Среда, 20 Јули 2016    PDF Печати Е-пошта
ПОМЕН ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949 Г.

Todor 2

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОМЕН ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949 ГОДИНА

20 јули 2016 година, Скопје, Македонија - Вчера на 19 јули во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, на денот на големиот подвижник, Преподобниот Свети Сисое Велики, исцелител на болните, изгонувач на демоните, воскреснувач на мртвите и заштитник на децата, се одржа традиционално полагање цвеќе на Споменикот на децата бегалци во Паркот Жена Борец во Скопје, карши Собранието на Македонија, за помен и спомен на голготата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, жртви во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Присутните ги поздрави претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов, кој рече: “Почитувани браша и сестри Македонци и Македонки, споменот и поменот за голготата на насилно прогонетите Македонци од Егејот е наш аманет и секоја година ќе го одржуваме ова чествување, и за живите и за упокоените. Не ги забораваме патилата низ кои поминавме, живи се нашите потомци, традицијата ќе ја продолжиме, било да не се повтори... Сите ние бевме деца кога не откорнаа од родните огништа и не протераа по целиот свет, во туѓина. Но, нашиот копнеж по татковината, се уште тлее во нашите срца, нашите души се врзани за мајка Македонија.“

Во името на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија присутните ги поздрави Евгенија Николовска, која ги пренесе поздравите на здруженијата на децата бегалци од Егејска Македонија од Австралија, Канада и Америка.

Таки Шишков рецитираше стихотворба “Кој сум јас“ напишана и прочитана на денот на откривањето на Споменикот на децата бегалци при одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во 1988 година: “КОЈ СУМ ЈАС? Јас сум душа од Егејот, Душа балканска, Душа напатена, Душа изгорена... Тоа сум јас, а кој си ти? Да не си невидлива птица, Со златни ангелски крилја, Да одлеташ во Егејот мој, Абер да ми донесеш, За децата, младите, старите, За родниот крај! Кој си ти во оваа мешаница? Да не си ветрот, Што сака да проговори, За ливадите и полињата, За реките и планините, За луѓето со големо срце, За Егејот мој! Тоа си ти, а кој сум јас? Јас сум душата на Егејот, Душа балканска, Душа напатена, Душа изгорена, ТОА СУМ ЈАС!“

Поздравен говор пред присутните одржа и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, кој рече:

- Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, ги продолжуваме традициите за поменот и споменот за децата бегалци, пред чиј споменик се наоѓаме денес во Паркот на Жена Борец, пред Собранието на Македонија, за да посведочиме за една од најголемите трагедии на Македонскиот народ - геноцидот и прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за време на таканаречената Граѓанска војна во Грција од 1946 до 1949 година. Нашето чествување е сведоштво за најцрната страница во историјата на македонскиот народ од Втората Светска Војна, во која жртви, за жал, беа децата. Многу од нив убиени, по пат починати, низ целиот свет распрснати, во Источна Европа, Канада, Америка и Австралија. Не случајно го одбравме 19 јули за чествување, како ден на големиот подвижник, Преподобниот Свети Сисое Велики, исцелител на болните, изгонувач на демоните, воскреснувач на мртвите и заштитник на децата, за да сите кои загинаа во таа македонска голгота, Светецот Сисое Велики ги спомне пред Господа, во вечното им почивалиште. Се молиме за душите на загинатите и упокоените, за здравје на преживеаните и живите, кои поминаа низ таа голгота. Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, остануваме посветени на унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во цела Грција. Остануваме посветени на враќањето на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија: И од Балканските војни 1912-1913 година и од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Остануваме со барањето до Генералното собрание на Обединетите Нации да ја продолжи почнатата а незавршена расправа од 1948 година и да донесе Резолуција за децата бегалци од Граѓанската војна во Грција. Изразуваме јавна благодарност до владите на сите земји кои ги прифатија децата бегалци од Граѓанската војна во Грција и им укажаа гостопримство како нивен втор дом и семејство. И покрај се’, предлагаме македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, бараме извинување и репарации. Простуваме, но не забораваме и порачуваме: Било да не се повтори! Годинава, по иницијатива на Ташко Јованов, Зружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, Споменикот на децата бегалци во Жена парк беше реновиран и исчистен, а на него е поставена мермерна спомен плоча на македонски и англиски јазик, да се прочита за значењето на овој Споменик: “28.000 деца, најмногу Македонци, од Егејскиот дел на Македонија, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Останаа трајно раселени во источно-европските и прекуокеанските земји, далеку од своите родни огништа... Овој споменик е вечен паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота..“ Се разбира, незаборавни се активностите на Сојузот на здуженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, покојниот Ѓорѓи Доневски и светските средби на децата бегалци во Македонија: Првата Светска средба на децата бегалци од 30 јуни до 4 јули 1988 година во Скопје, во чија чест е подигнат и Споменикот на децата бегалци во паркот Жена борец, Втората Светска средба на децата бегалци од 15 до 19 јули 1998 година во Скопје, Третата Светска Средба на децата бегалци од 15-20 јули 2003 година во Солун, Костур, Воден, Лерин и С’ботско, и Четвртата Светска середба на децата бегалци од 18-21 јули 2008 година во Скопје. Да се надеваме дека обединети и единствени, во догледна идина, ќе ја подготовиме и Петтата светска средба на децата бегалци. За многаја лета чествувањето и поменот и споменот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и Македонија вечна! Амин! - заврши претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во парк Жена Борец положија повеќе здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија: Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН; Здружението на децата бегалци на Македонците од Егејскиот дел на Македонија; Зружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија; Светскиот Македонски Конгрес; Матицата на иселениците од Македонија; Здружението за заштита на човековите права на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија “Ѕвезда“ од Велес; Здружението на граѓани “Сонцето од Кутлеш“ од Скопје; и Здружението на граѓани Мичуринци.

Todor 1

Todor 4

Todor 6

Todor 10

 

На прво место

News image

Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!

Според партиски информации од СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Заев побара национална прошка, но и нудел преку...

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.