Македонски легенди

Трифун Бузев

11111111111

11111111111

Македонски учесници во Шпанската граѓанска војна

Трифун Бузев (28. VIII 1889 – 23. VI 1966) е македонски револуционер, учесник во Шпанската граѓанска војна. Бил печалбар во САД. Таму станал активист и раководител во синдикалното движење, а потоа и член на Комунистичката партија на САД (1924). Заедно со други тамошни сонародници од Македонија, заминал за Шпанија (10. I  1937) и станал доброволец во XV интернационална бригада на Републиканската армија. Познат под псевдонимит Трајко; Трпко, учестувал во борбите на 6 фронта, а дури петпати бил рануван (во борбите на Брунети и др.). Добил воен чин поручник, а по ранувањата извршувал санитетски должности. По Ослободувањето дошол да живее во Скопје (јануари 1947).

Трифун Петров Бузев е роден на 28 август 1889 година во Воден, Егејскиот дел на Македонија. Учествувал во македонското револуционерно движење. Во времето на Балканските војни дезертирал од турската армија и преку Солун заминал во САД.

По доаѓањето прво во Кливленд, а потоа во Њујорк, работел како текстилен работник. Активно се вклучил во работничкото движење и станал активист и раководител во синдикалното движење. До 1917 година бил член на Социјалистичката партија на Америка, а потоа на Индустриските работници на светот. Во 1924 година станал член на Комунистичката партија на САД, поради што често бил апсен. Трифун Бузев како комуниста минал во затвори и логори вкупно 6 години и завршил двогодишен курс во партиската школа на КП на САД.   

По започнувањето на Шпанската револуција во летото 1936 година на страната на шпанската републиканска влада застанаа СССР и левичатските поддржувачи од целиот свет. Во одбрана на рапубликанската влада за време на Шпанската граѓанска војна (17.06.1936 – 1.04.1939), која беше нападната од војската и десно-ориентираните формации предводени од Франциско Франко, а поддржани од фашистичките држави Германија на Хитлер и од Италија на Мусолиниа, се вклучија голем број доброволци од цел свет, меѓу кои и голем број Македонци.

На страната на Републиката се бореле 137 Македонци, од сите три дела на поделена Македонија, како и од дијаспората. Помеѓу нив се Алексо Демниевски – Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски, Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Трифун Бузев и др.

Трифун Петров Бузев заедно со други сонародници од Македонија, заминал од САД за Шпанија на 10 јануар 1937 година и станал доброволец во XV интернационална бригада на Републиканската армија. Познат под псевдонимит Трајко Трпко, Бузев учестувал во борбите на 6 фронта, а дури петпати бил рануван (во борбите на Брунети и др.).

Добил воен чин поручник, а по ранувањата извршувал санитетски должности. По завршувањето на војната во 1939 година, Трифун Бузев се повлекува со последните републикански одреди, по што се нашол во логор во Франција, од каде што успеал да избега и се вратил во САД.

По ослободувањето на земјата и завршувањето на Втората светска војна, Трифун дошол да живее во Скопје во јануари 1947 година.

Трифун Бузев починал на  23 јуни 1966 година во Скопје.

Македонски учесници во Шпанската граѓанска војна

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top