Македонски легенди

Никола Гули

1niko12

1niko12

Никола Гули (1901 – 15. IX 1923) е македонски револуцинер, велешки и крушевски војвода на Македонската револуционерна организација Тој е син на војводата Питу Гули. По Првата светска војна учествувал во повторното формирање на Македонската револуционерна организација. Бил предаден и фатен од српската полиција во возот на релацијата Белград–Скопје, а потоа стрелан во Ниш.

Никола Гулев е роден во 1901 година во Крушево, во влашко семејство. Негови родители се Евгенија и Питу Гули херојот од Илинденското востание, член и војвода на Македонската револуционерна организација кој загина при одбрана на Круевската Република. Имал една сестра и два браќа Ташко и Стерјо Гулев.

Никола Гули завршил гимназија во Софија и ги следел револуционерните стапки на својот познат татко. По Првата светска војна учествувал во повторното формирање на Македонската револуционерна организација. По возобновувањето на ВМОРО од страна на Тодор Александров, тој станал негов личен телохранител.

Никола Гули бил неукротлив и претприемчив. На барање на Пејо Јаворов во 1913 година Гулев му дал пиштол, со кој подоцна се самоубил големиот бугарски поет. По наредба на ВМРО Никола Гулев во Софија го убива Александар Панов во 1922 година.

Гули бил четник, а подоцна станал и војвода на ВМРО во Велес и родното Крушево. Во време кога односите меѓу Југославија и Бугарија биле многу затегнати, на работ на војна, поради влегување на четите на ВМРО  во Вардарскиот дел на Македонија, Гули често пати преземал ризични патувања низ Југославија. При едно такво патување во Загреб се сретнал и со хрватскиот водач Степан Радиќ.

Во периодот кога Белград ја обвинува Бугарија дека со нејзина поддршка Тодор Александров се подготвува со 80.000 припадници на ВМРО да влезе во Вардарскиот дел на Македонија, на слично патување низ Југославија Никола Гули бил предаден и фатен од српската полиција во Ниш на 15 септември 1923 година. Според една верзија бил стрелан од српските влас според друга дека умрти во Ниш, аел во Белград во летото 1924 година, откако бил мачен.

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top