Среда, 08 Октомври 2014   
Белезите на македонизмот во гностицизмот (2. дел)

Олга Новачева

gnosticizam

Гностицизам е термин кој западните научници го сковале во 19 и 20 век со цел да ја опфатат огромната разновидност на ранохристијанските заедници кои постоеле надвор од официјалната црковна хиерархија. Ранохристијанските заедници се создавале под разни називи со една единствена цел да ја продолжат македонската традиција на исполнување на заветните знаења кои опстојувале со милениуми.

Токму во тој период на востановување на нова власт се пројавува и потребата да се отстрани сѐ што потсетува на величината на македонското владеење. Во тие бурни времиња на почетокот на новата ера било неопходно да се наследи и зачува гностичкото учење,да се зачува од најавената и возоглавена нова религија.

По што се одликува гностичкото учење?

1.Во гностичките списи собрано е знаењето од Мудреците на сите времиња

2.Гностицизмот е поврзан со херметизмот

3.Гносата е знаење кое води кон спасение

4.Човекот се спасува ако лично го спознае Бога

5.Гностицизмот има сличности со изворното христијанство

6.Источната религија содејствува со гностицизмот

7.Од гностицизмот потекнува Богомилското учење

8.Не постои еврејски (јудејски) гностицизам

Наведените точки како содржина и квалитет на гностицизмот можат да се дополнуваат и да се објаснуваат во зависност од приодот во прикажувањето. Тука мислиме на езотеричната и егзактната претстава на случувањата. Битно е да се истакне поврзаноста на гностицизмот со христијанството затоа што токму тука се прекршува еден значаен историски момент за Македонците. 

За нас е битно да се знае дека гностицизмот е тесно поврзан со почетното или изворното христијанство. Тоа значи дека изворното христијанство отсекогаш постоело, но под друго име. Оттука се познати синонимите на таквото христијанство како гностичко христијанство или христијански гностицизам. Постоело како вера и како знаење, како култура и како филозофија на живеење. Сето тоа  наследено од дамнини, а денес скриено во јазичен гностички код разбирлив само за упатените. Оттука треба да се следи христијанскиот гностицизам низ просторите на некогашната македонска империја.

После пропаѓањето на македонското царство кога на историската сцена настапува Рим,се формираат многу верски заедници со различни имиња,но со исти правила и правци на учењето. Бидејќи Македонија на македонскиот полуостров била поделена и строго чувана,природно е дека тие заедници најдолго се задржале во Египет,Мала Азија,во Феникија, Сирија, Палестина па сѐ до Индија. Основен белег на тие верски заедници распространети на тој огромен простор претставува ведско-аријското учење. Иако се разликувале во формите на ритуалите, тие пројавувале сличност со Орфичките и Питагорини учења.

Во Сирија во почетокот на наша ера сѐ уште постоел Декаполис,област од десет градови со каракеристични имиња на македонските градови -Пела,Антиохија,Едеса,Макед и други. Култот на Диоскурите бил обожовуван во Едеса. Околу Едеса постоеле гностички заедници и се верува дека Евангелието по Тома било напишано во Едеса.  По 66-та година од н.е. започнал масовен прогон на Исусовите следбеници,а особено по паѓањето на Ерусалим. Тие пребегнале на североисток во Сирија и се засолниле во Пела,што значи дека таму во македонскиот град се уште владеело гностичкото учење.

Познато е силното влијание на македонската династија на тоа подрачје после распаѓањето на Александровата империја. Владеењето на Селевкидите не може да не остави последица во религиското живеење,особено ако македонските ритуали биле заеднички за сите древни Македонци. Александар Донски во својата книга ,,Исус Христос и Македонците,, ќе рече-Јудаизираните Македонци, застапени најмногу во областа на Декаполис и Сирија, не само што го прифаќале гностицизмот како филозофија на живеење,туку тие го наследувале како свое и го предавале како свое.

После свадбите во Суза Персијанците добиле први места во војската и биле вклучени во фалангата. Македонците му замериле на Александар Македонски со реченицата –Си се одродил со Персијанците. Александар на тоа одговорил:- Се ородив со вас сите. Побуната била завршена со гозба на која учествувале 3000 присутни. Тој рекол дека сите се синови на еден Бог, изговорил молитва и посакал сите народи во неговото царство да живеат во хармонија и единство на срцето и духот. Оваа молитва била израз на неговата вера дека Бог му доверил мисија да биде помирител на светот. (М.Елијаде ,,Историја веровања и религиских идеја,,- Просвета, Београд 1991г.)

Би требало да веруваме на Мирчеа Елијаде и да ја нагласиме ,,хармонијата на срцето и духот,,.Тука лежи и основната концепција на поврзаноста на срцето како метафора на љубовта или петтиот елемент и духот како Божјата искра од која сме. Александар Македонски не случајно одел дури до Индија по стапките на Дионис, да го пронајде храмот во Патала и да дојде до тајната книга на знаењето. И затоа изјавил ,,се ородив со сите вас,, мислејќи на  Белите, на Пелазгите.

Гностиците себеси се сметале за познавачи на тајното знаење во кое е содржана космологијата и  постанокот на Светот, знаење кое дозволува на човекот да се снабди со пара-ментални способности. Прашање е зошто гностиците биле наречени ереси и биле прогонувани? Каде е јазот меѓу гностицизмот и христијанството прокламирано од тогашната црква?

За да владее со народ и да го држи под свој јарем, црквата воведува канони според кои само преку црквата односно само преку свештенството може да се дојде до Бога. Но гностичарите ревносно го откажувале овој начин и за нив религијата е безначајна без директен контакт со Светата реалност или со Бога. Спиритуалноста за нив е света работа и токму тука се кршат древните принципи и се забрануваат Мистериите.

Ересите и гностицизмот се појавиле на самиот почеток на христијанството. Апокрифите содржеле откровенија дотогаш чувани како тајна,се однесувале на езотеричната доктрина која Исус им ја доверил на своите апостоли ...Црковните отци, а потоа и многубројни стари и модерни историчари, го негирале постоењето на езотеричното  Исусово учење кое подоцна го пренесувале неговите ученици. Но таквото сфаќање противречи на фактите. Езотеризам, со други зборови е иницијациско пренесување на доктрина и пракса на ограничен број посветени, се воочува во сите религии на хеленската епоха и во сите епохи блиски на христијанската ера.  (Мирчеа Елијаде-Историја веровања и религиских идеја.Просвета,Београд 1991)

Требаше да се пронајдат свитоците крај Мртвото море,Кумран (1945) за да се откријат заедниците кои проповедале гностицизам. Требаше да се случи Наг Хамади,место во Египет, за да се влезе подлабоко во суштината на гностицизмот. Египетските записи се бележат како коптска гностичка библиотека.

Гностичките книги стануваат се побројни,космогониските системи тежат врз основа на текстови позајмени од сите религии,го објаснуваат создавањето на светот и од тоа да извлечат некој морал. Иако понекогаш се пишувани на грчки? јазик тие ни изгледаат како коптски текстови од 4 век кои се пронајдени во Горен Египет близу Наг-Хамади. На коптски јазик се напишани бројни текстови, некои на папирус некои на сплескан камен или на делови од грнчарија, а најмногу на пергаменти. Станува збор  за преводи на Стар и Нов завет. Кон оваа материја се придружуваат книги од ,,гностичката библиотека,, на Наг-Хамади чие откривање е значајно за историја за почетокот на христијанската ера. (,,Уметност у свету,Коптска уметност,,)

Во време на древните (антички) Македонци религијата и науката биле едно. Вера и филозофија,медицина и астрологија,математика и окултизам,се било едно,слеано во знаење на Мудреците. Кој сакал да знае ќе научел како едно целокупно спознавање на нештата заедно со Природата. Тоа била една општа Мудрост од која се напојувала културата на еднорасниот народ. Во неа влегувале сите науки кои ја опфаќаат Мајката Природа и сите невидливи и видливи правила кои го движат светот.

Најинтересна и најважна е напнатата и долготрајна борба која ја водела христијанската црква со гностицизмот. Гностицизмот бил зачудувачки сплет на делови на елинската? филозофија со митови и мистерии на источните култови. Тоа е таков сплет што дури на научниците им е тешко да го расплетат и често пати објаснуваат за безнадежно прашањето за потеклото на гностицизмот и прашањето за класификација на гностичките системи. Гностички учења имало многу. Древно црковните полемичари го споредуваат гностицизмот со Лернејската хидра кај која на местото на отсекување на главата растат две нови и зборуваат дека гностичките учења се појавуваат како печурки....Тоа било религиозно движење во кое е обединета религијата и филозофијата. Гностичарите со своето учење на трите рода биле аристократи. Тие себе се нарекуваче вистински христијани. И оттука е спорот меѓу гностицизмот и црквата по однос на Новиот Завет. (Иларион Троицки ,,Гностицизам и црквата по однос на Новиот Завет,,)

http//jesuschrist.ru.library/view.php?kl=86.Ucvwo9iA4uO)

Спомнатите три рода нѐ потсетуваат на Хесиод со неговите ,,Теогонија,, и ,,Дела и дни,, И тој ли бил гностичар?  Се разбира. Ако зборува за претходните родови на човештвото тоа значи дека овие гностичари кои живееле во првите два века од нашата ера го наследиле и го следеле учењето на Хесиод.

Најважната работа околу тоа замрсување е случена токму во догматското христијанство. Тоа значи дека од изворното и благопоучно христијанство намерно се отстранети многу поуки,многу текстови се извитоперени за да се скрие дека Македонците се носители на првопочетно христијанство. Бришеле,преправале,ама немале доволно време сѐ да преправат.

Тука неминовно е да се спомне Константин Први Велики преку кого црквата го промовирала христијанството. Но работите не се такви какви што денес ни се наложуваат. Да се потсетиме на симболот кого  Константин божем го видел на небото и затоа наредил да се одбележи истиот на сите штитови на неговата војска и затоа победил. Но Константин како Адепт и Одбран со своето знаење и познавање на тајното учење, бил едноставно гностичар. Тој ја познавал спиритуалната димензија и ја практикувал. Чествувањето на Сонцето не е обичен и неважен показател за неговата мисија. Тој до крајот на својот живот се борел против догмата на новата христијанска вера токму затоа што во неа е исклучена спиритуалната содржина.

Да одбележиме повторно значаен факт - кога станува збор за  гностицизмот се спомнува древно-македонската филозофија. Нема дилема дека за грчка филозофија никако не станува збор. И таа македонска филозофија ги обединува елементите и на филозофијата и на религиските верувања и на науката. Денес таа е претставена како македонска доктрина или како Македонизам.

продолжува

 

На прво место

News image

Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе дон

Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да усп...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.