Среда, 27 Ноември 2013 04:28 |
|
|
|
|
Мишо Шкартов
|
Мишо Шкартов (1. II 1884 – 25. VI 1936) е македонски револуционер. учесник во македонското револуционерно движење. Во 1913 година учествувал во Тиквешкото востание, а како член на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО на 9 март 1919 година го потпишал Апелот со кој обединетите македонски револуционери уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции.
|
|
Среда, 20 Ноември 2013 04:00 |
|
|
|
|
Нијази Лимановски
|
Нијази Лимановски (27. VI. 1941 - 11. X. 1997) е македонски етнолог и борец за национално обединување на Македонците без разлика на верската вероисповед. Потекнува од родители исламизирани Македонци и како етнолог целиот свој живот го посветува на нивното истражување.
|
|
Културно национален деец, активен поддржувач и координатор на црковното антипатријаршиско и антигрчко движење во дебарскиот крај, собирач и издавач на народното творештво, собирач на стари ракописи и книги, учител, публицист, црковен пејач, кмет на селото, полиглот кој зборувал турски, грчки, албански, српски, бугарски, руски, романски и најверојатно француски јазик. Роден е во Лазорополе на 6 мај 1848 година.
|
|
Среда, 06 Ноември 2013 03:00 |
|
|
|
|
Никола Петров - Русински
|
Никола Петров – Русински (21. XI. 1875 – 14. VI. 1943) е македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода - агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО.
|
|
Среда, 30 Октомври 2013 03:00 |
|
|
|
|
Петар Ичко
|
Петар Ичко (с. Катраница, Кајларско, околу 1770-1775 - Белград, 15. V. 1808) е македонски трговец и дипломат во служба на Портата и Србија. Во времето на Првото српско востание, српскиот водач Караѓорѓе го користел да ги води дипломатските преговори со Турција (јули - септември 1806), кои резултирале со склучениот Ичков мир (декември 1806). При основањето на Белградскиот магистрат (1807) бил назначен за негов прв претседател. Кон крајот на животот, незадоволен од прекратените односи со Портата, преминал во австриска служба.
|
|
Среда, 23 Октомври 2013 01:22 |
|
|
|
|
Тодор Александров
|
Ние не сме револуционери по професија ништо повеќе од било кој друг. Ние сме жедни и гладни за мир. Ние сме натерани на вакви начини, просто, бидејќи Грција и Србија не ни оставаат друг начин за да ги браниме нашите права и националност. Ќе престанеме да се бориме како револуционери кога ќе ни овозможат прилика за да се бориме како граѓани.
|
|
Среда, 16 Октомври 2013 02:57 |
|
|
|
|
Иван Хаџи Николов
|
Иван Хаџи Николов (24. XII. 1861 – 9. VII. 1934) е македонски револуционер, учител, книжар и еден од основополжниците на Македонската Револуционерна Организација. Од 1894 до 1901 година бил член на ЦК на МРО. Во времето на Солунската афера во 1901 година ги предал печатот и шифрите на Организацијата на Иван Гарванов, па откако ја увидел грешката, се обидел да се самоубие. Во јануар 1903 година учествувал на советувањето на МРО во Софија, а по востанието се преселил во Софија, каде што се занимавал со издаваштво и со трговија. Оставил драгоцени спомени значајни за МРО и борбата на македонскиот народ за самостојност и национално ослободување.
|
|
Среда, 09 Октомври 2013 03:30 |
|
|
|
|
Поп Стамат
|
Поп Стамат Танчев Георгиев (1857 – 5. X. 1904) е македонски свештеник, припадник на ТМОРО. Учествува во црковно-просветната борба против патријаршиските (грчки) црковни и училишни институции. Во 1894 година станува член на Македонската Револуционерна Организација, а за време на Солунската афера (1901) бил затворен во Подрум Кале. По амнестијата (1902) продолжил со својата револуционерна и црковна дејност, се` до 1904 година кога е убиен од грчките андарти во Солун.
|
|
Среда, 02 Октомври 2013 03:00 |
|
|
|
|
Михаило Пупин
|
Во Македонија малкумина знаат дека светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата, има македонски корени.
|
|
Среда, 25 Септември 2013 03:05 |
|
|
|
|
Борко Лазески
|
Борко Лазески (22. X. 1917 - 16. VI. 1993) е македонски академски сликар, педагог и учесник во НОБ. Имал пресудна улога за осовременувањето на фреско-сликарството и воопшто за процутот на монументалната уметност.
|
|
|
|