Во 1080 година е завршена градбата на манастирската црква, градена во стар стил со камен и тула. Значајно да се спомене е дека оваа црква е единствената која воопшто не е уривана. Оваа црква на времето била фрескописана во 11 тиот век, 12 тиот и 14 от век, но фреските се многу малку зачувани. Последен слој на фреските е од 19 от век. Фреските постоеле до почетокот на Првата Балканска војна. Во 1913 година грците ја запалиле црквата од внатрешна страна и тогаш изгореле речиси сите фрески што постоеле. Денес се зачувани мал дел фрески од 11 от и од 12 от век. Основач на манастирот, како машки манастир е епископ Мануил, кој има потекло од Мала Азија од гората на Свети Аксентиј, каде што тој живеел како монах многу години. Во неговите поодминати години бил назначен за епископ на Тивериполис (Струмица). За него се вели дека е по потекло до богато семејство и дека имал големо наследство, а тој сиот свој имот го вложил во подигањето на манастирскиот комплекс. Во тоа време во манастирот се занимавале со преведувачка и препишувачка дејност а исто така имале познавање од уметноста, така што голем дел иноки се фрескописани од самите монаси. Монашкиот живот продолжил во континуитет а за прв пат бил прекинат околу 1945 година, а манастирот извесно време бил како скривница на партизаните. Во втората половина на 20 от век е под заштита на Заводот за заштита на споменици, кога започнале археолошки истражувања. Направени се реконструкции на подниот моазик и на иконостасот. Од 11 от век се сочувани столбовите и горната греда, два три капители и едно малечко парче кое е вградено во долната плоча од олтарната преграда. Во 1995 година, монашкиот живот во манастирот повторно се возобновува и повторно започнува како машки манастир, за една година подоцна да стане женски манастир. Од тогаш наваму, се служи литургија секој ден. Доаѓаат свештениците од струмичко и имаат по една недела дежурство. Епископот Мануил, манастирот го посветил на Воведение на Пресвета Богородица. Откако луѓето почнале да слават слави, селото ја земало славата на Пресвета Богородица на 21 ви септември, во овој манастир го славеле празникот до ден денес. Имено на тој ден манастирот е најпосетен. Во манастирот во минатото постоела камбанарија, но сега е изградена нова.
Во дворното место на манастирот се наоѓаат откопини од Манастирската бања, која што е подигната кон крајот на 10 от век и припаѓа на источната водочка црква. Градбата поседувала приземје вкопано в земја и кат над него. Во приземјето биле сместени ѕидното огниште и инсталацијата за затоплување, а капењето се одвивало во просториите на катот. Во просторијата 1, која што била користена како соблекувална, но и како соба за капење со ладна вода. Просторијата 2 служела само за капење со топла вода а просторијата 3 била сауна. Доводот за вода во бањата е целосно уништен, меѓутоа е сочуван само каналот за одвод на нечистата вода во реката Водочица. Бањата настрадала заедно со источната водочка црква. Соблекувалната била напуштена а просториите 2 и 3 биле преуредени во работилници за стакло. Божјиот храм Вељуса е конзервиран и реставриран во периодот од 1975 до 1985 година со заеднички напори на македонскиот Републички завод и општинскиот одбор за заштита на спомениците на културата Струмица. |