Македонски легенди
Среда, 03 Јуни 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Михаил Апостолов – Попето

Mihail popeto-180Михаил Апостолов – Попето  (1871 - 21. III 1902)  е македонски револуционер и прв војвода на агитационо-организациска чета на ТМОРО. Познат како Михаил Постолов, Попето и Черкез Михаил, тој бил близок соработник на Гоце Делчев. Со својата чета 7 години дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџумајско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко, Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солунско и Струмичко. Имал непосредна улога во формирањето на четите на војводите Марко, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др.

Повеќе...
 
Среда, 27 Мај 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Андон Попштеров

andon-poosterov-1810Андон Попштеров (1881 – 3. I 1932) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Познат е како Д’мбенски и Рудински и учествува во повеќе борби за ослободување на Македонија. Постојано влегувал во борба со османлискиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда.  Во октомври1925 година, заедно со Леринската чета, тој води борба во селото Пополжани, Леринско, со побројната грчка војска, а во ноември учествува во нападот со фрлање бомби врз грчкиот Воен клуб во Лерин.  

Повеќе...
 
Среда, 20 Мај 2015 03:40    PDF Печати Е-пошта
Ангел Андреев

angel-andreev-180Ангел Андреев (23. IV. 1867 - ?) е македонски револуционер и војвода на Македонско револуционерната организација. Бил прврзаник на Борис Сарафов и бил огорчен противник на врховистите.

Повеќе...
 
Среда, 13 Мај 2015 01:06    PDF Печати Е-пошта
Тодор Скаловски

todor-skalovski-180Тодор Скаловски (21. I 1909 - 1. VII 2003) е македонски композитор, хорски и симфониски диригент, еден од по истакнатите претставници на првата генерација македонски композитори. По Втората светска војна учествува во формирањето и работата на музичките институции во Македонија. Скаловски бил првиот директор и прв диригент на Македонската опера и балет, а и основач на Македонската филхармонија. Во 1944 г., во неговиот дом, се одржал основачкиот состанок на првиот Симфониски оркестар, кој во 1950 г. прераснува во Македонска филхармонија. Автор на голем број инструментални, вокални-инструментални и сценски композиции, вклучувајќи ја и музиката на химната на Македонија „Денес над Македонија“.

Повеќе...
 
Среда, 06 Мај 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Настев

Hristo Nastev in Pireya 1903-180Христо Настев (Штип, 6. IV. 1876 – Варна, 20. VI. 1962) е македонски револуционер и учител, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1898 година завршил педагошко училиште во Скопје. Учителствувал во Виница, Банско (Разлошко), Бунархисар. Како член на МРО, бил претседател на рев. комитет во Виница, на ОК на ТМОРО во Бунархисар (1899–1900), секретар во четата на Т. Давидов во Битолско (1902), учесник на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание како лерински војвода. По востанието бил началник на Ќустендилскиот пункт на ТМОРО. Настев ја опишува смртта на војводата Дине Кљосов во претставата „Како умира македонски четник“.

Повеќе...
 
Среда, 29 Април 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Димков

Nikola Dimkov-180Никола Стојанов Димков (6. XII. 1859 – 30. III. 1937) е машински инжинер, изумител и општественик од македонското село Горно Броди, Егејскиот дел на Македонија. Автор е на „Ѕвезда на согласноста“ – проект за создавање на Светската организација за зачувување на мирот и соработка меѓу земјите, народите и религиите во светот.

Повеќе...
 
Среда, 22 Април 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Захарина Димитрова - прва жена лекар од Македонија

zaharina-180Захарина Велова Димитрова (26. XI. 1873 - 14. IV. 1940) е прва жена лекар од Македонија. Медицина завршила во Нанси (Франција) на 27 февруари 1901 г. За нејзината дисертација „Структурни иследувања на епифизната жлезда“ била и наградена. Турските власти не и` дозволиле да биде лекар во Македонија, поради што таа оди во Бугарија, каде останува да живее и работи.

Повеќе...
 
Среда, 15 Април 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Крсто Маликов

krste-malikov-180Крсто Маликов (1881 - 1952) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Во Првата балканска војна со над 400 четници учествува во нападите на железничката линија меѓу Лерин и Кременица, како и во ослободувањето на Лерин. За разлика од многу македонски патриоти кои разочарани од поделбата на Македонија свое засолниште најдоа во Бугарија, Маликов кој е познат уште како „Малико“ или „Малик“ се иселува во Австралија.

Повеќе...
 
Вторник, 14 Април 2015 11:39    PDF Печати Е-пошта
Погребан проф.д-р Владислав Барчиковски, голем пријател на Македонија и на Македонците
39536 1203404701616 6219325 nНа 25 март годинава во деведесет и деветтата година од својот живот, во Варшава, во Полска, почина проф.д-р Владислав Барчиковски (1916-2015) голем пријател на Македонија и на Македонците.
Повеќе...
 
Среда, 08 Април 2015 03:02    PDF Печати Е-пошта
Станко Караман

Stanko-Karaman-180Станко Караман (1889 – 1959) е македонски природонаучник, основач на Природонаучниот музеј, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк. Работи на ихтиофауната во земјата и ја објавил својата студија Pisces Macedoniae. Објавил повеќе од стотина научни трудови во кои ја обработува класификацијата на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од новоопишаните видови и подвидови го носат името на Македонија, реката Вардар и големите планински масиви во Македонија. Опишал повеќе од 60 видови и подвидови. Основач е и на музејските списанија „Acta“ и „Fragmenta balkanica“.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.