|
||||
| Рози Мицкоска во посета на родилки и новороденчиња |
|
Рози Мицкоска, сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ги посети мајките родилки и новороденчињата во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – ГАК и во Гинекологија Чаир. За време на посетата во ГАК, Рози Мицкоска беше придружувана од градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за здравство Азир Алиу и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Во Гинекологија Чаир, на посетата се приклучи и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.
Посетата беше симболичен гест на поддршка кон мајчинството, семејните вредности и демографската иднина на државата, со порака дека секое новородено дете е надеж и богатство за Македонија.
Во рацете на мајките, во првиот плач на новороденчињата и во топлината на семејството се раѓа иднината на Македонија – тивко, чисто и со надеж дека оваа земја ќе расте заедно со своите деца.
Со топлина и искрена радост, таа ги даруваше првороденчињата кои се родија само неколку минути по полноќ 2026 година– првите срца што затропаa во новиот ден, симбол на нов почеток и иднина што допрва се гради. До мајките и семејствата беа упатени зборови на поддршка, охрабрување и желби за здравје, љубов и безгрижно детство. |
























