Вторник, 02 Февруари 2010   
Сеќавање на еден вонредно значаен хуманист: доктор Елена Етингер Каваева
На денешен ден 2 февруари 1983. - Во Охрид умре д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија. Заедно со својот сопруг д-р Влдимир Каваев влезе во енциклопедиите на медицинските науки. Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година.

Јас не учев и не дојдов тука за да печалам , ами да лекувам болни ... да бидам од полза за народот....!

Охрид, средиште и крстопат на овој дел од Балканот, во својата многувековна историја дал бројни бележити луѓе, во разни области од животот. Нивниот придонес ги надминал и локалните рамки , па дури некои со своите дела, се вградиле во историјата и во светското културно наследство. Но, има и такви , кои дошле од далеку , токму во Охрид и сиот свој живот го вградиле во решавањето, надминувањето на тешкотиите и подобрувањето на севкупниот живот во Охрид и пошироката околија.
д-р Елена Етингер Каваева
д-р Елена Етингер Каваева

-Јас не учев и не дојдов тука за да печалам , ами да лекувам болни , да бидам од полза за народот.... рече во една пригода, пред многу години познатата докторка Каваева , која повеќе од педесет години работеше како како лекар во овој наш крај и остави неизбришливи траги зад себе, и се вброи меѓу основоположниците на современото здравство во Охридскиот крај, во нашата земја, а и на пошироките балкански простори. Тука, меѓу нас , д-р Хелена Етингер- Каваева, исклучителна жена хуманист, дојде пред повеќе од осумдесет години, од далечната Русија, придружувајќи го својот сопруг, истотака доктор, стружанецот Владо Кавај, инаку роден во Охрид, напуштајќи високи општествени позиции и блескава кариера за да бидат од полза на обичниот човек.

Д-р Хелена Етингер била родена во градот Ченстохова, денешна Полска, 1893 та , во семејството на фабрикантот Јузеф и Регина Етингер . Непредвидливи знаат да бидат патиштата животни, па судбината ја води Хелена Етингер на учење во Берн,па во Берлин, кадешто запишува студии по медицина, а кон крајот на 1913г. ја одбранува и докторската дисертација , па заминува во Санкт Петерсбург да полага државен испит. Таму ја затекнува почетокот на Првата Светска војна, па потоа и Октомвриската револуција. Талка , бара работа две цели недели живее само на вода топла и сув лебец . Конечно работа - на струката , лекар во 169-та Воена болница...и тука се запознава со нашиот Владо Кавај.

Ама викот на родниот крај се посилни од секакви пари , титули , богатства.. за Македонецот! Владо решил - тргнуваме за Македонија. И таму се потребни лекари. А што можела да рече младата лекарка - местото на жената 'и е покрај мажот , и во добро , и во лошо...И по долги , предолги перипетии доаѓаат во родниот крај на Владо. За него....рај, за Хелена Етингер ново место, нови луѓе, други навики... Дури и свекорот на пречекот се пошегувал дека доаѓа од палата во куќа од клечки, плацки штици!

Најпрвин се населиле во Струга, каде заради блатото царувала маларијата, цревен тифус, разни болештини, умирачки....Го набавуваат првиот багер, ја отвораат првата станица за лекување од маларијата. Откако ја искоренале во 1927 преминуваат во Охрид. И тука ја отвораат првата здравствена станица!
Правата здравствена установа во Охрид во 1927 година
Правата здравствена установа во Охрид во 1927 година

Кога животот фатил посмирен тек, над младата брачна двојка се надвиваат темни облаци. Прекумерната работа и желба да се постигне што е можно повеќе во несебичното помагање на другите, кобната болест го разјадува здравјето на Владо. Набрзо 'и подлегнува на безмилосната судбина, оставајки ја младата вдовица со единствената малолетната рожба, во сосема за неа туѓа средина, без нигде никого. Трагедијата не ја поколебува оваа самохрана мајка во нејзината хумана мисија, уште повеќе сили 'и дава да се бори...и останува во Охрид. Сиот свој натамошен живот, повеќе од половина век, со несмален жар го посветува не само во лекувањето ами и просветувањето на жителите од овие наши краишта. Пред шеесет години го отвора првиот детски диспанзер, работи по дванаесет-четиринаесет часови дневно.... Лекува секого- и деца и старци,без разлика на националност,вера, полова припадност или социјална и материјална положба...лекува и по куќи. Бесплатно!

Д-р Елена Етингер - Каваева за жал веќе ја нема меѓу нас. Почина во 1983-та година, токму пред 25 години. Деновиве! И никој не се сети на старата докторка , која цели педесет години, од својот исклучително плоден живот како лекар и хуманист , му ги подари на Охрид и неговите граѓани!

Останаа неизбришливи спомени во нас , кои од ден во ден не' има се' помалку. Спомените бледеат ...иако во понекоја странска енциклопедија може да се сретне дека градот Охрид дури ја прогласил и за свој почесен граѓанин - Citizen of Honour of the town of Ohrid.. но, ваквото заслужено ласкаво признание по се изгледа го покрил дебел слој прав на заборавот!

Но сепак, останува надежта и верувањето дека еден ден некоја охридска улица ќе го понесе нејзиното име.... или барем на Детскиот диспанзер, или пак на " Маларичната " во Охрид , ќе биде поставена плочка со нејзиното име , како знак на наша благодарност и сеќавање за сето она што го сторила оваа племенита жена за редица генерации . Тоа е најмалку нешто со кое можеме да 'и оддадеме почит за нејзината несебичност, пожртвуваност и над сè исклучително примерна хуманост!

Рејна, единствениот потомок на Владимир и Елена Каваеви, живее во Охрид и ги чува спомениоте на своите славни родители
Рејна, единствениот потомок на Владимир и Елена Каваеви, живее во Охрид и ги чува спомениоте на своите славни родители
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.