Култура и туризам
Сабота, 03 Април 2010 09:19    PDF Печати Е-пошта
Велика Сабота - ден на свештен трепет
Велика СаботаВо домовите на православните верници се прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник - Велигден.

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.
Повеќе...
 
Петок, 02 Април 2010 12:50    PDF Печати Е-пошта
Велики Петок
Исус Христос на крстНастанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу лу¬ѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликува¬ше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни пробле¬ми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.
Повеќе...
 
Недела, 14 Февруари 2010 18:56    PDF Печати Е-пошта
Неколку илјади граѓани и гости го следат меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп
Меѓународен карневал Прочка во ПрилепМеѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп што почна синоќа со дефиле на преку 1.000 домашни и странски учесници со над 200 маски, го следат неколку илјади граѓани и гости.

На дефилето има традиционални, еколошки маски за заштита на планетата, заразени од интернетот, последици од кризата и маски на многу актуелни теми. Печат на карневалот оставаат мечкарите, маска од пред христијанството што ја нема никаде на Балканот.
Повеќе...
 
Недела, 14 Февруари 2010 02:47    PDF Печати Е-пошта
Денес е Прочка-Велики поклади и Светиот маченик Трифун, во име на љубовта со чаша вино
Свети ТрифунЗападната и источната христијанска црква денеска ги слават своите светци. Православните - Свети Трифун, заштитникот на полињата, посевите и лозјата, додека католиците - Свети Валентин, заштитникот на вљубените.

И двајцата светци живееле во третиот век, и двајцата се погубени затоа што не сакале да се одречат од христијанството. Во текот на историјата, на судбината на овие личности се надоврзале многу легенди.За Свети Трифун се вели дека ја излекувал ќерката на царот Гордијан кој владеел од 238 до 244 година, а за Свети Валентин дека од затворот на своите пријатели им испраќал пораки „Ве сакам„ и „Сетете се на вашиот Валентин“.
Повеќе...
 
Недела, 31 Јануари 2010 04:14    PDF Печати Е-пошта
Свети Атанасиј Велики

Свети Атанасиј ВеликиНашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј или Танасовден -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики или Танасовден - летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2010 04:05    PDF Печати Е-пошта
Обичаи за Водици во Зубовце под Шара
Богојавление Водиви во Зубовце19 јануари...Водици...ден кој сите го чекаат со возбуда...ден кој стариот кум го носи котлето заедно со крстот во црквата Света Марија. Крстовите се одврзуваат од страна на свештено лице и се предаваат на новите кумови. Новите кумови излегуваат од црква со крстот завиен во пешкир и ставен врз глава, првите неколку чекори од влезот на црквата кои ќе ги зачекорат ги двои од полевањето со околу 100 литри студена вода на еден кум, од страна на група млади зубовчани.
Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2010 04:05    PDF Печати Е-пошта
Обичаи и верувања од Бадник до Водици
Богојавление ВодициАко го донесла работата чоека за да одит на туѓина на Божик, дури не поминат Водици, не чинело да се оди, оти било за неарно.

Навечер не бидуало да шијат терзиите, нито жените бидуало да предат и друга работа да работат од Божик до Водици, чунки не била крстена водата и леунка била Богородица.

Од Божик до Водици не чини навечер да плетат жените чорапи, чунки Богоројца ет леунка.
Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2010 04:10    PDF Печати Е-пошта
(Стара) Нова година, Обрезание Христово, Свети Василиј Велики
Стара Нова Година - ВасилицаНа 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.
Повеќе...
 
Среда, 06 Јануари 2010 04:10    PDF Печати Е-пошта
Oбичаи за Бадник и Божик кај македонскиот народ
Христовото раѓање - БожиќБадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и коледарчињата се најавува Рождеството Христово - Божиќ.

Божиќ е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Повеќе...
 
Среда, 06 Јануари 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Календарите и прославувањето на Божиќ
БожиќИако се правени  обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата  на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божиќ во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 јануари. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.