Култура и туризам
Четврток, 07 Октомври 2010 12:42    PDF Печати Е-пошта
Министерот за култура Канческа - Милевска во посета на Пустец

beti-ministerstvo-240Министерот за култура Елизабета Канческа - Милевска денеска ќе ја посети општина Пустец, Република Албанија.

Повеќе...
 
Понеделник, 04 Октомври 2010 16:48    PDF Печати Е-пошта
Во Охрид дводневен Меѓународен симпозиум по повод 1.100-годишнината од смртта на Свети Наум Охридски

simpozium-ohrid-sv-naum-240Годинава во Република Македонија, преку најразлични манифестации и научни собири, се одбележува 1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот.

Повеќе...
 
Вторник, 21 Септември 2010 01:00    PDF Печати Е-пошта
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

rozdenstvo-na-presveta-bogorodica-240Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепак тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните покрај на Исус Христос можеле да и одадат заслужено признание и на неговата мајка.

Повеќе...
 
Понеделник, 09 Август 2010 02:51    PDF Печати Е-пошта
Св. Климент Охридски, Св. Седмочисленици, Св. Пантелејмон, 9 VIII/27 VII
sv-kliment-sv-pantelejmon-240Денеска се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на денешен ден 916 година. Исто така, на денешен ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици. Денеска светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон.
Повеќе...
 
Четврток, 29 Јули 2010 15:26    PDF Печати Е-пошта
Јубилејно издание на фестивалот „Илинденски денови“
ilindenski-denovi-bitola-240Во организација на Центарот за култура Битола и под покровителство на Собранието на Република Македонија, вечер во овој град по 40-ти пат ќе се одржи државниот фестивал на народни песни и игри „Илиденски денови“.
Повеќе...
 
Вторник, 27 Јули 2010 11:19    PDF Печати Е-пошта
Илинденски денови слави 40. роденден
ilindenski-denovi-40-godini-240Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, кој традиционално се одржува во Битола, годинава  прославува 40-годишнина од формирањето. Низ годините манифестацијата стана стожер за духовно поврзување на Македонците од целиот свет, огледало на културната разновидност на нашата земја, а со својата интернационализација стана мост за поврзување со вљубениците во народната култура од целиот свет.
Повеќе...
 
Среда, 07 Јули 2010 04:17    PDF Печати Е-пошта
Раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден)
ivanden-240Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој  му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот.
Повеќе...
 
Сабота, 03 Јули 2010 01:49    PDF Печати Е-пошта
Денеска е Свети Наум Охридски - Чудотворец
Свети Наум Охридски ЧудотворецАко свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.
Повеќе...
 
Сабота, 17 Април 2010 12:40    PDF Печати Е-пошта
Обединетата македонска дијаспора на Симон Трпчески ќе му врачи Награда за истакнати постигнувања
Симон ТрпческиПо повеќе месечно планирање, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) утре ќе го инаугурира својот огранок во Лос Анџелес во чест на нашиот светски познат пијанист Симон Трпчески.

На настанот, ОМД ќе го одликува Трпчески со Наградата за истакнати постигнувања на ОМД што се доделува на личности кои придонеле за развој на стопанството, уметноста, науката и други сфери значајни за Македонија и за Македонците во земјата и во странство.
Повеќе...
 
Петок, 09 Април 2010 07:48    PDF Печати Е-пошта
Источен петок – Балаклија
Источен петок – БалаклијаПрвиот петок по Велигден се вика Источен Петок - Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Според легендата изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби. Со овој извор и со чудата што се случувале од неговата вода се поврзани поголем број народни преданија.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.