Среда, 23 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Лазар Алексиев

                        3 copy copy copy copy copy copy copy copy

Лазар Алексиев Мирчев (1884 - 1963) е македонски копаничар, еден од последните претставници на дебарската уметничка школа. Лазар работел заедно со неговиот брат Нестор Алексиев мебелна резба, тавани, иконостаси и други. По Илинденското востание, двајцата браќа три години работеле на нов иконостас за да го заменат опожарениот на црквата „Свети Јован Крстител“ во Крушево.

Лазар Алексиев е роден во малореканското село Осои околу 1884 година. Тој е син на Алексо Мирчев и внук на Мирче Деспотов, а правнук од мајка му на Иван Филипов од големото резбарско семејство Филипови. Лазар работел заедно со неговиот брат Нестор Алексиев мебелна резба, тавани, иконостаси и други.

Во 1895 година изгорел дел од иконостасот на катедралната црква „Успение на пресвета Богородица“ во Пазарџик. изработен од Макарие Негриев Фрчкоски. Но четири години подоцна мајсторот Нестор Алексиев со брат му Лазар.повторно ја обновиле, токму во стилот на другите делови од иконостасот.

Во 1899 година татко му, брат му Нестор и Лазар добиле покана да работат во манастирите на Света Гора. Таму работеле три години и стекнале голема репутација. Во јужномакедонскиот град Бер, ги изработиле иконостасите во манастирите „Свети Јован Крстител“ и „Свети Анастасиј“ над Бистрица и резбите во „Свети Антониј“. 

Потоа, работата ја продолжиле во Битола. Тука татко им отворил свое столарско резбарско ателје во месноста Довлеџик. Фирмата била напишана на турски, македонски, француски и на грчки јазик. Прва работа што ја изработиле браќата Нестор и Лазар е иконостасот во црквата Свети Спас во битолското село Брусник. Татко им го изработил иконостасот во црквата Света Богородица во селото Трново и се претпоставува дека го изработил иконостасот во црквата Света Богородица во селото Магарево. За време на Првата Светска Војна иконостасите биле демонтирани од Бугарите и спакувани за да се пренесат во Бугарија.

За време на Илинденското востание, браќата Нестор и Лазар учествувале во револуционерното движење, било за агитација за помагање на четите или за пренесување луѓе и оружје на релација Крушево-Битола. Таквата активност била забележана од турските власти и се подготвувале да ги уапсат. Нивни пријатели-Турци, претходно ги известиле да се засолнат некаде извесно време додека се смират работите.

По Илинденското востание, двајцата браќа три години работеле на нов иконостас за да го заменат опожарениот на црквата „Свети Јован Крстител“ во Крушево. По оваа работа, двајцата браќа се разделиле, а Лазар останува во Крушево до 1908 година.

Во 1909 година пристигнал во Бугарија и се приклучил на тимот на Петар Јосифов, со кого работел на иконостасот во „Свети Јован Претеча“ во Брацигово и во „Воскресение Христово“ во Челопечене. Следната 1910 година работел под Иван Травницки на иконостасот на црквата Света Параскева во Софија, за која ги изработил сите колони.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, Лазар Алексиев бил доброволец во Македонско-одринското ополчение.

Во 1914 година заедно со својот брат Нестор го започнале иконостасот на „Свети Никола Софиски“ во Софија, по проект на Антон Торнов и Стефан Баџов, а главен изведувач е Нестор. Иконостасот е завршен до фронтонот во 1919 година.

Лазар Алексиев Мирчев починал во 1963 година во Софија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.