Македонски легенди

Донка Ушлинова- војвода

Donka-ushlinova

Donka-ushlinovaДонка Ушлинова (Смилево,Битолско, 21.XII.85 – Варна, Бугарија 27.VI.1937) –  македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Во август 1902 година влегува во четата на Ресенскиот војвода Славејко Арсов и станува член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, Донка како доброволец на Македонско-одринското ополчение, учествува во Балканските војни, а подоцна и во Првата светска војна За време на битките таа равноправно се носи со мажите, а за покажаниот хероизам била одликувана со ордени за храброст и добила подофицерски чин. До крајот на својот живот таа била член на друштвото на резервни офицери на Варна „Другарски сојуз“, а ги негувала и родните идеали.

Донка Ушлинова е родена во 1885 година, во село Смилево. Детството го поминува во родното место на Даме Груев и голем број македонски револуционери. Безгрижноста на детсвото во кое таа се задојува со духот на македонската револуционерна борба набрзо поминале. Имала само 15 години кога се омажила за Ставре Христов од селото Лера, Битолско.

Додека мажот и бил на печалба, Донка била следена и вознемирувана од еден Турчин. Неможејќи да го издржи неговото насилничко однесување, таа за да ја заштити честа своја и на семејството, ја зела правдата во свои раце. Во август 1902 година, со помош на јатрвата Сребра, жена на брат и Апостол, таа го убива Турчинот и го закопува на месните гробишта. За да ја избегнат одмздата на Турците, Донка, Сребра и Апостол бегаат во планините каде наишле на четата на Ресенскиот војвода Славејко Арсов. Тие добиваат комитска облека и се придружуваат на четата.

Донка станува член на Македонската револуционерна организација и активно се вклучува во борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. За време на Илинденското востание, таа учествува во повеќе борби кои се водат во Битолскиот револуционерен округ. Равноправно се носи со мажите во првите борбени редови кај селата Лева река, Смилево, Златари. По убиството на Војводата Славејко Арсов, во 1904 година,  Донка, Сребра и Апостол преминале во четата војводата Ѓорѓи Сугарев.

Христо Настев еден од соборците на Донка, за неа ќе напише: „Донка  е пониска на раст од Сребра и мургава, но со строго изразени очи. Особено љубопитна  и секогаш со задоволство разговорлива, таа како добар соговорник лесно се приспособуваше кон сите. Ревносно ги издржуваше сите напори и лишувања за време на животот во четата; а кога се зборуваше за стореното убиство, секогаш пламнуваше .. при што го искажуваше своето чуство на омраза и задоволство дека ликвидирале еден злочиненец.“ Секогаш на крајот од разговорот додавала: „Сега можам веднаш да умрам мирно“.

По извесен период поминати во четата, преку Србија се повлекуваат во Бугарија. Во Варна повторно го сретнала својот сопруг Ставре Христов.  Живеат мирен живот се до почетокот на Балканските војни, кога од македонската емиграција во Бугарија била формирана доброволната воена формација позната како Македонско-одринско ополчение. Донка заедно со својот сопруг Ставре, како доброволци влегуваат во состав на Втората чета на осмата Костурска Дружина на Македонско-одринското ополчение.

По добивањето на оружјето од бугарските власти, македонските доброволци наместо да учествуваат во ослободувањето на Македонија, биле испратени на фронтот во Тракија. Иако изиграни, Македонските ополченци уште на почетокот на борбите се покажале мошне борбени и успеале да ги принудат силите на Јавер паша на повлекување. Во овие борби учествува и Донка, а посебно се истакнува во борбите на Саркој, Галиполи, при пленуването на Јавер паша, Руен и Султантепе. За покажаниот хероизам Донка добива чин „ефрејтор“ и била одликувана со два ордени „За храброст“ од трети и четврти степен.

Првата светска војна веќе една година се водеше, кога цартсвото Бугарија во 1915 година се приклучи на страната на Германија и Австро-Унгарија. Донка и нејзиниот маж Ставре повторно како доброволци пристапуваат во Вториот пешадиски македонски полк (преименуван во 60-ти пешадиски полк) на Единаесетaта пешадиска македонска дивизија. Донка равноправно со мажите учествува во борбите кај Дојран, Круша Планина и многу други.

За покажаната бестрашност и херојство во борбите, Донка била одликувана со Орден за Храброст од втор степен, а во текот на 1917 година добила чин подофицер и Орден за Храброст од прв степен. Орденот лично и го доделил генералот Никола Жеков. Истовремено со орден бил одликуван и нејзиниот маж. Донка била предложена да добие и офицерски чин, но крајот на војната во 1918 година го попречува доделувањето на оваа офицерска титула.

По демобилизацијата, Донка со сопругот добиваат парична помош од 10.000 лева од бугарската држава. Со парите Донка и Ставре градат мала куќа во Варна, во која во 1924 година им се родил синот Александар. Иако таа е сопруга и мајка, се до крајот на својот живот таа била член на друштвото на резервни офицери на Варна „Другарски сојуз“.

Донка Ушлинова умира на 27 јуни 1937 година во Варна.  По нејзината смрт, Македонскиот женски сојуз издава некролог: „Почина Донка војвода, жена револуционерка, херој и смел борец за родните идеали…“

Најново од: Македонски легенди

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Најнови вести

To top