Среда, 02 Февруари 2011   
Едностоен стремеж кон слободна Македонија

Националната свест на дејците во Македонскиот литературен кружок во Софија

makedoncite-vo-bugarijaАктивноста на Македонскиот литературен кружок во Софија се развиваше континуирано и ангажирано на однапред насочени и подготвени редовни неделни состаноци, но и на разновидни неформални средби, каде што се читаа и се оценуваа литературни творби и мошне компетентно критички се разгледуваа новите збирки, песни, раскази и друго

Македонскиот литературен кружок во Софија претставува една од најмаркантните пројави во литературно-културниот континуитет и во развитокот на македонската национална свест воопшто. Тој е директно продолжение на националната мисла што се изрази во Словеномакедонската книжевна дружина на Ѓ. Пулевски (1888) и Младата македонска книжовна дружина во Софија (1890-1892), во Ученичката дружина Вардар (1893-1894) и Македонскиот клуб со читателите во Белград (1902) и пред се во Македонското научно-литературно другарство (1902-1917), Словеномакедонското национално-просветно друштво Св. Кирил и Методија (1912-1913), Руско-македонското благотворно друштво Св. Кирил и Методија (1913-1914) и Македонскиот револуционерен комитет (1917) во С. Петерсбург. По Првата светска војна во новонастанатите историски околности истата идеја најде автентичен израз во активноста на ВМРО (Об) (особено во периодот 1930-1936), поспецијално во Литературниот кружок на Рацин (1931-1932) и МОРО (1933-1934) во Скопје и во Културно-просветното друштво Вардар во Загреб, Белград и Скопје (1935-1937), како и во Македонскиот народен сојуз во САД и Канада (1930-1945) и Македонските прогресивни групи во Аргентина (1935-1945) со сите активности и печатни периодични и други изданија.

Првобитно Македонскиот литературен кружок беше формиран во почетокот на август 1936 година при Редакцијата на весникот Македонски вести во Софија, но по укинувањето на весникот и прогонот на редакторите, работеше илегално под името Македонски публицистички кружок Нација и култура (1937-1938), а од есента на 1938 и се до почетокот на 1942 година се развиваше една навистина богата литературно-културна, национално-политичка и општествено-револуционерна дејност на веќе стабилизираниот полуилегален Македонски литературен кружок во Софија што го водеше раководно тело на чело со познатиот поет и македонски национален деец и револуционер Никола Јонков Вапцаров.

Активноста на Кружокот се развиваше континуирано и ангажирано на однапред насочени и подготвени редовни неделни состаноци, но и на разновидни неформални средби, каде што се читаат и се оценуваат литературни творби и мошне компетентно критички се разгледуваат новите подготвени збирки песни, раскази, репортажи, есеи и трактати на членовите, како и на веќе објавени литературни дела од Македонци (на македонски или на друг јазик) независно од местото на издавањето. За среќа, некои од овие материјали се зачувани интегрално или фрагментарно.

Знаменит остана воведниот реферат на Никола Вапцаров на првиот, обновувачки состанок на Кружокот (октомври 1938) што потоа беше вообличен во познатата негова песна - поема Доклад (Реферат). Овој текст во извонредната форма во 1963 година се наоѓаше во Домот, музеј Никола Вапцаров, но брзо по нашето прочитување (од сината тетратка) беше засолнат во депото на тогашниот Централен партиски архив на ЦК на БКП во Софија и дури на 15 февруари 1995 година, во весникот Литературен форум беше објавен според еден нецелосен и на крајот фалсификуван препис што го направил Николај Шмиргела во 1994 година.
 

На прво место

News image

Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе дон

Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да усп...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.