|
||||
Бронза за македонската бадминтон репрезентација |
На неодамнешниот Балкански Бадминтон Шампионат за категорија Јуниори У – 19 кој се одржа во Маниса (Турција) од 14 до 18 ноември, по тридневни борби во екипна конкуренција, Македонската банминтон репрезентација успеа да го освои третото место и да се закитат со Бронзен медал, веднаш зад екипите на Турција која го освои шампионатот и на Бугарија. Со овој успех само го потврдија минатогодишниот пласман во единечна конкуренција на двојки кога исто така се пласираа на 3-то место, и покажаа дека извонредните Македонски поединци знаат да го покажат својот квалитет и како екипа. Македонскиот национален тим за кој настапуваат искусните Васил Пујовски, Марко Накиќ и Деа Здравковска на овој шампионат беа потпомогнати од помладите Дариа и Ина Стефановска, Петар Живковски и Ведран Здравковски кои потполно ја оправдаа укажаната доверба на селекторот Игор Миноски и тренерот Ратко Штерјовски. |