Тема: Венко Филипче

Мицкоски повика на единство, Филипче повторно застана на спротивната страна

Наместо национално обединување во одбрана на македонските интереси, лидерот на СДС уште еднаш застана на страната на политиките што ги оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историја. За миг се чинеше дека Венко Филипче конечно ќе покаже државничка зрелост и ќе ги стави националните интереси над партиските калкулации. Подадената рака од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, […]

Македонија над сè не е слоган, туку државна стратегија

Државните и националните интереси мора да бидат над партиските калкулации, личните амбиции и туѓите политички агенди – без разлика дали некој е на власт или во опозиција. Политичките партии можат да грешат. Можат да имаат лоши проценки, погрешни политики или неуспешни проекти. Но кога една партија ќе почне систематски да ги занемарува националните интереси и […]

СДС и Филипче ја свртеа плочата: од „подготвени за избори“ до бегање од соочување со народот

СДС и Венко Филипче повторно ја свртеа плочата. До пред извесно време уверуваа дека се подготвени за предвремени избори во секој момент, а сега, кога предвремените избори стануваат реална можност, почнуваат да бегаат од соочување со граѓаните. Наместо јасно да кажат дали се подготвени народот да им пресуди, тие ја префрлаат темата на земјоделието. Но […]

СДС открива „скандали“ во фирми што со години добивале тендери и од нивната власт

Обидот на СДС преку прес-конференцијата на Јон Фрчкоски да прикаже наводен скандал околу јавните набавки отвори повеќе прашања за периодот кога токму нивната партија беше на власт. Наместо ново откритие, јавноста слушна список на компании кои со години учествуваат на јавни набавки и добивале договори од институции управувани од функционери на СДС. Јон Фрчкоски, син […]

Филипче и СДС на страната на официјална Софија

Венко Филипче и раководството на СДС, заслепени од желбата повторно да дојдат на власт, а соочени со сѐ помалата поддршка кај граѓаните, решително се ставија на страната на официјална Софија. Како да не разбираат дека токму ваквиот пристап и безрезервното прифаќање на бугарските позиции се една од главните причини за нивниот политички пад и губење […]

Филипче преку Зајкова испраќа порака: Ако СДС е подготвена, зошто не сака избори?

Само неколку недели по тврдењата дека опозицијата е подготвена за изборно соочување, од коалицискиот табор почнаа да пристигнуваат пораки дека предвремени избори не се потребни. Кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека наскоро се можни предвремени парламентарни избори, од опозицискиот табор веднаш почнаа да пристигнуваат сигнали дека таквото сценарио не им одговара. Иако лидерот […]

СДС како ученик на последна клупа: Решенијата ги гледа кај другите

СДС се однесува како ученик на последната клупа кој прво ѕирка во тестот на соседот, а потоа убедува дека неговите одговори се подобри од оригиналот. Штом Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе претстави нова мерка или стратегија, од Бихаќка веднаш се појавуваат со „подобра“, „поголема“ и „помодерна“ верзија на истата идеја. Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ […]

Филипче е на страната на бугарските барања

Филипче е на страната на бугарските барања, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси Отворањето на Уставот не значи затворање на спорот, туку отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет. Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања што Бугарија сака да ги […]

Филипче уште ли ќе тврди дека се работи само за Бугарите во Уставот?

Со години Венко Филипче и СДС ја убедуваат македонската јавност дека единствената пречка на патот кон Европската Унија се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Според нивната политичка матрица, доволно било Македонија да ја направи таа отстапка и европскиот пат магично ќе се отворел. Но, што ќе каже Филипче по последните разговори што […]

Филипче како заглавена грамофонска плоча: Уставни измени, уставни измени, уставни измени…

Младите генерации можеби никогаш не виделе грамофон, ниту слушале музика од винил плочи. Денес постојат интернет, Јутјуб, стриминг-платформи и милиони содржини достапни со еден клик. Но, во минатото грамофонската плоча беше главниот носач на звук. Кога иглата ќе се заглавеше во некој жлеб, истите неколку зборови или истиот музички тон се повторуваа бесконечно, сè додека […]

Дали уцена го тера Филипче тврдоглаво да ја брани бугарската агенда?

Од промената на знамето, преку промената на името, па сѐ до уставните измени и отстапките во историските прашања – најголемите национални порази и отстапки во поновата македонска историја се случија токму во периодите кога СДС беше на власт. Денес, иако се во опозиција, од СДС повторно испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Наместо […]

СДС и традицијата на отстапки: Од името и знамето до обидите за редефинирање на историјата

Во македонската современа политичка историја малку партии оставиле толку длабоки и контроверзни траги врз државните и националните прашања како СДС. Низ годините, токму во периодите кога оваа партија била на власт, Македонија се соочуваше со најголемите идентитетски и државни отстапки – од промената на државното знаме, преку промената на името на државата, па сѐ до […]

To top