Македонски легенди

Борис Изворски

izvorski

izvorski Борис Изворски

Борис Изворски (1897 – 1928) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. По Првата светска војна учествува во обновата на ВМОРО (Автономистичка). Од септември 1922 година раководел со Ениџевардарскиот окружен одред, борејќи се и со грчките чети во Егејска Македонија и со српските чети во Вардарска Македонија. Во 1924 година македонското население емигрирало од областа според бугарско-грчката конвенција и четата ја прекинала својата активност. Бил убиен од михајловистите.

Борис Изворски е роден во 1897 година во бојмишкото село Извор, Егејскиот дел на Македонија.

По Првата светска војна Изворски учествува во обновата на ВМРО (Автономистичка), наследник на Македонската револуционерна организација. Тој успеал да го организира целиот округ, а неговата револуционерна група во која се Григор Фустанов, Борис Струмнички, Спас Божечки, Христо Андонов и Атанас Костадинов, прераснала во чета на Организацијата.

Изворски раководел со Ениџевардарската околиска чета од септември 1922 година. Се борел со грчките чети во Егејска Македонија, но и со српските чети во Вардарскиот дел на Македонија.

Во 1923 година активноста на четата на Изворски била ограничена поради засилениот грчки терор, а во 1924 година македонското население емигрирало од областа според бугарско-грчката конвенција за размена на население, поради што четата ја прекинала својата активност.

Истата година Изворски учествувал како делегат на Солунскиот регионален конгрес на ВМРО и бил избран за редовен член на околиското раководство, а во 1925 година бил делегат на Шестиот конгрес на ВМРО, оддржан од 7 до 11 февруари 1925 година во селото Србиново (денешно Брежани), Пиринскиот дел на Македонија.

Во 1925 година работел со чета од 23 луѓе во Охридско. На почетокот на 1928 година бил во Албанија заедно со Петар Шанданов и Пандо Кицов.

По убиството на Александар Протогеров во 1928 година, Изворски застанал на страната на Протогеровистите. Тој раководел со чета за време на протогеровистичката експедиција во округот Петрич.

Кон крајот на август четата на Изворски била откриена на падините на Пирин и предадена и опколени од локалните бугарски гарнизони. Нивниот командант ги убедувал борците под водство на Борис Изворски да се предадат и да не се жртвуваат непотребно, ветувајќи дека нема да им падне ни влакно од главата. Тие поверувале на зборот на бугарскиот командант и се предале.

Но на нивен голем ужас тие вечерта им биле предадени на бандата на михајловистот Стојан Вардарски и кај разлошкото село Добриништа Борис Изворски и неговите комити (Васил Запрев, Борис Козов, Георги Наков, Пандо Кицов, Спас Стојанов, Георги Христов. Спас Вергов, Христо Андонов и др.) биле убиени.

Најново од: Македонски легенди

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

To top