Среда, 04 Мај 2011    PDF Печати Е-пошта
Писмо до шпанскиот борец Трајко Мишковски – Оскар од 10 јуни 1937 г.

trajko-miskovskiПисмово е испратено до Трајко Мишковски-Оскар, борец во Шпанија, од неговиот брат во Велес. Ова и следното писмо се објавени во „Димитровац" на македонски јазик, на латиница. Вељко Влаховиќ во уводот кон фототипното издание на „Димитровац" пишува дека писмото, пишувано на македонски јзик, прво било преведено на српскохрватски, како што ги објавувале и писмата од Бугарија. Меѓутоа, кога го добил бројот на редактирање, тој предложил писмото од Велес да се објави на македонски јазик. Зачуван е јазикот на оригиналот. Поправени се само грубите печатни грешки.

Во писмото се говори и за поменот на велешанецот Ганчо Хаџипанзов (1900 – 1936), кој емигрирал во Франција во 1924 година, а по избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, веднаш се вклучува во активностите на КП Франција и работи на прифаќање и испраќање на доброволците за Шпанија. Веќе со првите групи доброволци и самиот заминува за Шпанија да се бори на страната на Републиката.

По воената обука, со чин водник, тој се вклучува со неговата Прва меѓународна бригада во одбрана на Мадрид. За време на офанзивата на републиканските сили на 19 мај на фронтот кај Универзитетскиот град, Ганчо Хаџипанзов трагично загинува, како еден од првите Македонци жртви на Шпанската граѓанска војна. Во моментот на неговата смрт до него биле неговите соборци Трајко Мишковски - Оскар и Борис Атков, кои поцна и го погребале.

На шестмесечниот помен во родната куќа на Хаџипанзов, неговите другари и почитувачи ќе организираат пригоден собир. Во таа прилика Кочо Рацин, добар пријател со сестра му на Ганчо, Румена Хаџи Панзова, ја чита песната „Испанска балада“ посветена на трагичната смрт на Ганчо. Собирот прераснал во отворен и гласен бунт против тиранијата, на што веднаш реагирала полицијата и прекинувајќи го поменот, ги однела присутните на сослушување. За овој настан братот на Трајко Мишковски ќе напише:

Писмо од Македонија

Драги ми брате!

Добих денеска твојето писмо и сичко разбрах што ми писујеш... Мкого ти благодарјам на твојите писма и твојите савети...

Бате, за Ганча Аџипанзов разбрахме оти погинал за чес и слава. Неговите домашни му сторија спомен и нија сички напредни младежи отидохме на споменат и са напихме по една чаша ракија за неговата душа. Тогај ја разговарах со мајкаму Павлина и братму Благоја.

Бате, на споменат на Ганча држеше говор Коста Солев и други другари, и да беше ти да видеше како се дава почас на такви човеци како што сте вије...

Бате, сега да ми јавиш сички новости, какво имате кај вас, ти дали си прост или некој од поголемите како што би Ганчо. Ја се радујем оти имам брата хероја, а и ја несум подолен. Јави ми сичко да знајам и да знајат нашите другари, оти они многу те ценат, и за човека и борца правде.

Кога беше споменат на Ганча другар... рече у еден говор: Имаш другари да ти тамо палат свеќа, мачениче правде, а ово се односило за тебе, оти они сички знајат оти си тамо. Јави ми има ли други велешани тамо, који се, да ги знајеме и да ве памтиме док сте живи. Сега те молем да ми пратиш еден портрет од Шпанија за вечен спомен и од тебе, да ти се радује мајка...

Сега прими поздрав од сички другари, од мајка и много те поздравља брат.

Од 137 Македонци кои ќе учествуваат како доброволци во интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна, животите ги положија 65 Македонци. Нивното херојство претставуваше пример на кој другите Македонци треба да се угледаат. За тоа што значеше борбата на шпанските борци од Македонија за нивните другари од земјата зборува и второто писмо објавено во „Димитровац“.

Како и првото, и ова писмо по зборовите на Вељко Влаховиќ, во цитираниот предговор во „Димитровац", е од Велес. Од самото писмо не се гледа до кого е упатено и кој и од каде го испратил, што е сосема разбирливо кога ќе се имаат предвид условите во кои е писмото пишувано. Писмото е пишано од затворениците во Сремска Митровица и од другите казнени заводи. Потпишано е од стотини политички затвореници. Меѓу нив има и многу подоцнешни првоборци и народни херои. Заведено е под бр. 148420 од 26.ХИ Во писмото од Велес до шпанскиот борец од 4 ноември 1937 година се вели:

Писмо од Македонија

...Другарју, кога ги добихме писмата од тебе, ги прочитахме на другија ден у синдикатот, да те изнесеше господ да видеше каква почас ви давајет сички другари и сите ве признавајат као наши вои.

У писмото ни писујеш оти погинал уште еден Македонец по име Блажо и да је роден у Гевгелија. За овова те молам да ни напишеш подробно да го знајеме како се презива и него да го уведеме као Ганча, ќе гледаш у рам као што направихме и за Ганча, оти овија човеци и вија ке ни служите за пример и треба да ве увег гледаме пред нас.

Драги другарју, ни писујеш оти тамо имало Македонци, од Скопље, Битоља и други места, ке те молимо да се потрудиш да ни јавиш који се овија, како им је името и презимето, ми сме рад да сите испаднете у нашу библиотеку, да је читају сите по синдикато и да видат какви героји Македонија раѓа. Ово те молам бездруго да ни јавиш, да се потрудиш да им ги научиш имењата.

Друже, добифме и исечакот од една новина, като на којто су сликани храбри наша браќа, које се борат за правда и добро целокупног напредног света. На едната страна пише Србин Стокив и Македонец Вангел, те молиме да ни јавиш од који се крајеви овија јунаци и како се презивајат. Друже, ке те молам ако може на секој начин да гледаш да ни отамо испратиш бар неделно по едно писмо и да ни испрабаш тамошни новини, да и није знајеме новостите ваши које излизат вашите новини...

Сега при завршетку прими другарски поздрави од сички другари.“

Некогаш писмата сами зборуваат, а коментарот не е потребен.

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.