Среда, 16 Април 2014 03:00 |
|
|
|
|
Тодор Поп Антов
|
Тодор Поп Антов (28. II. 1875 – 29. XII. 1954) е македонски револуционер и просфетен деец, член на ЦК на ВМОРО. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна.
|
|
Среда, 09 Април 2014 03:51 |
|
|
|
|
Александар Христов
|
Александар Стоев Христов (14. II. 1929 – 20. Х. 2005) е македонски национален деец, публицист и поет. Како „неблагонадежен“, го праќаат на превоспитување во рудник за ураниум, од каде што успева да избега и нелегално преку Грција и Бразил оди во Франција. По завршувањето на Факултетот за новинарство и социологија во Париз во 1968 година, работи во Радиото ББЦ во Лондон. Со група Македонци во Сиднеј (Австралија) го основаат весникот „Народна волја“ (1. Х. 1980) и станува прв негов главен редактор. Објавува пет стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и бугарски јазик) од кои провејува македонскиот дух.
|
|
Среда, 02 Април 2014 03:29 |
|
|
|
|
Иван Анастасов – Грчето
|
Иван Анастасов – Грчето (1880 - 1905) е македонски револуционер, деец на Мекедонската Револуционерна Организација, драмски војвода на ТМОРО. Дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904).
|
|
Среда, 26 Март 2014 04:00 |
|
|
|
|
Анастас Јанков
|
Анастас Јанков (1. VIII 1857 – 15. IV 1906) наречен Македонски Гарибалди или Јанко Паша е македонски револуционер и врховистички деец во македонското народноослободително движење. Иако бил офицер на бугарската армија и член на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК), каде се смета дека Македонија и Одринско неможат да бидат ослободени со општо востание, туку со помош на бугарската војска и дека ова прашање е во рамките на бугарското национално прашање, тој покажува јасно изразен македонски идентитет.
|
|
Среда, 19 Март 2014 04:00 |
|
|
|
|
Анастас Јанков
|
Анастас Јанков (1. VIII. 1857 – 15. IV. 1906) наречен Македонски Гарибалди или Јанко Паша е македонски револуционер и врховистички деец во македонското народноослободително движење. Иако бил офицер на бугарската армија и член на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК), каде се смета дека Македонија и Одринско не можат да бидат ослободени со општо востание, туку со помош на бугарската војска и дека ова прашање е во рамките на бугарското национално прашање, тој покажува јасно изразен македонски идентитет.
|
|
Среда, 12 Март 2014 04:00 |
|
|
|
|
Христо Шалдев
|
Христо Шалдев (25. XII. 1876 – 2. II. 1962) е македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Бил член, секретар и претседател на ТМОК и член-основач на МНЛД во Санкт Петербург (28. Х. 1902), учесник во Илинденското востание (1903). Подоцна во Софија е уредник на весникот „Илинден“ (1924–1925) и списанието „Илустрација Илинден“ (1934–1936). Познат под псевдонимот Лефтер.
|
|
Константин Димитров Петкович (1824 - 1898) е македонски преродбеник, поет, преведувач, научник и руски дипломат. Тој е првиот Македонец кој ги завршил славистичките студии на Историско-филолошкиот факултет на Петербуршкиот универзитет. Автор е на една од првите стихотворби во новата македонска поезија и е потписник на првиот труд од славистиката напишан на македонски јазик, кој е печатен во издание на Руската академија на науките. Пишувал на руски и на македонски јазик. Зборувал англиски, француски, италијански, романски и повеќе словенски јазици. Бил дипломатски службеник во Видин, Дубровник, Палестина и Бејрут.
|
|
Среда, 26 Февруари 2014 04:37 |
|
|
|
|
Христо Зарезанков
|
Христо Георгиев Зарезанков (1. I. 1890 – 4. V.1938) е македонски револуционер, сандинист и анархосоцијалист. Тој е еден од дванаесетемина Македонци со потекло од сите три дела на Македонија за кои има податоци дека учествувале во текот на Октомвриската револуција од 1917 година. Но, исто така тој е еден од жртвите кои настрадаа во Сталиновите чистки.
|
|
Среда, 19 Февруари 2014 04:18 |
|
|
|
|
Гео Пирински
|
Георги Николов Зајков (псевдоним: Гео или Георги Пирински) (15. VIII. 1901 – 7. XII. 1992) е еден од најактивните културнонационални дејци меѓу македонската прогресивна емиграција во САД.
|
|
Среда, 12 Февруари 2014 04:03 |
|
|
|
|
Георги Баласчев
|
Георги Баласчев (псевд. Езерски) (10. IV. 1869 – 6/7. X. 1936) е историчар, археолог, публицист и еден од видните претставници на македонската емиграција во Бугарија, каде бил обележан како сепаратист. Во 1891 година, бил еден од иницијаторите за основање на Младата македонска книжевна дружина, а во 1892 година и на списание „Лоза“ во Софија. Го уредувал научното списание „Минало“ (1909–1919). Бил член на Македонскиот научен институт во Софија. Објавил околу 80 научни трудови од средновековната македонска и бугарска историја.
|
|
|
|