Македонски легенди
Среда, 09 Јули 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Трифун Грековски

grekovТрифун Костадинов Грековски (1. VIII. 1893 - 9. VI. 1973) е македонски лекар, револуционер, публицист. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Женева (1920), каде што бил активен член на Македонското студентско друштво. Бил соработник на весниците „Автономна Македонија“ и „Македонско сознание“. Почнал да објавува „Кратка историја на Македонија“ (1924), каде ја нагласува македонската посебност и поврзаност со древните Македонци. Во 1924 г. се вратил во Гевгелија и до 1936 г. бил единствен лекар во градот. Во 1944 г. ја формирал партизанската болница во манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Повеќе...
 
Среда, 02 Јули 2014 03:15    PDF Печати Е-пошта
Паскал Паскалевски

paskal-paskalevskiПаскал Паскалевски (14. I. 1914 - Софија, 13. V. 2004) е македонски поет, раскажувач, драмски автор, собирач на народни песни, преведувач, новинар и публицист. Учествувал во Граѓанската војна во Грција (1945-1949) и бил директор на курсот „Гоце Делчев“ за народни учители во слободна Преспа. Покренал и уредувал повеќе весници и списанија. Појавата на првата стихозбирка „Пролет над Егеј“ (1949) македонската критика ја именувала како „првата ластовичка на современата поезија во Егејска Македонија“.

Повеќе...
 
Среда, 25 Јуни 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Мери Бошкова

meri-boshkova-mМарија (Мери) Бошкова (Битола, 2. V 1924 – 25.III 2014) е македонска драмска и филмска актерка, една од водечките македонски театарски уметници. Оствари бројни незаборавни театарски и филмски улоги. Таа беше еден од столбовите на македонскиот театар, каде изгради широк репертоар од лирски до драмски и карактерни улоги. Особено се истакнува во делата на современите странски и наши писатели. Нејзината креација на Живка во комедијата на Бранислав Нушиќ  „Госпоѓа Министерка“ се вбројува меѓу најдобрите улоги на театарската сцена. Таа ја игра и главната улога, ликот на мајката, во првиот македонски игран филм „Фросина“ (1952), во кој за првпат  се претставува македонскиот јазик на филмското платно.

Повеќе...
 
Среда, 18 Јуни 2014 11:14    PDF Печати Е-пошта
Венијамин Мачуковски

venjamin-macukovski-240Венијамин (Васил) Христов Мачуковски(1847 – Цариград, 1878) е македонски преродбеник, просветен и црковен деец, собирач на народни песни и обичаи, граматичар и публицист. На 16 август 1872 година, како учител во Кукуш, го објавува во весникот „Право“ своето „Објавление за бугарска граматика на македонското наречје“. Многу години потоа, македонската наука ќе го посочи Манчуковски како еден од основоположниците на македонскиот книжевн јазик.

Повеќе...
 
Среда, 04 Јуни 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Баждаров

georgi-bazdarov-240Георги Баждаров (8. II. 1881 – 19. IX. 1919) е македонски револуционер, учител, новинар, публицист, историчар и општественик. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата учествува во Илинденското востание. Назначен е за Задграничен претставник на ВМРО, а по убиството на Александар Протогеров, станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“, еден од основачите на „Македонски преглед“ и на Македонскиот научен институт во Софија. Познат е под псевдонимот Брут, Катон, Спартак...

Повеќе...
 
Среда, 21 Мај 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Војо Стојановски

Vojo-Stojanovski-240Војо Стојановски (2.II.1949 – 6.V.2014) е македонски музичар, автор и пејач на народна музика. Тој беше и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Живееше од музиката и за музиката. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се: „Ти донесов млада невеста“, „Свадба голема“, „Една мисла имаме“...

Повеќе...
 
Среда, 14 Мај 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Поп Христо Стефанов

hristo240Христо Стефанов Милев (16. IV 1847 – 12. IX 1937) е македонски духовник, учесник во црковно-просветна и политичка борба за слобода на Македонија, во периодот од 1869 до 1881 година. Во 1880/1881 година учествува во Охридскиот заговор со цел кревање на востание во Заподна Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 07 Мај 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Крсте Николов Колоски

krste-nikolov-koloski-240Роден е во Лазорополе, годината на неговото раѓање е 1839, но не можеме со сигурност да ја потврдиме. Негов татко е Никола, оној кого што лично Ѓурчин го поканил да се досели во Лазорополе од селото Селце. За жал, не располагаме со податоци за неговата мајка. Веруваме дека неговото првично образование го добил во селото и дека тргнувајќи по татковите стапки го изучил зографскиот занает. Можеме само да претпоставиме дека тој заедно со татко му и со брат му Косто едно време дејствувале како зографска тајфа. Не сме во можност во потполност да ја следиме неговата зографска дејност, бидејќи барем засега не постои некое истражување за делата што ги оставил.

Повеќе...
 
Среда, 30 Април 2014 03:40    PDF Печати Е-пошта
Туше Делииванов

tushe-delivanov-240Петар (Туше) Иванов Делииванов (13. X. 1869 - 14. I. 1950) е македонски револуционер, учител и публицист. Во 1894 година со Гоце Делчев заедно учителствувале во Штип, каде го примил за член на Организацијата. Како претседател на Кукушкиот револуционерен комитет на ТМОРО, бил уапсен во 1901 г., но успеал да избега и емигрирал во Бугарија. Во 1901 година станал член на Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија. Се занимавал и со публицистичка дејност, познати се неговите сеќавања од 1946 г. за другарувањето и дејноста на Г. Делчев.

Повеќе...
 
Среда, 23 Април 2014 03:04    PDF Печати Е-пошта
Стефан Попиванов Македонович

S_popivanov-240Стефан Попиванов Македонович (17. VII 1875 - 1932) е македонски револуционер и учител, комунистички деец, татко на македонските комунистички дејци Малина и Цеко Попиванови. Во 1922 година бил поставен за секретар на ПК на КПЈ за Македонија и бил првиот Македонец кој станал член на Политбирото на ЦК на КПЈ. Подоцна бил повикан во СССР, каде настрадал во Сталиновите чистки. Посмртно е рехабилитиран  на 28. Х 1963 година.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.