоро спроведените теренски истражувања и увидот во тие икони, се дојде до заклучок дека престолните икони во оваа црква не се дело на Дичо Зограф, туку на мајсторот Павле Аврамовски од Галичник кој завршил со работата во оваа црква во 1881 г., што се потврдува со натписот на сводниот лак кој се наоѓа на јужната страна од црквата. Голема е веројатноста дека истражувачите во минатото ја поистоветиле црквата Св. Никола во селото, со манастирската црква Св. Никола, која се наоѓа над самото село Љубанци. Валидноста на овој податок лежи во неодамнешното откритие при нашите теренски истражувања во манастирската црква Св. Никола, за чии потреби Дичо во 1853 г. ги изработил престолните икони: Богородица со Христос, потпишана и датирана: _^_ рЅки дѓ|чд ^грдфд, © деворск© держдвб село тресднче 1853; Исус Христос Седржител, потпишана и датирана: и^ р_ки дѓрд. ^ 1853; св. Јован Претеча, потпишана и датирана: и^ р_ки дичд ^гр_фд 1853; св. Никола, потпишана и датирана: 1853 и^-_ рЅки дичд ^грдфд и св. Тројца Јерарси (Василие Велики, Јован Златоуст и Григорие Богослов), каде потписот во долниот дел на иконата е мошне оштетен. Од 1853 г. се и двете скоро идентификувани Дичови дела: иконата со Богородица од црквата Св. Георгија во с. Врница, регионот на Голо Брдо кое денес влегува во албанска територија, на која Дичо оставил свој потпис и катапетазмата, платното кое ги затвора царските двери, со претставата на Исус Христос Жизнодавец од црквата Св. Атанасија, с. Селци, во струшката област Малесија. И на ова дело Дичо го оставил својот потпис и го датирал, октомври 1853 година. По овој голем зафат, во 1854 година, повторно работата ја префрла во скопскиот регион, во црквата Св. Спас во село Црешево. Иконописниот ансамбл во овој храм, заедно со иконописните ансамбли од црквите Св. Георгија, с. Бањани и Св. Никола, с. Глуово, е еден од најубавите и најбогатите од неговиот опус во скопскиот регион. За иконостасот на овој храм насликал пет престолни икони: Исус Христос Седржител, потпишана и датирана: Повторно во истата година со Дичовото дело се среќаваме и во прилепскиот крај, во манастирот Трескавец каде го слика портретот на јеромонахот Самуил. Веќе следната 1855 година повторно работи во скопскиот регион каде ги слика иконите од иконостасот за црквата Св. Никола во село Глуово, а го живописува и полуцилиндричниот свод во припратата. За работата на Дичо во овој храм добиваме сигурни податоци од ктиторскиот натпис над јужната влезна врата од внатрешната страна на наосот, каде на крајот на записот се потпишал Дичо: И7,т» рЅкѓ| дѓ|чд 7,1Л>грдфд д^уне (1855 Г.) ллцд ллдТд: и (8). За овој храм ги работи 10 - те престолни икони: Исус Христос Седржител, каде во долниот дел на иконата се наведени донаторите и на крајот потписот на Дичо: и^ рЅкѓ| дѓ|чд ^шгрдфд; Богородица со Христос, потпишана: и^ р8кѓ| дѓ|чд ^грдфд; Св. Јован Претеча, каде во долниот дел на иконата се наведени имињата на приложниците; Св. Никола Мирликиски, потпишана и датирана: и^ рбкѓ| дѓ1чд 7,и>грдфд д^не (1855 г.)" и непотпишаните Св. Архангел Михаил, Св. Атанасиј Александриски, Св. Георгија и Св. Димитрија, Крунисување на Богородица, Св. Харалампиј и Св. Петка. Бројката на примероци насликани од Дичовата рака се зголемува со царските двери, 12 - те икони со апостолите, 12 - те празнични икони, меѓу кои е и иконата со сцената на Христовото Воскресение и крстот над иконостасот со Распетието Христово. Малите икони за целивање поставени на иконостасот веројатно се изработени од страна на соработниците кои работеле заедно со Дичо во овој храм. Ѕидното сликарство е со големи оштетувања, бидејќи е изработено на лоша подлога, но сепак сочувана е претставата на Исус Христос Седржител во темето, а од неговата лева и десна страна се насликани фронтални претстави на пророци, по четири од секоја страна. Над главата на Исус ја насликал и композицијата Воскресение Христово. Под фигурите на пророците е испишана молитвата: Сеи дбмт, би> во^движе ... и на крајот годината 1855. Во литературата е забележано дека истата година работи и на престолните икони во црквата Св. Никола, Маврово. Но, веќе следната, 1856 г., повторно работи во близина на Скопје, во храмот Св. Троица во село Чучер. Во литературата е наведено дека Дичо во овој храм ги слика сите престолни икони и крстот над иконостасот, а според натписот кој стоел до влезната врата на старата црква, работел и живопис за кој се тврди дека според натписот кој стоел до влезната врата на црквата, бил завршен на 29 октомври 1856 година. При најновите теренски истражувања овој податок не можевме да го потврдиме, бидејќи врз основата на старата, целосно срушена црква, наидовме на новоизграден храм. Иако живописот е целосно уништен, сепак со Дичовото дело се среќаваме преку престолните икони: Исус Христос Седржител, Богородица со Христос, Св. Јован Претеча, св. Никола, св. Атанасиј Александриски, Крунисување на Богородица, Св. Архангел Михаил, Св. Харалампиј и Св. Петка. На првите шест претходно наведени икони, има записи кои се тешко читливи, но може да се увиди дека се спомнуваат приложниците, а на дел од нив може да се види и по некој дел од Дичовиот потпис. Иако на последните три икони нема никаков потпис, тие, без сомнение, се насликани од раката на Дичо Зограф. Дел од сочуваното Дичово творештво во овој храм е и крстот над иконостасот со Богородица, Св. Јован Крстител и Распетието Христово во средината. При крајот на 1856 г. и 1857 г. добива нарачки за изведба на икони во Куманово, во црквата св. Никола и во близина на селото Старо Нагоричино, кумановски регион, во црквата Св. Богородица. продолжува
|