Среда, 12 Ноември 2014 04:00 |
|
|
|
|
Димитар И. Занешев
|
Димитар И. Занешев (21. I. 1876 – 24. I. 1962) е македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, воденски војвода. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903), член на Штабот на Вториот солунски револуционерен реон во Илинденското востание. Од 1905 г. станал војвода на чета во Воденско, се борел со андартите.
|
|
Среда, 05 Ноември 2014 03:00 |
|
|
|
|
Иван Каранџулов
|
Иван Каранџулов (1856 – 5.V.1930) бил правник и општественик од Македонија, претседател на Извршниот комитет, а потоа на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства, пратеник во бугарското Народно собрание, главен обвинител на Врховниот суд и претседател на Алианс Френцезе во Бугарија. Се школувал во Цариград и правни науки завршил во Франција. Како долгогодишен претседател на Комитетот, одржувал блиски врски со ВМРО на Т. Александров и Иван Михајлов.
|
|
Среда, 29 Октомври 2014 03:00 |
|
|
|
|
Теофил Аврамов
|
Хаџи Теофил Аврамов Жунгуловски (18. VII. 1838 - 20. VII. 1884) е македонски духовник, учесник во црковно-просветната борба против грчката Патријаршија. Се стекнал со високо образование на катедрата за филозофија во Цирих и Виена. Бил еден од челниците на антипатријаршиското движење во Западна Македонија, единствен славјански владика во Дебар поставен со султански берат. Својот живот го положил во борбата за осамостојување и обединување на македонските епархии, односно за обновување на Охридската архиепископија.
|
|
Среда, 22 Октомври 2014 03:00 |
|
|
|
|
Владо Черноземски
|
Владо Черноземски (19. Х. 1897 – 9. Х. 1934) бил македонски револуционер, член на александровата, а потоа и на михајловистичката ВМРО. Вистинското име му е Величко Димитров Керин, шофер и саатчија во Софија. Во ВМРО бил познат како „Владо Шоферот“, а со фалсификувани документи се појавува како „Величко Георгиев“ од Разлошко, „Владо Димитров Черноземски“ и „Владимир Димитров Владимиров“ од штипското село Патрик. Во историјата ќе остане запаметен како извршител на атентатот врз југослевенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, во 1934 година, кога загинал под лажното име „Петер Келеман“. Опеан е во народната песна како „херој македонски“.
|
|
Среда, 15 Октомври 2014 03:00 |
|
|
|
|
Панајот Гиновски
|
Панајот Гиновски (Галичник, 1842 – Врање, 8. VIII 1886) е македонски фолклорист, преродбеник, зограф, лексикограф, етнограф. Учел зографски занает кај прочуениот галички зограф Ѓурчин Фрчковски. По повредата на глуждот на ногата во Карлово, Бугарија, каде бил на печалба, бил принуден да се врати во Галичник, каде што останал уште 17 години, прикован за постела и неспособен за физичка работа. Во тоа време се занимавал со препишување книги, запишување народни умотворби, обичаи, изработка на речник и др. По неговата смрт, запишаните материјали останати кај брат му Алексо, во ракопис му ги дал на рускиот конзул во Црна Гора П. А. Ровински, кој ги објавил во продолженија во петроградското списание „Жива старина“ (X–XIV, 1899–1905).
|
|
Среда, 15 Октомври 2014 03:00 |
|
|
|
|
ОТСЕЧНО САМО – НЕ!
|
Протерајте ме на четиримеѓјето од најизмачената земја на светот таму безгревно убијте ме смрттно стрелајте во мене
|
|
Среда, 08 Октомври 2014 03:00 |
|
|
|
|
Лазо Ангеловски
|
Лазо Ангеловски (10. VIII. 1925 – 19. VIII. 1948) е деец на македонското национално движење. Еден од организаторите на македонската просвета во Егејска Македонија во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Отворил 87 македонски училишта во коишто учеле 10.000 ученици. Во 1948 година, на 23 години бил фатен, мачен и осуден на смрт од тогашните грчки власти. Пред да биде убиен во Лерин остави трогателно претсмртно писмо.
|
|
Среда, 01 Октомври 2014 03:00 |
|
|
|
|
Јосиф Чешмеџиев
|
Јосиф Чешмеџиев (8. XII 1890 - 28. IV 1964) е композитор и диригент, фолклорист, собирач на македонски народни песни. Во Солун бил ученик на Атанас Бадев, а на Конзерваториумот во Лајпциг, Германија, учел композиција кај прочуениот Макс Регер. По Балканските војни живее и работи во Бугарија. Се занимавал со собирање македонски народни песни, кои делумно и ги издал во 1926 година.
|
|
Никола Панов (Пенов) Андреев, познат како Арнаутчето или Гостиварче, роден е во Гостиварското село Горно Јеловце, Македонија. Комита е од пред Илинденското востание 1903 година. Војвода е на чета на ВМОРО (Внатрешно Македонско Одринска Револуционерна Организација) во Гостиварско во 1905 година.
|
|
Среда, 17 Септември 2014 03:00 |
|
|
|
|
Јустинијана (Јанка) Каневчева
|
Јустинијана (Јанка) Каневчева била големата и единствената љубов на Гоце Делчев
|
|
|
|