Среда, 27 Ноември 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (32)

1 4

Мане Јаковлевски, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ не мирува. Неговата агенда речиси секојдневно е исполнета со бројни активности. Во ретките моменти на релаксација во своето родно место, тој знае да се потсети, на бројните доживувања, од кои дел авторот Кири Кипровски ги пренесе во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“.

Во оваа монографија, која говири за животниот пат на Мане Јаковлевским, можеме да прочитаме како на почетокот на деведесетите години тогашниот премиер Никола Кљусев, а потоа и Мане Јаковлевски го избегнале апсењето од тогашната ЈНА. За овие настани кои требале да го спречат осамостојувањето на Македонија и спротивставување на македонските власти да македонските регрути и резервисти да одат на фронтот, авторот Кипровски во поглавјата „ПРЕМИЕРОТ КЉУСЕВ ЕВАКУИРАН ВО ПИЖАМИ“ и „МАНОИЛ НА СПИСОКОТ ЗА АПСЕЊЕ НА ЈНА“ ќе го забележи следното:

„ПРЕМИЕРОТ КЉУСЕВ ЕВАКУИРАН ВО ПИЖАМИ

kljusevМаноjил Јаковлески и академик Никола Кљусев, делегати на 13-тиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, во Штип 2007 година

Кај месноста Мал Камен, на западната страна од с.Зубовце, Манојил Мане Јаковлески, во 2014 година, на површина од околу еден хектар, засади стотина овошни дрвца од неколку сорти на јаболка, круши, гоџибери, лешници, сливи, винова лоза, ореви, а на неколку квадратни метри започна да одгледува градинарски култури: домати, пиперки, марула салата, лук, грав, цвекло, морков, магдонос и сл. Изгради просторија, целосно опремена за дневен престој. Во неа, во текот на годината, со другарите и пријателите го наоѓа мирот, спокојот и ужива во извонредната природа, од каде на дланка го има целиот Полог и Гостивар.

Со голема љубов и кулинарско знаење, подготвува традиционални, вкусни јадења на зубовски начин. Тие што ги вкусиле искажуваат комплименти, како за храната, така и за добрата капка ракија и вино од сопственото производство. Тука, оддалечени од урбаните бучави, во смирена атмосфера, по неколку часови на ден, со Манојил разговаравме за неговиот животен пат, за неговите активности во дијаспората, во Македонија, за неговите згоди и незгоди, за спомените и доживувањата, кои ќе бидат внесени во оваа монографија.

- „Воживотот, да небидам нескромен, имав над неколку илјади средби со многу истакнати и авторитетни личности во Македонија, во Европа и во светот: научници, политичари, доктори на науки, уметници, бизнисмени, спортисти, земјоделци, сточари, обични луѓе, со кои сум имал незаборавни разговори“, истакнува Манојил и потврдува дека: „спомените и доживувањата со нив, иако се многубројни, не ги заборавам, се потсетувам со задоволство и често ги споделувам со блиските пријатели на седенките во добра атмосфера“.

- „ Со академик, проф. д-р Никола Кљусев, првиот премиер на експертската Влада на Република Македонија, се запознав на почетокот на деведесетите години од 20 век, со кого имавме идентични видувања и погледи за изградбата и за развојот на демократска Република Македонија“, ни вели Манојил и со задоволство раскажува за дружбите и спомените со Кљусев. „ Посебно го ценев и почитував, заради неговата скромност. Кога доаѓаше во Берлин, во партиска посета или во својство на министер за одбрана, не сакаше да биде сместен во скап хотел туку секогаш сакаше да спие во мојот стан, во кој имав соба за гости. Како претседател на Советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ, престојуваше неколку пати во Берлин. Една вечер, ни се погоди разговорот и траеше цела ноќ, до разденување. Разговорот едвај го завршивме околу 5 часот наутро. Професорот Кљусев ме запозна, со неколкуте случувања, како премиер на експертската Влада на РМ.

-„Процесот на осамостојување на Република Македонија, одделување од заедничката држава СФРЈ и создавање на самостојна демократска македонска држава беше мошне тешко“, се сеќава Манојил на разговорот со пријателот Кљусев. Мачни и тешки биле разговорите, што ги воделе со военото раководство на ЈНА, за повлекување на ЈНА од македонските касарни, во февруари 1992 година. Како што ми зборуваше Кљусев, му се случувале многу настани, кои биле неизвесни, критични и опасни по неговиот живот.

- „ Ноќ, само што бев заспан, ѕвонењето на телефонот ме разбуди. Ми се јави Јордан Мијалков, министер за внатрешни работи. Ми рече да се спремам, ќе дошле „специјалци“ да ме евакуираат, бидејќи не сум бил сигурен, ми се подготвувло апсење. На овој начин треба да го спречиме. Се возбудив. Немав време за размислување. Само што ја спуштив телефонската слушалка, на врата се појавија неколку лица, задолжени да ја извршат евакуацијата. Им реков да причекаат да се облечам, но тие ми рекоа дека за тоа време нема, и дека наредбата е веднаш да го напуштам домот. По пижами влегов во полицискиот автомобил, кој го придружуваа четири автомобили. Во глувата, февруарска ноќ ме однесоа во непознат правец, ме сместија во стан на непозната локација. Така, министерот Мијалков ме спаси да не завршам во затвор, а можеше и најлошото да ми се случи. И во наредните денови, се додека односите не се подобрија, секоја вечер ноќевав на непознати места.“

Инаку, професорот Кљусев, ни објаснуваше Манојил, секогаш бил внимателен и го почитувал меѓусебното, искрено пријателство. Во јули 1990 година, по дваесетина дена од одржувањето на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, почина татко ми. Пријателот Кљусев дојде на погребот и ми изрази сочувство. Тоа никогаш нема да го заборавам.

Манојил на списокот за апсење на ЈНА

Манојил Мане Јаковлески беше член во македонските патриотски организации (ДОМ и ДООМ), од 1971 во Западна Германија, а во деведесеттите години на минатиот век беше председател на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ. Поради политичкиот ангажман тајните служби на СФРЈ и на СРМ, постојано го имаа „на нишан“, а без причина имаше неколку годишна забрана да доаѓа во Македонија.

На почетокот од 1992 година во претседателската вила на Водно, во Скопје, се водеа мачни и тешки преговори за иселување на трупите на ЈНА од Македонија. Разговорите се водеа меѓу македонскиот државен врв, предводен од претседателот Киро Глигоров и делегација на Генерал штабот на ЈНА, предводена од началникот, генерал Благоја Аџиќ. Според сеќавањата на д-р Трајан Гоцевски, тогашен министер за одбрана на Македонија, учесник во разговорите, Аџиќ им кажал дека некои југословенски функционери му рекле: „Оди таму и разреши го тоа раководство, засекогаш да го решиме македонското прашање“.

Во тие студени февруарски денови во 1992 година политичко-безбедносната состојба во Македонија беше неизвесна, напната, граѓаните беа уплашени, се очекуваше најлошото. Во ваков амбиент политичките партии во Република Македонија беа мошне активни и на одреден начин придонесуваа раздружувањето со ЈНА да се реши по мирен пат, разумно, без посегање на оружјето. ЈНА беше моќна со голем човечки потенцијал и воена опрема од секаков вид, можеше за кратко време да направи пустош во Македонија.

По партиска задача на ВМРО-ДПМНЕ, во Скопје и во родното село Зубовце, од Берлин допатува Манојил Мане Јаковлески. Кога доаѓаше во Македонија, не ни помислуваше дека ќе се соочи со големи проблеми.

„Два-три дена по моето доаѓање и разговорите со функционерите на ВМРО-

ДПМНЕ, тогашниот премиер Никола Кљусев, ме повика во неговиот кабинет и ме информира дека сум на листата на лица за апсење од страна на воената полиција на ЈНА и пријателски ме посоветува веднаш да ја напуштам Македонија, бидејќи потоа ќе биде доцна. Набрзина се организирав и вечерта мој пријател ми обезбеди превоз до македонско-бугарската граница, каде договорив да ме чека внукот Пепчо Паскалев од Софија. Возачот на патничкото возило беше Турчин од соседното село  Врапчиште, средновечен човек, мошне пријатен за разговор и внимателен во возењето. Низ разговор на различни теми од секојдневието, за политика не говоревме, само еднаш праша што мислам за иднината на Македонија, дали ќе опстои под притисоците на Србија и ЈНА, дали ќе ја избегнеме војната?

Ноќта пристигнавме во Крива Паланка, а возачот застана за да праша еден припадник на воената полиција, каде може да наточи бензин. Снабдувањето со бензин во тоа време беше нередовно и бензиските станици го немаа во секое време. Воениот полицаец кратко му одмавна со рака, по нашки кажано, крши глава. Тие денови воената полиција одеше од куќа во куќа и ги собираше воените обврзници за потребите на ЈНА, а експертската влада на Македонија го повика народот, младите, да не се јавуваат на повикот на ЈНА за да служат воен рок. Истата наредба се однесуваше и за резервниот состав на ЈНА..

На возачот не му беше јасно дека се кријам и бегам од воената полиција, а тој застанува и ги прашува за бензинска станица. Му велам, гориво имаш до бугарска граница, а таму ќе се снајдеме. Од другата страна ме чека мојот внуки ќе ти го наполни резервоарот, за тоа не застанувај и вози што побрзо.

Ме послуша, ја зголеми брзината на „мерцедесот“ и повеќе не застана. Ја минавме македонско- бугарската граница, му го наполнив резервоарот со бензин и му се заблагодарив. Како што бев договорен, внукот ме чекаше и така успеав да побегнам, а со тоа се спасив да не одам на боиште, се сеќава Манојил.“

(продолжува)

Цела книга: https://drive.google.com/file/d/1iCYJJXWCxHwU4QBowt7jBymD9VHMuvAO/view?fbclid=IwAR00xUlk9SOLzmKsvkZl0Rw4aDz0xnIwPP2f_Xq0jcku9QapmkdjpGsRtTM

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.